GREE клима уред GEH18AA -ПОДНА/ ПАРАПЕТНА

  • МАКСИМАЛЕН КАПАЦИТЕТ НА ЛАДЕЊЕ 6600 W

МАКСИМАЛЕН КАПАЦИТЕТ НА ГРЕЕЊЕ 6800 W

  • eнергетска класа ладење/греење А++/ А+
  • проток на воздух 700 м3
  • SEER/ SCOP 5.8 /3.8
  • фреон R 410A
  • ниво на бучава 48 dB
  • маса на внатрешна единица 15 kg
  • маса на надворешна единица 45 kg
  • димензии на внатрешна единица mm 700x600x215
  • димензии на надворешна единица mm 963x700x396
  • температурен опсег oд -20 °C до 43 °C
  • препорачана површина 60 м2
  • гаранција 10 години

Останати карактеристики: тајмер,самодијагностика, автоматско чистење,автоматско работење, одвлажнување, интелигентно одмрзнување, филтри за прочистување на воздухот.

Подните клима уреди се ниско монтажни и се поставуваат во висина на класичните радијатори/вентилоконвектори за парно греење. Имаат огромна предност во однос на класичните високомонтажни сплит системи во мод на греење поради тоа што загреаниот воздух се испушта на околу 30 до 70 см од подот и на тој начин се обезбедува мошне ефикасно греење поради тоа што потоа тој како што е познато се движи нагоре додека пак поладниот воздух циркулира обратно т.е. надолу и на тој начин се обезбедува мошне ефикасно греење. Поради овој факт овозможено е монтирање на локации кои не мора да бидат во близина на местото каде што најмногу се престојува, т.е во подалечените делови од просторијата. Клима уредот ги има сите веќе докажани функции од GREE технологијата, автоматско самодијагностицирање, интелегентно одмрзнување (defrost) , I FEEL функција и сл.

Поради горенаведените карактеристики, комбинацијата од повеќе подни единици претставува идеална замена за топлинска пумпа особено во објекти со помала квадратура од 70-150 м2. Единствен недостаток во овој случај е тоа што е потребно поставување на повеќе надворешни единици, и во овој случај е потребно да се најде соодветна локација за нив. Додека пад предности се: значително пониски цени, монтажата е брза, нема поставување на инсталација низ целиот објект ( цевки помеѓу просториите, циркулациона пумпа, експанзија и сл.). За разлика од топлинската пумпа овие уреди можат релативно лесно да се преместуваат од една локација на друга во рамките на истиот или пак во сосема друг објект. Доколку пак по одреден период се одлучите да го промените системот на греење/ладење многу побрзо и полесно ќе можа и да ги продадете, отколку топлинската пумпа.