КАНАЛНИ КЛИМА УРЕДИ

Каналните клима уреди се одлично решение за климатизација на хотелски соби,канцелариии други простории кај кои е пожелно индиректна дистрибуција на воздух, како и дискретно решение бидејќи клима уредите не се гледаат.

 Внатрешната единицана каналниот клима уред може да се вгради во таванот или ѕидот во просторијата која се климатизира и е доста погоден за квалитетно ладење односно греење. Сите производители нудат голем избор на канални клима уреди кои се разликуваат по јачината и по други технички карактеристики.

Изборот на моќноста на каналните клима уреди зависи пред се од површината на просторот ,намената, локацијата, висината на плафонот, како и личните потреби и навиките на луќето кои го користат просторот кој се климатизира. Истите се движат со моќност од 2,5 KW до 14 KW.

 Ако сакате квалтетен, функционален, тивок и ефикасен канален клима уред ги препорачуваме клима уредите од водечките јапонски производители.