Преместување на клима уредот
Битмонт Клима Битола покрај монтажа, одржување и сервис на клима уредите извршува и услуги за преместување на клима уредите од една на друга локација. Било да се работи за преместување само на внатрешната, на надворешната единица или комплет на надворешната и внатрешната единица. Ова најчесто се изведува заради завршување на некои градежни работи (фасади, глетовање, промена на електрична инсталација и сл).
Исто така чести се и барањата за преместување на клима уредот на потполно нова локација заради преселување или пак промена на распоредот на просториите и сл. Не е редок и случајот кога имаме и барања за преместување поради неадекватно поставени клими од претходни мајстори кои го избрале најлесното а не најоптималното место на клима уредот.
При преместувањето на климата фреонот се собира во надворешната единица и на Ваше барање може да се извршат дополнителни интервенции на Вашиот клима уред а кои произлегуваат од неговата експлоатација, чистење годишен сервис и сл.
Сите отвори на ѕидовите, доколку се монтира клима уредот на нова локација ги затвараме со гипс и од надворешната и од внатрешната страна.
Многу мајстори за монтажа на клима уреди наплаќаат посебно демонтажа и монтажа при преместување на клима уредите. Битмонт клима ги има споено овие две-три операции во една и на овој начин цената за преместување е доста поповолна.
Ценовник за преместување на клима од 9-12 000 btu:
– преместување комплет клима на иста локација (во рамките на зградата) – 5400 денари
– Преместување комплет клима на различна локација – 6000 денари
– Преместување на надворешна единица од 2500 до 3000 денари доколку не е потребно вадење на внатрешната единица и отстранување на инсталацијата
– Преместување на надворешната единица доколку е потребно вадење на внатрешната единица и отстранување на електричната инсталација и изолација – 3000 до 3500 денари
– Преместување на внатрешната единица во зависност од ситуацијата од 2000 до 2500 денари
За клима уреди од 18000 btu цената на секоја услуга се зголемува за 600денари за клима уреди од 24000 btu 1200 денари
Дополнително вградена електрична, фреонска и одводна инсталација се наплаќа:
- за клима уреди од 9000-18000 btu/h – 600 денари/метар
- за клима уреди од 24000 Btu/h – 1000 денари/метар
Битмонт клима Битола искрено се труди понудените цени да се што е можно пониски, но да обезбедуваат високо ниво на квалитет и професионална услуга
Важна напомена: При горе наведените цени се подразбира дека клима уредот е комплетно исправен и има доволно фреон и се искористува постоечката инсталација и држачи. Доколку постоечката инсталација е оштетена и е неупотреблива секој метар инсталација се наплаќа според погоре дадените цени за дополнителна инсталација по метар должен. Промена или поставување на држачи се наплаќа 400 денари.
Исто така се подразбира дека електричната, фреонската и одводната инсталација е достапна т.е не е вградена во ѕид или пак покриена со кнауф, фасада и сл. Во такви ситуации цената се формира со договор.
Горе наведените цени важат доколку демонтажата и монтажата се вршат последователно т.е тие не се временски одвоени и не е потребно повторно доаѓање. Секое дополнително доаѓање поради технички проблеми кои не се предизвикани од нас се доплаќа од 600 до 1000 денари по доаѓање. Доколку има потреба од сервис и се извршува за време на преместувањето истиот изнесува 1000 денари наместо 1500 денари колку што изнесува редовната цена.