Предности и недостатоци на новиот фреон R-32 во однос на R-410A
Од 2017 започна продажбата на клима уреди со новиот фреон R32. Каков е тој фреон и што значи за купувачите и за работата на клима уредите, енергетската ефикасност, греење и ладење, сигурност итн.
Со оглед на тоа дека повеќето гасови имаат штетно влијание на околината и озонскиот слој, научниците истражуват и тестираат еколошки материи кои ќе ги заменат постоечките.
Законодавецот ги ограничува производителите а исто и купувачите со низа мерки , и ги поттикнува да користат гасови кои немаат негативно влијние врз околината.
Повеќето клима уреди користат гас R-410A кој се карактеризира со висок GWP ( потенцијално глобално затоплување) кој изнесува 2088, додека за R-32 тиј број изнесува 675. Поради наведените причини R-410A постепено се ограничува , за на крај да се забрани.
За да се свати цела ситуација во врска со разладните гасови , треба да се вратиме во минатото кога се користеше R-22 , наречен фреон.
Овој фреон имаше штетно влијание врз озонот. Него го замена R-410A кој е денес во употреба. Разладниот гас R-410A не е штетен за озонот,но има релативно висок GWP.
Што значи забраната и ограничувањето на R-410A за корисниците на клима уредите? |
Ограничувањата за користење на R-410A се прописно пропишани. Иако ограничувањата почнаа во 2016 година, последиците ќе се осетат во 2018 година бидејќи тогаш ограничувањето ќе биди построги. Последици од ограничувањето се повисоки цени или недостапност на пазарот. Поради овие последици, сопствениците на клима уредите можи да имаат повисоки трошоци за одржување на клима уредот.
На 01.01. 2025 година стапува во сила забрана за продажба на уреди кои содржат флуорирани стаклени плинови или чие функционирање зависи од флуориран стакленички гас со GWP од 750 или повеќе.
Затоа е производен нов еколошки разладен медиум под ознака R32.
Неговиот GWP изнесува 675, и е медиум кој го следи трендот на намалување на GWP кон број 1 (износ за гас CO2 ) кон што се стреми индустријата за климатизација. Со тоа разладните медии R32 овозможуваат подобар пренос на топлина со што се постигнува поголема енергетска ефикасност. Од наведените причини,полесно се исполнуваат побарувањта за А+++ енергетска класа, а трошоците на производителите пониски.
Оваа сезона купувачите можи да изберат голем број на клима уреди со R32 разладен медиум.
Купувањето на клима уред е комплексен процес кој дополнително се комплицира со одлуката дали гасот да биди добро познатиот R-410A или еколошкиот R32. Одговорот е едноставен-двата разладни медиуми се добриПоголем акцент ќе ставиме на тоа клима уредот да биди со добар квалитет и при инстлација на уредот да нема протекување на течноста за ладење. |
Што за вас значи плинот R-32 ? |
Ако сте еден од оние купувачи кои се добро информирани при купување на клима уред сигурно сте забележале и уреди кои користат гас R-32 . Кои се предностите и маните? Колку е исплатливо да се купи таков уред?
Што е R-32?
R-32 е фреон кој со години се користи како материја под ознака R-410 . Таа мешавина се состои од работни материи R-32 (50%) i R-125 (50%). Предноста на користње на чист R-32 гас најпрви го препознаа Daikin, а подоцна и другите производители се одлучија за исто.
Основна причина за воведување на едно компонентниот R-32 гас е неговото минимално влијание на околината. Предностите на R-32 се значјни. GWP вредноста за R-32 je 675 додека за R-410 тој изнесува 2088. Поради неговата висока енергетска ефикасност потребно е помалку R-32 гас во однос на R-410. Што е GWP? Потенцијално глобално затоплување (GWP) е број кој го изразува потенцијалното влијание врз глобалното затоплување доколку се испуши во атмосферта. Ова е релативна вредност што го споредува ефектот на 1 кг работна материја со 1 кг СО2 во текот на 100-годишниот период.
Зошто R-32 и што ќе биди со постоечките ‚‚плинови‚‚ како R-410A ? |
Иако Daikin се први производители кои на пазарот почнаа да работат со R-32 , и останатите производители почнаа со производство и продажба на клима уреди кои користат R-32 со што тој стана ,,иднината на нештата”
Зошто да се избери клима уред кој користи R-32 ? |
Поради фактот дека застарените работи се и ризични, R-32 има предност и во енергетската ефикасност во време на греење , што значи дека сметките за електрична енергија ќе бидат пониски. Во споредба со класичните R41A клима уреди, оние со R-32 имаат едно,,+” повеќе во својата енергетска картичка.
Фактот дека R-32 е еднокомпонентен гас , има предност и за инсталатерите бидејќи е полесно за рециклирање и повторно користење. Освен тоа, можи да се полни и во течна и гасовита состојба, а работните притисоци се слични на R-410. R-410 ќе биди забранети од 2025 година. Затоа вреди да се размисли за купување на уред кој користи R-32 гас.
Дека не е се совршено треба да го спомениме фактот R-32 спаѓа во лесно запалливите гасови и можи да дојди до експлозија доколку многу течи. Сепак, ако се земат во предвид сите предности на R-32 , тоа не е причина да се откажите од користење на R-32 . Треба само да одберете добар инсталатор. Инсталација на уредот од страна на стручно лице со потребните атести, значи безбедност во користењето.
Иако R-32 се класифицира како лесно запаллива материја , неговата запалливост ни од блиску не е како запалливоста на бутанот или сличните плинови. Количината на R-32 која се наоѓа во клима уредот во никој случај не е не е опасна но важно е кога се инсталира да се запазат постапките. R-32 е многу тешко да се запали.
Што за сопственикот на клима уредот значи забраната и ограничувањето на R-410A ? |
Ограничување на потрошувачката е пропишана во колкава количина можи да се пушти на пазарот за потребите на одржување и сервисирање на опремата.Иако ограничувањата почнаа во 2016 година, во 2018 се осетија бидејќи тогаш ограничувањата станаа построги. Последиците од ограничувањето се забележливи во растот на цените .
Поради порастот на цените, сопствениците на клима уредите имаат повисоки трошоци па дури некогаш не се во можност да ги сервисираат уредите поради недостапност.