Откуп и продажба на половни клима уреди
ПРОДАЖБА НА ПОЛОВНИ КЛИМА УРЕДИ
Кај нас можете да купите половни клима уреди, од сите капацитети и различни модели. Ви нудиме само клима уреди кои се 100% исправни и чија исправност е проверена за што даваме и соодветна гаранција доколку монтажата ја извршува БИТМОНТ КЛИМА ДООЕЛ Битола.
На секоја клима е извршен голем сервис кој опфаќа:
- темелно расклопување на внатрешната единица
- отстранување на маската на испаривачот, и турбината од куќиштето
- темелно перење под притисок со хемиски средства
- дезинфекција на секој дел.
Секоја клима се тестира на греење и ладење, се мери притисокот на фреонот во системот како и капацитетот и температурата на издувниот воздух.
Даваме гаранција на целиот уред и таа се движи од 6-12 месеци.
Климите ги продаваме со монтажа и без монтажа со напомена дека гаранцијата важи само доколку е монтирана од БИТМОНТ КЛИМА ДООЕЛ или овластен сервис од Битмонт Клима.
Цената на клима уредите зависи од јачината, староста и моделот
Видови на половни клима уреди
Половните клима уреди можат да се поделат на 3 категории во однос на степенот на нивно искористување:
- Слабо користени
- Средно користени
- Мошне користени
Оваа поделба е направена врз основа на тоа колку климата работела во текот на нејзината експлоатација. Тука се поставува прашањето како да се препознае колку климата работела кога не постои мерач на работните саати. Еден од начините е според преглед на чистината на испарувачот во внатрешната единица и кондензаторот на надворешната единица. Ако климата многу работела на греење се манифестира поголема начистотија на надворешната единица во коритцето каде се слива водата бидејќи при греење кондензатот се создава во надворешната единица и водата се слива во коритцето на надворешната единица. Кога пак климата многу има работено на ладење нејзината работа се препознава на испарувачот на внатрешната единица, бидејќи доаѓа до промена на испарувачот на внатрешната единица. Клима уредот најповеќе работи во сервер соби, продавници, кафичи, ресторани, додека најмалку во куќни услови каде отприлика се користат во просек од 20 до 50 работни денови во годината.
Како се демонтира половен клима уред?
Кога се демонтира клима уред од било која причина, преместување, промена на распоредот и местоположбата на внатрешната и надворешната единица потребно е фреонот од клима уредот да се „собере“ во надворешната единица. За таа цел клима уредот треба да се пушти да работи во режим на ладење и да се причека да почне да работи компресорот на надворешната единица. Се вадат капачките на вентилите на надворешната единица па со инбус најнапред се затвара вентилот на малата цевка. Откако ќе се затвори се чека 20-30 секунди да се собере фреонот во надворешната единица и потоа се затвора и вентилот на подебелата бакарна цевка и потоа се исклучува клима уредот од електричното напојување. Значи уште еднаш да напоменеме: клима уредот во оваа постапка мора цело време да работи во режим на ладење. На овој начин го зачувуваме фреонот кој сега целиот се наоѓа во компресорот на надворешната единица. Потоа ја разделуваме внатрешната единица од надворешната и на тој начин ја извршуваме понатамошната демонтажа.
КАКО СЕ МОНТИРА ПОЛОВЕН КЛИМА УРЕД?
Монтажата на половен клима уред е мошне покомплицирана отколку монтажа на нов клима уред. Ова од едноставна причина што кај новиот клима уред речиси е невозможно да има фабрички оштетувања на фреонската инсталација, цревото за вода, и сл. Затоа монтажата на половен клима уред можат да ја извршуваат само искусни професионалци кои можат да ги предвидат сите непријатности кои можат да настанат при монтажа на половен клима уред. Вакви непријатности можат да бидат: прецвикување на бакарните цевки, затнување на одводот за вода, прекин на електричната инсталација, недостатоци на некои пластични делови кои се „откачиле “ при демонтажата, и сл. Ако е се во ред со постоечката инсталација може и таа да се употреби, но препорачливо е да се постави комплетно нова инсталација. Кога ќе се изврши монтажата на клима уредот мошне е важно да се изврши соодветно вакумирање на целиот систем. Ова се прави со помош на вакум пумпа и со оваа операција се извлекува воздухот и влагата од системот. Вакумирањето треба да трае минимум 5 минути и тоа со квалитетна вакум пумпа. Кога ќе се пушти во работа клима уредот мора да се провери притисокот на фреонот случајно да не дошло до губење на фреон при демонтажата. Исто така, пожелно е кај половните клими да се извршува редовен годишен сервис.
ДОКОЛКУ СТЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА КУПУВААЊЕ НА ПОЛОВЕН КЛИМА УРЕД ВЕ МОЛИМЕ ДА НЕ КОНТАКТИРАТЕ ПРЕКУ ТЕЛЕФОНСКИОТ БРОЈ 071 497 017 ИЛИ ПРЕКУ E-MAIL: info@klimacentarbitola.com за да ви дадеме понуда.
Откуп на половни исправни и неисправни клима уреди
Вршиме откуп на половни исправни и неисправни клима уреди од сите модели и секоја моќност. При купувањето на клима уредот демонтажата е бесплатна. Цената се утврдува врз основа на исправноста, староста на клима уредот и врз основа на моделот и типот. Исто така доаѓањето не се наплаќа.
Што се влија на цената на половните клима уреди?
- исправноста на клима уредот
- моќноста
- моделот
- надворешниот и внатрешниот изглед на климата
- старост на клима уредот
Исправноста на клима уредот е најзначајниот фактор кој влијае на цената на половниот клима уред. Исправноста се однесува на внатрешната и надворешната единица. Исправноста ја проверуваме пред демонтажата со пуштање во работа и проба како работи на греење односно ладење.
Моќност на клима уредот – се однесува на капцитетот на клима уредот. Што е поголема моќноста толку е поголема и цената на клима уредот. Најзастапени се клима уредите со капацитет од12 000Btu. Исто така тие можат да бидат со капацитет 9 000,12 000,18 000,21 000,24 000 Btu.
Модел на клима уредот- Постојат огромен број на различни марки и модели на клима уредот од различни производители. Најмногу се плаќаат TOSHIBA,PANASONIC,FUJITSU…,останатите со пониска енергетска ефикасност се плаќаат помалку во зависност од погоре наведените фактори,ограничувања и карактеристики.
-Изглед на надворешната и внатрешната единица – многу е важно маската на внатрешната единица на клима уредот не е оштетена или изгребана, сакето на испарувачот да не е искривено, да функционира далечинскиот управувач и сл.
Вршиме откуп на подрачјето на општините Битола, Прилеп, Демир Хисар, Ресен – исплата веднаш. Исто така Ви нудиме замена на стариот клима уред за нов со Ваша доплата со добивање на 5 годишна гаранција со задолжителен годишен сервис на клима уредот.
ДОКОЛКУ СТЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА ПРОДАЖБА НА ВАШИОТ ПОЛОВЕН КЛИМА УРЕД И НАБАВКА НА НОВ КЛИМА УРЕД ВЕ МОЛИМЕ ДА НЕ КОНТАКТИРАТЕ ПРЕКУ ТЕЛЕФОНСКИОТ БРОЈ 075 590 250 ИЛИ ПРЕКУ E-MAIL: info@klimacentarbitola.com за да ви дадеме понуда.