Топ 5 најдобри – Best Buy клима уреди за ладење во 2019
Совети за купувачите од долгогодишното искуство!
Најдобри клима уреди за ладење
На сите ни е познато дека единствен начин да се лади просторот е вградување на клима уред. Сепак не е едноставно да се избери најдобар клима уред за ладење на просторот од причина што постојат повеќе услови кои влијат врз конечниот избор. Ќе пробаме во неколку реченици да Ви пренесиме дел од нашето долгогодишно искуство на што треба да обрнете внимание при купување на нов клима уред како би донеле правилна одлука и со задоволство да го користите уредот кој ќе ви овозможи комфор со најмал можен трошок.
И во овој случај важи правилото колку пари толку музика, па според тоа најдобро е да се купи клима уред од врвен производител од висока класа која ќе овозможи висок комфор.
Со оглед на фактот дека просечниот купувач настојува со помалку пари да купи подобар уред ќе пробаме во куси црти да Ви го пренесеме нашето долгогодишно искуство и да Ви го олесниме изборот.
На пазарот постојат голем број на производители и модели, па просечните купувачи тешко се снаоѓаат во изборот на клима уред. Најдобри и најпознати се јапонските производители : Mitsubishi Electric, Daikin, Toshiba, Fujitsu и Panasonic. Сите наведени производители во својата палета на производи имаат неколку класи: влезна и најповолна класа која е одлична за ладење и ќе ги задоволи повеќето корисници кои не бараат најниско ниво на бучава и напредни функции , сепак поскапите клима уреди нудат подобро греење посебно при ниски надворешни температури, поголем комфор, поголема енергетска ефикасност, помала бучава итн.
Влезна класа серија:
серија STANDARD INVERTER HJ од производителот Mitsubishi electric
серија SENSIRA од производителот Daikin
серија MIRAI od proizvoditelot Toshiba
серија STANDARD INVERTER LLC од производителот Fujitsu
серија STANDARDNI INVERTER од производителот Panasonic
Следи средна класа која по нашите уверувања во долгогодишното искуство е најдобар избор за ладење и греење имајќи ги во предвид цената и квалитетот.Тоа се клима уреди од јапонски производители кои се одликуваат со висока енергетска ефикасност, квалитетна изработка, трајност и додатни опции.
Подолу наведените клима уреди ги препорачуваме на сите кои сакаат врвни уреди од средната класа, односно најдобар клима уред по најниска цена.
Ова е нашиот избор TOP 5 најдобри/најпродавани клима уреди за ладење:
1. MITSUBISHI ELECTRIC SUPER INVERTER+ MSZ/MUZ-AP35VE
2. DAIKIN COMFORA FTXP35M/RXP35M
3. TOSHIBA SUZUMI PLUS RAS-B13N3KV2-E/RAS-13N3AV2-E
4. FUJITSU SUPER INVERTER ASYG12KMTA/AOYG12KMTA
5. PANASONIC ETHEREA INVERTER+ KIT-Z35-VKE
Сите наведени клима уреди се со сила од 3,5 kW бидејќи се со најбарани и најдобри резултати постигнуваат во простории со површина од 30 до 40 m2 зависно од изолацијата, положбата и локацијата на просторот.
Значи, тоа се врвни клима уреди кои ќе ги задоволат сите Ваши потребни за комфорно ладење со најниско ниво на бучава и висока енергетска ефикаасност. Ако купите некој од овие клима уреди нема да згрешите.
Понуда на клима уреди според силата:
клима уред со сила од 2 kW
клима уред со сила од 2,5 kW
клима уред со сила од 3,5 kW
клим клима уред со сила од 4 до 5 kW
клима уред со сила од 5 до 6 kW
клима уред со сила од 6 до 7 kW
клима уред со сила од 7 до 8 kW
клима уред со сила од 8 до 10 kW
Понуда на клима уреди според просторот кој се климатизира:
клима уред за простор со површина до 20 m2
клима уред за простор со површина од 20 до 25 m2
клима уред за простор со површина од 25 до 30 m2
- клима уред за простор со површина од 30 до 35 m2
- клима уред за простор со површина од 35 до 40 m2
- клима уред за простор со површина од 40 до 45 m2
- клима уред за простор со површина од 45 до 50 m2
- клима уред за простор со површина од 50 до 55 m2
- клима уред за простор со површина од 55 до 60 m2
- клима уред за простор со површина од 60 до 65 m2
- клима уред за простор со површина од 65 до 70 m2
Комплетна понуда на врвни јапонски клима уреди на едно место
Multi split клима уред -повеќе внатрешни единици на една надворешна единица
Совети за монтажа на клима уред
ИСТРАЖУВАЊЕ НА ПРОСТОРОТ
Многу важен и прв чекор при почетокот на монтирање е истражување на простороткој треба да се климатизира. Постојат повеќе аспекти на истражување. Кога објектот е сеуште во изградба одредување на позицијата на надворешната и внатрешната единица е полесно. Искусниот монтажер многу лесно можи да одреди каде да бидат поставени единиците, и со самата градба на објектот инсталациите да се инсталираат во ѕидот и да биде естетски задоволително. Освен техничките барања за монтажа добро би било да се знае распоредот на покуќнината за да се предвидат евентуални бушења и зафати на ѕидовите. Доколку ги имаме овие информации ќе можиме со сигурност да ја одредиме трасата на бакарните цевки и кондензатот. Оваа соработка помеѓу проектантот и инвеститорот дава одлични резултати. Во станбените згради кои се населени , секој стан го гледаме како посебен објект бидејќи секој сопственик има своја визија за тоа каде да се постави клима уредот. Сопствениците најчесто се консултираат со стручните монтажери за тоа каде да се постави клима уредот, која позиција е најдобра за да пресојот во објектот да биди пријатен. Корисниците најчесто”слушнале”од некого што е добро а што не и имаат “интересни“предлози. Меѓутоа на крајот со добри аргументи се согласуваат на понудените решенија. Во овој случај инсталацијата на клима уредот се поставува во пвц канали кои се видливи на ѕидот. Во овој случај одредувањето на местоположбата на внатрешната и надворешната единица во веќе готов уреден простор е ограничен за самата инсталација. Овој тип на згради се наоѓаат во населбите и дефинирањето на позицијата на надворешната единица е потешко поради неможноста за мотирање на предната страна на зградата. Одредување на потребната сила на клима уредот зависи од просторот. Така да предложената моќност за еден кубен метар не треба да надминува 30W моќност за ладење. За спалните соби проблем е да се најди единица со мала моќност и затоа се одбира уред со најблиска поголема моќност. Приватните станбени згради спаѓаат во релативно лесни за испитување. Со оглед на тоа дека овие згради се наоѓаат надвор од центарот на градот, местоположбата на надворешната единица не е проблем. Надворешната единица ја местиме на најдобрата можна позиција во однос на внатрешната единица при тоа водејќи сметка за минимални технички зафати .Во работните простории, како што се ресторани ,кафичи, канцеларии треба да се земе во предвид колку лица се присутни во просториите, колкава е топлината на машините во просториите, за да се одреди колкава треба да биди моќта на клима уредот. Бидејќи со промената на воздухот се губи топлината (ладење) треба да се има помоќен клима уред. Често во кафичите гледаме модели на кластери. Тие добро го распоредуваат воздухот. Ѕидните единици се погодни за простории каде има помал број на корисници. Според намената на просторот и начинот на уредувањето одредуваме тип и модел на клима уредот,а често го одбираме и производителот. За испитување на просторот треба да се земи во предвид самиот простор ,локацијата на објектот, висината на објектот, изолацијата, дали основната намена е греење или ладење итн.
Препорака за монтажа на внатрешна и надворешна единица.
Одредувањето на местоположбата на клима уредот е многу важна и затоа позицијата треба да ја одреди стручно и искусно лице, а додека сугестиите на корисникот на просторот ќе се земат во предвид само доколку тие не влијаат врз квалитетот на работење на клима уредот. Доколку е можно надворешната единица ја монтираме подалеку од спалната соба.Зависно од условите и квалитетот на клима уредот надворешната единица можи да произведува звук кој ќе му смета на присутните во просторијата за време на одмор. Во случај климата да е наменета повеќе за греење што е почест случај, надворешната единица ќе ја монтираме на јужна страна поради (колку толку) подобро упивање на сончевата енергија, или под кровот како при работа би апсорбирала поголема топлина. Надворешната единица која е наменета за греење не се монтира далеку од објектот за да не се губи топлина. Доколку клима уредот е наменет за ладење , ќе настојуваме уредот да се намести на север за да не е изложена надворешната единица на сонце, бидејќи така дополнително се оптеретува работата на уредеот. Исто така при монтажа на надворешната единица треба да се води сметка за пристапот до неа, во случај на понатамоши поправки или сервис. Некои сервиси располагаат со авто дизалица (кран) и монтажата ја вршат на неа. Се случува, зависно од ситуацијата да немаме избор околу тоа каде да се монтира надворешниот уреди едноставо се монтира каде што имаме пристап. Производителите на клима уреди ги пропишуваат минималните услови кои треба да се задоволат со што уредот би работел долги години безпрекорно, меѓутоа ако надворешната единица ја монтираме на позиција каде условите се неповолни единицата ќе работи под постојано оптеретување што го скратува работниот век. За неповолната позиција обавезно треба да се извести корисникот како би знаел и би се согласил на тие услови. Позицијата на внатрешната единица зависи од распоредеот на просторијата како и тоа колку луѓе престојуваат во неа. По правило внатрешната единица ја монтираме на позиција каде со својата работа нема директно да влијае (дува) врз корисниците. Ако монтираме една внатрешна единица најчесто се монтира во просторијата каде се задржуваме најмногу, а тоа е најчесто дневната соба. Доколку е можно вентилаторот (смерот на дување) ќе го насочиме кон другите простории со што ќе постигнеме подобар ефект на греење или ладење. Висината на внатрешната единица зависи од висината на просторијата , кај стандардната висина од 3 метри климата ја поставуваме на највисоко ниво. Исто така и кај простории кои се повисоки од 3 метра уредите ги монтирме на висина од 3 метра од подот, за уредот да не лади непотребно ако се монтира над таа висина. Кај греењето топлиот воздух секако оди кон горниот дел од просторот, па во овој случај климата дува кон подот, висината на единицата исто можи да биди 3 метри од подот а не на повисока позиција.
Кога се работи за нова градба најдобро е инсталацијата за клима уредот и и за сите други инсталации да биди во ѕидот што ни остава добри можности за одредување на внатрешната и надворешната единица. Инсталирањето на климатизерите не бара посебна грижа при монтирање во однос на наклон и лактите, за да можеме да ги инсталираме во најповолна положба во однос на внатрешната и надворешната единица.
Секако дека постојат ограничувања врзани за должината на инсталациите и бројот на колена, но квалитетните производители и напредната технологија овозможуваат доста голема слобода во монтажа на инсталациите. Кога објектот е готов и населен можностите за инсталирање на инсталации ни се намалуваат, и копањето во ѕидовите е доста непрактично и бара инвестиција , тогаш инсталациите ги ставаме во пластични канали. Изборот на канали за инсталирање на инсталациите не е голем , така да можеме да се одлучиме за две или три врсти. Бојата на каналите воглавно е бела, но каналите можат да се обојат како бојата на ѕидот и да се вклопат во амбиентот.
Искористете го нашето долгогодишно искуство на полето на монтирње и сервисирање клима уреди. По нашето доаѓање во Вашиот дом внимателно го заштитуваме и по потреба го поместуваме мебелот. Истовремено се договараме за текот на работата, местото на монтажа на климаа уредот и времетраењето на монтирањето. Откако ќе се одреди местото каде ќе стои клима уредот започнуваме со монтажа и истовремено Ве известуваме за текот на монтажата и работите кои следат.Внатрешната единица се монтира на место каде што е најповолно за циркулација на воздухот низ просторијата а притоа се води грижа присутните да не бидат директно изложени на циркулацијата на ладниот воздух. Бушењето на дупка на ѕидот за да можат да се поврзат инсталациите на внатрешната и надворешната единица се врши со помош на дупчалка или друг алат, и при тоа се усисува прашината која настанува при работата. После бушењето на ѕидот веднаш се пристапува со чистење на прашината и другите честички за да се намали и најмала можност од оштетување на мебелот или подот. Истовремено додека трае бушењето или непосредно после тоа се спојува внатрешната со надворешната единица со бакарни цевки посебно изолирани за ниски и високи температури, и се спојуваат потребните електрични кабли и одводот за внатрешната единица да можи да се намести на ѕидот . Цевката за одвод се поставува на најдобро можно место. Кондензатот (водата) се створа во внатрешната единица кога внатрешнта единица лади. Во случај кога внатрешната единица грее водата се створа во надворешната единица. Откако ќе се постави внатрешната единица на ѕидот се пристапува на местење на надворешната единица. Надворешната единица се поставува на место каде мора да ги задоволува техничките барања и идното сервисирање, замајќи ги во предвид Вашите потреби во смисла на организација на просторот. Кога надворешната единица е монтирана и споена со цевки и кабли кои идат од внатрешната единица , се спојуваат каблите за струја и клима уредот се пушта . Истовремено усно се објаснуваат функциите на работа на клима уредот преку далечинскиот управувач. За детален опис на сите функции постои писмено упатство. По завршувањето на работата пристапуваме кон чистење на просторот и собирање на сите отпадни работи кои настанале при самата монтажа. Во текот на самата работа можи да поставувате прашања во врска со монтажата и околу други нејаснотии. Немате обврска да помагате во работата и да нудите пијлок и храна.