КЛИМА УРЕДИ БЕЗ НАДВОРЕШНА ЕДИНИЦА
Клима уредите без НАДВОРЕШНА ЕДНИЦА, за разлика од сплит системите се состојат само од еден дел, па затоа се многу практични за објекти каде надворешната единица ја нарушува надворешната естетика, или пак во случаи каде поставување на елемнти на фасадата е забрането ( во заштитени градби, застаклени фасади и сл.) Вакви објекти можат да бидат хотели, фамилијарни вили, заштитени куќи или друго градби во централните градски јадра со еден збор сите оние објекти каде надворешната едница не се вклопува во изгледот на тој објект. Исто така треба да се напомене дека во некои случаи монтажата на надворешната едница и физички е невозможна, па тогаш овие клима уреди без внатрешна единица се и единстваното решение.
Карактеристики на клима уредите без надворешна единица:
- Зачувување на естетиката на зградата
- Едноставна монтажа
- Нема поставување на цевки
- Не се потребни ѕидарски работи
- Не се потребни дополнителни материјали
- Разладниот круг е затворен
- Тивка работа
- Автоматско отсранување на кондензатот
- Модерен дизајн кој се вклопува во секој простор
- Минимална воочливост на заштитните решетки кои ги покриваат отворите на фасадата
- Се монтрираат високо или ниско на ѕидот во зависност од слободниот простор
- Високото монтирања не зафаќа простор, додека ниската монтажа не завзема повеќе простор од класичните радијатори.