ВОЗДУШНИ ЗАВЕСИ

 Воздушна завеса е уред кој произведува млаз од воздух со голема брзина преку целата ширина на отворот. Оваа воздушна бариера го одвојува подрачјата со различни температури, а притоа не попречувајќи го минувањето на луѓе или возила.
Воздушните завеси го намалуваат губитокот на енергија и до 70%, се грижат за пријатна температура во просторот за кој се наменети, спречуваат несакани струења на воздухот и влегување на испусни гасови, прашина и инсекти во просторијата. Овие уреди се наменети првенствено за објекти каде вратата мора често или постојано да биде отворена : трговија, трговски центри, индустриски погони, бензиски, станици, банки и сл.