Предности на инвертерите и потрошувачка на клима уредите
Инвертер клима уредите имаат електронски управуван компресор со кој ги менува вртежите а со самото тоа и притисоците на кои работи па на тој начин ја„дозира“ односно ја прилагодува снагата (моќноста) во зависност на зададената температура и температурата во просторијата.
Предности на инвертер клима уредите
ИНВЕРТЕРСКИ НАЧИН НА РАБОТА
Инвертерскиот начин на работа на клима уредите остварува значителна заштеда на електрична енергија,зависно од условите на работа до дури 30% во однос на класичните клима уреди. Ако температурата на просторијата е многу повисока од саканата температура(доколку станува збор за ладење) клима уредот ќе работи со полн капацитет(моќност) се до постигнување на саканата температура. Кога ќе се постигне саканата температура инвертерскиот клима уред ќе ја прилагоди односно ќе го намали својот капацитет до степен до кој тој е доволен за одржување на саканата температура. На овој начин се избегнуваат нагли промени во температурата на просторијата а тоа овозможува значителна заштеда на електрична енергија. Нема чести вклучувања и исклучувања на уредот кои дополнително ја оптеретуваат електричната мрежа. Удобноста во просторот климатизиран со инвертерски клима уред е многу поголема бидејќи инвертерскиот систем на работа со регулацијата на излезната температура на климатизираниот воздух се спречува т.н. синдром на „промаја“ во Вашата просторија.Покрај ова инвертерскиот начин на работа овозможуваат греење и на температури пониски од -15 С .
Прецизната регулација на посакуваната температура, поголемата удобност во просторијата и можноста за греење на многу ниски надворешни температури, а покрај сето тоа и значителна заштеда на електрична енергија го прават инвертерот клима уред на иднината.
Штедливост
- автоматско синхронизирање на брзината на компресорот и волуменот на разладното средство со оптеретувањето на уредот во работен опсег од 20-130% како и посебно развиениот алгоритам за управување во режим на греење резултира до огромен коефициент на искористување.
Брзина
- Инвертерскиот компресор работи со максимален капацитет се додека на се постигне саканата температура
- Во споредба со класичните клима уреди тој е и до 20% побрз.
Моќен
- При надворешна температура од -7 С уредот работи со 100% капацитет. Излезната температура на воздухот е поголема од 40 С.
- Откако ќе се постигне зададената температура со минимална работа на компресорот истата многу лесно се одржува. Исто така со многу мала потрошувачка на електрична енергија може многу лесно да се одржува температурата ± 5 °C од поставената.
Заклучок:
Со оглед на тоа што купувањето на клима уред е долгорочна инвестиција, а на пазарот можат да се најдат различни класи, типови и брендови, Ви предлагаме да вложите нешто поголема сума на пари и да изберете клима уред од реномирани производители: Mitsubishi electric, Daikin, Toshiba, Fujitsu ili Panasonic.Таквиот клима уред обезбедува врвна и тивка работа и во ладење и во режим на греење дури и при надворешни температури до -20С. Во практиката јапонскиот клима уред е многу потивок,порано ја постигнува бараната температура, подобро грее при ниски надворешни температури, подобро лади при екстремно високи температури, подолготраен е, лесно се одржува, резервните делови се подостапни има поголем гарантен рок….. Значи да не должиме : ако сакате врвен клима уред – купете Јапонски.