Видови на филтри за воздух во внатрешната единица

VRSTE FILTERA ZRAKA NA UNUTARNJIM JEDINICAMA

Филтри во клима уредите

Филтрите се составен дел на секој клима уред. Нивната улога е да го одржуваат квалитетот на воздухот, да го прочистуваат, да отстрануваат мириси, да јонизираат и редица други активност.

Клима уредите со филтри имаат можност да ги отстрануваат механичките честици од прашина, бактерии и апсорпција на мириси

    Во текот на работата на клима уредите преку неа поминува огромна количина на воздух кој со себе носи исто така голема количина на честички. Најголем дел од тие честици останува во филтрите и за таа цел од огромно значење е редовното одржување/чистење на филтрите.

Како да се чисти филтерот

Како што напоменавме во текот на работата на клима уредот низ него поминува голема количина на воздух кој во себе содржи честици и микроорганизми (бактерии, паразити ..) кои можат да се сретнат во воздухот. Воздухот при поминувањето низ клима уредот поминува и низ определени филтри кои имаат различни функции од отстранување на механичките честици па се до обогатување на воздухот со аниони (јонизатори).
Оваа голема количина на воздух предизвикува таложење на нечистотиите во филтрите. За овозможување на правилна работа на клима уредот како и од здравствени причини потребно е редовно одржување на филтрите. 
 Разни видови на филтри се чистат на различни начини. Одредени филтри каде имаме наталожување на механички честици можно е да се чистат/перат повеќекратно, додека други филтри мора да се менуваат после одреден период на користење.
 Пред секое чистење уредот задолжително исклучете го од струјата.
 За правилно одржување и чистење на филтрите консултирајте се со стручњаците во сервис за клима уреди
 Нашите клима уреди се опремени со повеќе различни типови на филтри за клима уреди.

Сребрен ION Филтер

Активен јаглен

Био филтер

Плазма филтер

Витамин С филтер

Јонизатор