ДЕМОНТАЖА НА КЛИМА УРЕДОТ
Почитувани купувачи. Во клима уредот се наоѓа работен гас-фреон кој ја уништува озонската обвивка па затоа Ве молиме демонтажата на Вашиот клима уред да им го препуштите на професионалци кои имаат стручни познавања за демонтирање на клима уреди на таков начин што фреонот нема да се испушти во атмосферата туку се собира и еколошки се рециклира а истото тоа важи и за целиот клима уред.
Постапка за демонтажа на клима уредот:
- поврзување на сервисниот вентил на надворешната единица со манометарот на рекуператорот и атестирана боца за собирање на фреонот
- рекуперација/повлекување на фреонот од клима уредот во боцата
- одвојување на фреонската и електро инсталацијата
- демонтирање на клима уредот на надворешната и внатрешната единица
- демонтажа на фреонската и електро инсталацијата и цевките за одвод на водата
- санација на ѕидовите
- еколошко згрижување на стариот неисправен клима уред или пак пакување и конзервирање на исправен клима уред
Цената на демонтажата изнесува 2000 денари.