Како работи инвертерот

INVERTER KLIMA UREĐAJI

Најчесто поставувани прашања при купувањето на клима уред се : што е инвертер, дали климата има инвертер, што добивам ако купам клима уред со инвертер, како работи инвертер уред, дали инвертерот штеди струја, дали работи потивко, дали подобро грее и други прашање врзани со инвертер клима уред.

Што е тоа инвертер?

Да тргнеме од почеток во разјаснувањето на оваа тема.
Пред до десетина години најголемиот број на клима уредите немаа инвертер компресор туку ON/OFF или FIX SPEED Од самото име јасно е дека се работи за компресор кој има само една брзина т.е или работи или не работи.

Овие компресори работеа на принципот на работа на компресорите во фрижидерот односно замрзнувачот. Компресорот секогаш работи со полн капацитет а кога ќе ја постигне зададената температура се гаси. Пример ако клима уредот работел во мод на ладење компресорот ќе работи со полн капацитет се додека не ја постигне зададената температура на далечинскиот управувач пример 25С. и тогаш би се исклучил. Компресорот повторно се вклучува кога температурата во просторијата се зголеми за 1 до 2°C. Додека компресорот е исклучен вентилаторот на внатрешната единица работи само како вентилатор и само го меша воздухот во просторијата. Поради тоа често се добиваат забелешки од корисниците дека климата само дува а не лади а нашиот одговор е секогаш ист: тоа е нормална ситуација поради се погоре наведено.

Во режим на греење е слична ситуација. Компресорот работи се додека не ја постигне зададената температура, пример 24 С и тогаш се исклучува. Во зависност од производителот кај некои клима уреди вентилаторот на внатрешната единица продолжува да дува иако е компресороот исклучен при што мошне често се добива впечаток дека климата во такви случаи лади а не грее.

 Сега кога го појаснивме начинот на работа на старите ON/OFF компресори можеме да посветиме поголемо внимание на новата генерација а тоа се инертер компресорите.

Има ли одреден клима уред инвертер?

Сите клима уреди кои ги продаваме или монтираме имаат инвертер компресор. Така што ние нема да Ви понудиме клима уред без инвертер компресор доколку Вие тоа изрично не го посакувате.

Што се добива ако се купи клима уред со инвертер компресор?

За разлика од постарите клима уреди со ON/OFF компресори кои ги објаснивме погоре, новите клима уреди со инвертер компресори се управувани од софистицирана електроника, додека самиот компресор има варијабилен опсег на моќноста од минимум до максимум. Тоа значи дека во одреден момент работи со онаа моќност која е неопходна за задоволување на зададените параметри и температура во просторијата.


Како работи инвертер клима уредот?

Почнуваме со објаснување на начинот на работа во режим на ладење

Ако влеземе во просторија во која температурата на воздухот е 30 С а ние сакаме да ја намалиме на пример 25 С со помош на инвертер клима уредот тогаш сензорот на внатрешната единица ја регистрира температурата во просторијата и ја споредува со зададената на далечинскиот управувач. Електрониката поради тие 5 степени разлика ќе го стартува инвертерскиот компресор секогаш со минимална моќност но за една до 3 минути постепено ќа ја зголемува моќноста се до максималната. Како што температурата во просторијата се намалува и се доближува до зададената од 25°C комресорот влегува во мод за одржување на температурата однсоно работи со минимална моќност и на тој начин штеди струја.

Кога температурата во просторијата се зголеми за отприлика 0,5 – 1 С зависно од производителот, компресорот пополека ја зголемува моќноста само онолку колку што е потребно да ја одржува зададената температура. На овој начин компресорот врз основа на сензорите за температура и софистицираната управувачка електроника работи со дозирана моќност која секогаш ја обезбедува зададената температура со најмала потрошувачка на електрична енергија.

Дали инвертерот штеди струја??

Во зависност од условите во просторијата и надворешните услови, зададената температура, изолацијата , квалитетен клима уред со инвертер компресор во однос на постарите ON/OFF клима уреди може да заштеди од 20 до дури 60% електрична енергија.

 

Начин на работа во греење

Ако влеземе во ладна просторија во која температурата на воздухот е 15 С, а ние сакаме да ја намалиме на пример 25 С со помош на инвертер клима уредот тогаш сензорот на внатрешната единица ја регистрира температурата во просторијата и ја споредува со зададената на далечинскиот управувач. Електрониката поради тие 10 степени разлика ќе го стартува инвертерскиот компресор секогаш со максимална моќност а се со цел клима уредот што е можно побрзо да ја постигне зададената температура од 25 С.

Како што температурата во просторијата се зголемува компресорот постепено ја намалува својата моќност, а кога ќе се постигне зададената температура, клима уредот влегува во мод на одржување на температурата и тогаш инвертерот работи со минимална снага при што значително штеди електрична енергија.

Во режим на одржување на температурата клима уредот издувува помалку топол воздух бидејќи компресорот работи со намалена моќност. Меѓутоа за да не би имале чувство дека клима уредот лади наместо да грее како кај ON-OFF компресорите, и вентилаторот -турбината на внатрешната единица автоматски ја намалува моќноста а со тоа и брзината, па климата и понатаму издувува доволно топол воздух кој не дозволува да се појави струење на поладен воздух.

Кој е најголемиот проблем на сите клима уреди во режим на греење?

Генерално голем проблем кај сите клима уреди во режим на греење е големата влага на надворешниот воздух. Влагата е многу поголема пречка отколку ниската температура, бидејќи таа од надворешниот воздух се лепи и замрзнува на ламелите на изменувачот на надворешната единица и на тој начин создава изолација односно недоволен контакт помеѓу воздухот и ламелите на изменувачот. Ова доведува до значително намалување на ефикасноста на клима уредот. Компресорот во таква ситуација и понатаму работи нормално, но температурата на воздухот кој се издувува во внатрешната единица се намалува а со тоа опаѓа и температурата во целата просторија. Кога сензорот за температура ќе регистрира помала температура на издувниот воздух кој повеќе не може да го загрева просторот, тоа е знак дека надвор се насобрало толку мраз кој не дозволува ефективно греење на просторот. Во тој случај клима уредот престанува со греење, се префрла во обратниот циклус на работа, при што компресорот работи на загревање на изменувачот на надворешната единица а се со цел растопување на мразот. Тој процес трае 5-10 минути после што клима уредот воспоставува нормален режим на греење.

Овој технички недостаток го имаат сите клима уреди од сите производители со таа разлика што поскапите клима уреди од реномирани производители имаат подобар компресор, така што тој ефект на замрзнување на надворешната единица во режим на греење е помалку изразен, а клима уредот во исти услови подобро грее на пониски надворешни температури.

Поради ова реално ограничување Ви препорачуваме при изборот на клима уредот секогаш да водите сметка за јачината на клима уредот и да изберете малку помоќен клима уред со што би се елиминирал губитокот на моќност во специфични услови и многу ниски температури. 

Уште еден мошне важен детал е тој што клима уредот во лето ќе лади подобро ако надворешната единица се наоѓа на што е можно поладна позиција, и обратно зима ќе грее подобро ако надворешната единица се наоѓа на што е можно потопла локација.

Внатрешната единица на инвертер клима уредот не е препорачливо да се постави во тесни ходници , а особено ако има ѕид на 1-2 метри пред неа. Во тој случај топлиот односно ладниот воздух се одбива од ѕидот и се регистрира од сензорот кој се наоѓа на внатрешната единица. Овој воздух е за неколку степени потопол од останатиот воздух, меѓутоа компресорот добива инструкции од електрониката да ја намали својата моќност иако просторијата не е доволно изладена/загреана. Овој ефект е посебно изразен во режим на греење бидејќи топлиот воздух како полесен се крева под таванот каде што и се наоѓа внатрешната единица многу побрзо пред да ја загрее цела просторија.

Совети при користењето на инвертер клима уреди: