Спас за влажни простории – греење со клима уред

Темни дамки, влага во воздухот, габи или мувла на ѕидовите-проблем кој се јавува во многу домаќинства. Како просторот во кој живееме да да го направиме повторно чист и пријатен за живеење?

Влага во станот

Спречувањето да се формира влага е најдобра стратегија против мувла и габи. Насобраната влага во станбениот простор можиме да ја спречиме со затоплување и со проветрување. Исто така ѕидовите треба да апсорбираат одредена количина на влага.

Со правилно одржување на станбениот простор се спречува појавата на мувла и габи. Со правилно проветрување и загревање, влагата можиме да ја држиме во границите на дозволеното. Многу е важно влагата која се створа од одредени активности во станот (влага од туширање, готвење, перење) да излегува надвор, со редовно проветрување на просторијата.

Во текот на проветрувањето ладниот надворешен воздух влегува во внатрешната просторија и со текот на загревањето на себе ја врзува влагата која заедно со топлиот воздух ја напушта просторијата. Ладниот надворешен воздух ќе ја исуши просторијата дури и за време на дожд.

Колку воздухот е поладен толку во него има помалку влага и на себе можи да поврзи повеќе водена пареа.Од наведените причини проветрувањето со ладен воздух кој содржи малку водена пареа во текот на зимата можно е да одстрани повеќе влага од просторијата одколку со проветрување со топол воздух кој содржи повеќе водена пареа во текот на летото.

Влага на ѕидот

Топлиот воздух апсорбира повеќе влага отколку ладниот воздух. На собна температура од 20 степени и релативна влажност на воздухот од 60% , во просторија метар квадратен содржи 10 грама вода. Ако собната температура се намали на 8 стрепени , воздухот во собата можи да ја апсорбира влагата половично. Тоа значи дека 50%од влагата се претвора во кондензирана вода, најчесто на ладните надворешни ѕидови, на стаклата и мебелот. Затоа ризикот од мувла на овие точки е најголем.

Критична температура за појава на мувла е моментот кога релативната влажност на воздухот ја достигне граничната вредност од 100%. Тогаш вишокот на влага почнува да се кондензира и прави кондензирана вода која се собира по ѕидовите и мебелот. Температурата на која се појавува кондензација се вика точка на оросување. Мувлата можи да почни да се прави и при влажност од 80%. Тоа значи дека мувлата можи да се направи на површини каде температурата е 12,6 степени или пониска, на ѕидовите а посебно во аглите и нишите.

Здрава клима во просторот

Доколку влажноста на воздухот подолго време е 80% по ѕидовите сигурно ќе се створи влага.

Греење и влага

Дали сте знаеле дека влажниот воздух потешко се загрева?Тоа значи помали трошоци за греење ако има помалку влага во воздухот.

За постигнување на собна температура од 22 степени потребно е:

Тоа значи дека и толку се поскапи трошоците за греење во однос на релативната влажност од 45%. Превисоката влага предизвикува рѓа, мувла габи. Прекумерната влага можи да предизвика здравствени проблеми и оштетување на мебелот.

Како да се ослободите од влагата во куќата

Сушење на влагата од ѕидовите

За да се ослободите од влагата во станот или куќата воглавно потребни се озбилни градежни зафати, меѓутоа, постои начин да се реши проблемот поедноставно и поевтино.

Влагата и нејзиното собирање во просторот, во нормални услови, можиме да ја спречиме со загревање и проветрување бидејќи кондензацијата најчесто доаѓа на места каде има слаба вентилација. Често се јавува и на места каде доаѓа до голема разлика во температурата помеѓу ѕидовите или подот со надворешниот воздух (обично на северната или источната страна).

 Како заштита препорачуваме подобра вентилација и греење на влажните простории.

Доколку постои влага во ѕидовите , клима уредот не можи да помогни. За да се исуши просторот треба да се користи одвлажнувач на просторот а за поголеми простори и озбилни ситуации треба да се користи професионални одвлажнувачи кои имаат поголем капацитет и сила а со самото тоа и поголема ефикасност.

Одвлажнување на воздухот со клима уред

Греењето со клима уред го спречува или запира формирањето на мувла, рѓа , габи и застоениот мирис.

Секој клима уред има и опција за одвлажнување која можи да се користи за намалување на влагата во воздухот.

Тој процес работи на тој начин што влажниот воздух проаѓа низ ладните ламели на изменувачот на внатрешната единица и се претвора во вода која се собира во кадичката во внатрешната единица и ја носи надвор низ одводот на кондензатот на внатрешната единица.

Овој процес е поефикасен кога температурата на воздухот во просторот е поголема бидејќи е поголема разликата помеѓу воздухот кој поминува низ изменувачот на внатрешната единица и температурата на ламела изменувачот и така се кондензира повеќе влага од воздухот.

Со оглед на тоа дека клима уредите не се направени за одвлажнување можно е да ви засмета тоа што клима уредот во врема на одвлажнување испушта воздух по пониска температура од температурата на во просторот , па можи да имате чувство дека клима уредот лади.

Ова е повеќе изразено во зима кога треба да се загрева просторот, а во лето нема потреба да се постави климата за одвлажнувње бидејќи клима уредот за време на ладење обавува функција на ладење и одвлажнување на воздухот.

Сите знаеме дека кога клима уредот лади испушта вода од внатрешната единица што е знак дека воздухот во просторот е со голем процент на влага па клима уредот испушта повеќе вода од внатрешната единица низ дренажниот одвод.

Одвлажнување со одвлажнувач на воздух

Понекогаш е невозможно по природен пат односно со проветрување да се постигни оптимална влажност на воздухот во просторот од 50%. Тоа е многу важно првенствено поради здравствени причини, особено за мали деца, лица со ослабен имунитет, лица склони на алергии, исто така и за спречување да се уништи мебелот, гардеробата и се што е изложено на влага, потребно е да му се помогни на одвлажнувачот на воздухот да регулира идеален процент на влага во просторот.

Поради наведеното доаѓа до потреба за брзо и квалитетно исушување на одвлажнувачот како би се санирала влагата на ѕидот, влага на таванот и што побрзо да се спречи штетното влијание врз здравјето, и да се зачува животниот простор од пропаѓање.

Исушување на воздухот со помош на одвлажнувачот на воздухот е подобар одколку со клима уред. Причината за тоа е дека основната улога на одвлажнувчот е одвлажнување на воздухот.

При работа одвлажнувачот на воздух нема да испушта поладен воздух од тој во просторот и затоа е подобар за одвлажнување на воздухот од клима уредот кој ја има таа функција но ја извршува со помал ефект и потребно е повеќе време за ист резултат. Одвлажнувачот се користи во исто време со клима уредот во време на ладење или греење.

Благодарение на убавиот дизајн и тивката работа одвлажнувачот на воздух е идеален за во сите простории.

За да се спречи појава на габи и мувла , одвлжнувчот на воздух автоматски ја намлува влагата од воздухот на оптимално ниво, и што е најдобро троши малку енергија. Одвлажнувачот кондензираната влага од воздухот ја собира во интегриран сад кој повремено треба да се изпразни а одводната цевка од одвлажнувачот можи директно да се спој на домашниот одвод.

ОДВЛАЖНУВАЧ НА ВОЗДУХОТ-ефикасно оружје за борба против влагата

Одвлажнувачи на воздух кои ги имаме во нашата понуда се уреди од реномирани производители направени да работат на принципот да го ладат воздудот. Кога ќе се постават во простор кој треба да се одвлажнува, тие го проветруваат воздухот одземајќи му ја прекумерната влага која се собира во садот за одвлжнување или се испушта во канализација.Одвлажнувачот на воздухот се користи за да се спречи формирање на габи и бактерии на ѕидовите,таванот и намештајот и за подобрување на квалитетот на воздухот во просторот кој станува поугоден за престојување.

7 ПРИЧИНИ ЗОШТО ДА КОРИСТИТЕ ЕЛЕКТРИЧНИ ОДВЛАЖНУВАЧ НА ВОЗДУХОТ

Особини

Висока сила на одвлжнување.

Одвлажнувачот работи на принцип на ладење на изменувачот низ кој поминува влажен воздух доаѓа до кондензација и издвојување на влагата од воздухот без значително ладење на просторот.

Тивко работење

Кога одвлажнувачот работи во тивко време на вообичаена дневна активност, можи да се користи и во спалната соба.

Сушење на алишта

Одвлажнувачот можи да послужи за сушење на алишта. Така можи да се спречи влага и формирање на мувла на рабовите.

Штеди електрична енергија

Уредот има ниска потрошувачка на енергија.

Принцип на работа на одвлажнувачот на воздух:

1. Сувиот воздух се загрева во единицата за загревање и излегува од уредот така да нема ладење на воздухот во просторот, напротив воздухот се загрева на нешто поголема температура од воздухот во просторот и така одвлажнувачот испушта воздух со малку поголема температура во просторот а тоа е нормална појава.

2.Уредот го вовлекува воздухот од просторијата, го лади во единицата за ладење а влагата од воздухот со кондензација го одвојува и и го носи во резервоарот за вода.

Чекорите 1 и 2 се повторуваат, се додека од просторијата не се отстрани влагата.