Fujitsu Super Eco Inverter – 3.4 kW – ASYG12KMTA/AOYG12KMTA

  • капацитет на ладење 3.4 (0.9 – 3.9) kW
  • капацитет на греење 4.0 (0.9 – 5.3) kW
  • eнергетска класа ладење/греење А++/ А+
  • SEER/ SCOP 7,3 /4.4
  • фреон R32
  • ниво на бучава на внатрешна единица min/max 20/40 dB
  • ниво на бучава на надворешна единица 50 dB
  • маса на внатрешна единица 10 kg
  • маса на надворешна единица 25 kg
  • димензии на внатрешна единица ВхШхД mm 270х834х222
  • димензии на надворешна единица ВхШхД mm 541х663х290
  • температурен опсег во режим на ладење -10 °C / +46 °C
  • температурен опсег во режим на греење -15 °C / +24 °C
  • препорачана површина до 25-35 m2
  • Стилски, тенок и правоаголен дизајн
  • Комфортна циркулација, тивок режим на работа
  • Смарт контрола (опционално)
  • гаранција 24 месеци
This image has an empty alt attribute; its file name is fujitsu-kmta-5d19b2748bba9_5dcd19a3dd63c.jpg

Останати карактеристики: WI FI, тајмер, тивка работа, автомтски режим на работа, еко режим, филтер опремен со антиоксиданти кои делуваат против

бактерии и вируси.

Тенкиот и елегантен дизајн ќе Ве воодушеви со тоа што се вклопува во секој ентериер.

Управување со паметни уреди

    Едноставна контрола на уредот во и надвор од домот е можна со помош на бежичен LAN адаптер, а може да се пристапи преку:

  • паметен телефон
  • таблет
  • компјутер 

Функции за удобност

Режим на супер моќна работа

Клима уредот во овој режим работи со максимален проток на воздух и максимална снага на компресорот и многу брзо ја прави просторијата пријатна за престој. На овој начин за многу кратко време се подигнува или спушта релативната температура во просторијата. 

Автоматски режим на работа

Клима уредот автоматски се префрла помеѓу режим на греење и режим на ладење во зависност од поставената собна температура. Овој режим се употребува мошне често во пролет или есен кога температурите значително варираат во текот на денот и една температурна поставка не е доволна. Исто така постои и вертикално насочување на воздухот а со цел протокот на воздух да се насочи по целата просторија и да се постигне правилна распределба на топлиот/ладниот воздух и во тој случај ламелите на клима уредот постојано се движат горе/долу. 

Автоматска брзина на вентилаторот

Микрокомпјутерот автоматски го регулира протокот на воздух со регулација на брзината на вентилаторот а со цел да ја прати промента на собната температура. Оваа опција е особено корисна кога во просторијата често се отвораат вратите или просорите па после тоа се менуваат температурните услови. Клима уредот поседува и функција за автоматско повторно вклучување во ситуација кога ќе дојде до прекин на електрична енергија и тоа во идентичен режим како пред да дојде до прекин на електричната енергија.

Греење од 10 ° C

Оваа фукција овозможува температурата во просторијата да не падне пониско од 10 °C.  Уредот автоматски се вклучува и исклучува и на тој начин со што е можно помала потрошувачка на енергија ја одржува поставената температура.

 Поставки за тивка работа

Покрај и така многу тивката внатрешна единица честопати сакаме да ги намалиме и останатите извори на бучава и на тој начин да постигнеме уште попријатна атмосфера. Еден од тие извори на бучава е и надворешната единица со кој сега исто така можете да управувате.. Со помош на оваа поставка може да се контролира нивото на бучава на надворешната единица. 

Функции за заштеда на енергија


Економичен режим на работа

Во овој паметен начин на работа поставките на термостатот автоматски се менуваат во зависност од температурата со што би се избегнало непотребно ладење и греење. И понатаму ќе се одржува саканиот температурен опсег и пријатна клима но со акцент на заштеда на електрична енергија.  

Прирачни функции

 
“Sleep timer” функција за мирен сон 

Спиење со вклучен клима уред никогаш не било поедноставно и попријатно. При „одењето“ в кревет и покасно за време на спиењето, микрокомпјутерот постапно автоматски ја менува собната температура и на тој начин овозможува пријатен и мирен сон.

 Програмски тајмер

Овој дигитален мерач на времето овозможува избирање на една опција која во зададено време автоматски ќе се вклучи: ON, OFF, ON »OFF или OFF» ON. Со оваа функција може на пример да се вклучи климата 30 минути пред доаѓањето во куќата или пак на пример 1 час после заминувањето на спиење. Било кога да сакате предвреме да го климатизирате просторот или пак правовремено да го изгасните уредот доколку сте отсутни, оваа функција е секогаш добредојдена.

Знак – филтер

Авоматски се прикажува сијаличка со знак на филтер која пак претставува правовремен индикатор дека е дојдено време за чистење. Со овој софистициран систем навреме че бидете известени за состојбата со филтрите без потреба за редовно отворање и проверка на филтрите. Заштедете време и нерви со оваа корисна функција. 

Цена: 48.900 денари со вклучен ддв. За плаќање во готово одобруваме 10% попуст. Монтажа до 3 метри инсталација изнесува 4800 денари. За инсталација подолга од 3 метри се наплаќа 600 денари по метар.

Професионална монтажа и сервис обезбедува БИТМОНТ Клима Дооел Битола. тел. за контакт 075 590 250 или на e-mail info@klimacentarbitola.com

Сервисно упатство можете да симнете тука