Gree Console GEH12AA-K3DNA1D

Овој модел на брендот GREE претставува елегантно решение за сите оние перфекционисти кои сакаат да се греат со клима уред во текот на целата зима.

Високата технологија на GREE благодарение на неговиот моќен компресор кој без никакви проблеми испорачува топлинска моќност од над 4,5 KW дури и при екстремно ниски надворешни температури во корелација со законите на физиката дека топлиот воздух се движи од долу па кон горе, го прават овој клима уред идеално решение за секој дом а особено за објекти и простории кои изобилуваат со прозори и каде тој е и единствено решение. Значи фокусот кај овој модел е ставен на греењето, иако постигнува и исклучително добри ефекти и при ладење на просториите.

Топлиот воздух може да се насочува да дува од две локации на внатрешната единица со што се избегнува феноменот на недоволно загревање на ниските делови во просторијата и кој предизвикува постојано студење во нозете. Ова е особено истакната во простории и домови кај кои подолните катовине се загреваат. Клима уредот изобилува со мошне голем број на дополнителни функции кои се наброени подолу .

Уште една голема предност во однос на високомонтажните сплит системи е таа што внатрешната единица поради нејзините димензии може да биде многу дискретно поставена а со тоа да се намали значително струењето на воздухот кој е една од најголемите недостатоци на греењето со клима уреди. Кај овој модел струењето на воздухот е речиси незабележително а особено и со фактот дека уредот располага со повеќестепена регулација на брзината на внатрешната турбина.

Комбинација на два или повеќе вакви клима уреди со иста или пак со различна моќност овозможуваат да се изведуваат комплетни решенија за греење на целата куќа или стан,. На тој начин се добива многу поекономично и поевтино решение во однос на греење со топлинска пумпа а со незначително мали недостатоци. Изведбата на комплетни решенија за греење со овој тип на клима уред е особено препорачлива во објекти каде има обезбедено доволно место за поставување на надворешните единици.

  • SMART DC Инвертер со G10 технологија, патент на ГРЕЕ
  • Eфикасност во режим на ладење SEER:6.4 – A++
  • Eфикасност во режим на греење SCOP:4.0 – A+
  • GREE компресор со перманентни магнети од ретки метали (Rare Earth Magnet)
  • Двореден топлински изменувач во надворешната единица
  •  Работен режим: од -22°С до +43°С
  • EEV – Eлектронски експанзионен вентил, Грејач за одмрзнување на кондензат

Моделот GEH12AA-K3DNA1D има вграден јонизатор кој генерира негативни јони кои имаат способност во целост да ги уништат голем број на бактерии , но исто така служат за неутрализирање на непријатните миризби.

Моделот располага и со супер квалитетен микро чип кој е оптимизиран за работа и во екстремно ладни услови. Благодарение на функцијата на интелегентно одмрзнување или smart defrost микро компјутерот врз основа на информациите добиени од мошне сензибилни сензори на надворешната и внатрешната единица вклучува мод на одмрзнување само доколку тоа е потребно, за разлика од други клима уреди каде одмрзнувањето се случува во одредени временски периоди. Исто така, благодарение на високата GREE технологија, доколку сензорите детектираат почеток на замрзнување на изменувачот уште во раната фаза микро процесорот автоматски ја редуцира т.е ја намалува моќноста на компресорот, со тоа секако намалувајќи го капацитетот но во исто време овозможувајќи времето кога уредот го прави одмрзнувањето да биде неколку кратно помало. На овој начин се спречува на изменувачот да се наталожат поголеми наслаги од мраз и комплетно да сопре процесот на греење што создава чувство на непријатно дување со ладен воздух.

GREE GEH серијата користи напредна технологија која оневозможува нечистотиите и правот да се насобира во аламиниумските ламели на внатрешната единица. После исклучувањето внатрешната единица продолжува да работи определено време. На тој начин кондензираната вода поминува низ ламелите и го чисти правот кој се насобрал и кој останал во внатрешната единица. На тој начин едновремено и се чисти внатрешната единица но исто така и се суши. На тој начин се оневмозможува формирање на мувла која може да предизвика здравствени проблеми.

Технички специификации:

  • Wi-Fi:Да
  • Моќност при ладење (Мин./Ном./Maкс):0.6 / 3.5 / 3.95 kW
  • Моќност при греење (Мин./Ном./Maкс):0.6 / 3.65 / 4.7 kW
  • Потрошувачка при ладење – cooling (Мин./Ном./Maкс):0.22 / 1.1 / 1.4 kW
  • Потрошувачка при греење(Мин./Ном./Maкс):0.22 / 1.1 / 1.58 kW
  • Номинална ефикасност EER ладење:3.18
  • Сезонска ефикасност SEER ладење:6.3
  • COP:3.32
  • SCOP:4
  • Енергетска класа (Cooling / Heating):A++ / A +
  • Температурен опсег (Ладење):18 ~ 43 °C
  • Температурен опсег (Греење:-20 ~ 24 °C
  • Препорачливо за простории до :40м2 (во зависност од изолацијата и локацијата на просторијата и објектот)
  • Гаранција:до 120 месеци
  • Напојување (Фази/Фрекфенција/Напон):1~/50/220-240
  • Внатрешна единица
  • Димензии:700 x 600 x 215 H x W x L (mm)
  • Тежина15 kg
  • Звучен притисок (ниво на бучава) – ладење (Високо/Номинално/Ниско/Тивко):40 / 37 / 32 / 26 dB
  • Звучен притисок (ниво на бучава) – греење(Високо/Номинално/Ниско/Тивко):50 / 47 / 42 / 36 dB
  • Надворешна единица
  • Димензии:848 x 540 x 320 H x W x L (mm)
  • Тежина:33 kg
  • Звучен притисок (ниво на бучава) – ладење (Високо/Номинално/Ниско/Тивко):54 / – / – / – dB
  • Звучен притисок (ниво на бучава) – греење(Високо/Номинално/Ниско/Тивко):63 / – / – / – dB