Јапонски и останати производители на клима уреди

JAPANSKI VS. OSTALI KLIMA UREĐAJI

 Купувањето на клима уред претставува долгорочна инвестиција, а очекувањата на купувачите се големи. Уредoт треба да биде квалитетен, тивок, економичен да грее до -15 С да има што е можно подолга гаранција, овластен сервис, добра сервисна поддршка во гарантниот и вон гарантниот рок. За да се овозможат горе наведените очекувања ние Ви препорачуваме да одберете клима од некои од јапонските производители на клима уреди  Mitsubishi electric, Daikin, Toshiba, Fujitsu ili Panasonic.

        На пазарот, секако можат да се најдат и огромен број на евтини клима уреди од кинеските брендови. За жал нивната цена одговара и на нивниот квалитет – ниска. Се разбира проблем не е само квалитетот. Кај нив нивото на бучава е големо, лошата работа особено на екстремно ниски и високи температури помалиот гарантен рок, слаба сервисна и техничка поддршка и сл. Тешко е да се опише комодидетот и сигурноста при користење на квалитетен јапонски клима уред во однос на евтините најчесто клима уреди од кинеско производство. Тоа најдобро го знаат корисниците кои имаат искуство и со едните и со другите клима уреди. Овие купувачи речиси поправило при купување на нареден клима уред избираат да купат висококвалитетен јапонски клима уред без разлика на понекогаш и неколкукратно повисоката цена. Ако се уште не сте сигурни кој клима уред да го изберете јавете ни се и ние со задоволство ќе Ви помогнеме околу изборот на Вашиот клима уред.