Каде и како да се монтира клима уредот
При монтажата на клима уредот треба да се обрне внимание на неколку детали. Со оглед на фактот што монтажата на клима уредот е една од нашите примарни дејности ќе се обидеме да Ве запознаеме со некои основни правила кои треба да се почитуваат.Позицијата на внатрешната единица мора да биде таква да таа не дува директно во оној дел на просторијата каде луѓето се задржуваат наајдолго. Исто така позицијата треба да биде таква да овозможува непречено циркулирање на воздухот и во најодалечените делови од просторијата.
Внатрешната единица добро е да се постави бочно на ѕидот до соседниот ѕид каде се наоѓаат прозорци и во тој случај таа создава ефект на воздушна завеса која значително го намалува влијанието на високите/ниските надворешни температури. Ако сакаме квалитетна климатизација на целиот стан или куќа речиси правило е дека треба да се монтира по еден клима уред во секоја просторија (вклучително и мулти сплит онаму каде што е можно и изводливо). Особено е неефикасно користење на еден клима уред за две простории а особено ако таа дува кон вратата на другата просторија од причина што топлиот воздух се крева под таванот доаѓа до сензорот на единицата и го „лажи“ сензорот во внатрешната единица кој што добива погрешна информација дека е постигната зададената температура, компресорот на намалува моќноста и оди во мод на одржавање, а другата просторија не ја постигнала зададената температура.
Ниту внатрешната ниту надворешната единица не смеат да бидат во ограничен простор кој би оневозможил издувување на воздухот. За внатрешната единица не е добро да е во некој тесен ходник така што таа да дува директно во ѕидот непосредно пред неа, воздухот се одбива од него и доаѓа до сензорот и на тој начин повторно му дава погрешна информација дека температурата е постигната, а впрочем тоа не е случај. Исто така таа не треба да биде високо над некоја полица или ормар.Надворешната единица едноставно мора да биде надвор. Значи не во ходник, гаража, поткровје или некоја друга просторија. Оддалеченоста меќу надворешната и внатрешната единица треба да е што помала поради потенцијалните губитоци и намалување на моќноста како и поради оптеретување на компресорот.
Исто така треба да се размислува за одводот на кондензираната вода. Со оглед на тоа што клима уредот нема пумпа за исфрлање на кондензираната вода мора да биде поставено црево со кое се одведува водата, Тоа црево треба да има константен пад без ниту една закривеност која би претставувала сифон во кој ќе се задржува водата.Тоа црево се спроведува во канализација или пак во системот за атмосферска канализација. Водата е всушност кондензат кој настанува во ладните делови на клима уредот. Лето се создава вода во внатрешната, додека во зима во надворешната единица. Количината на кондензираната вода зависи од влагата на воздухот и од температурата на воздухот и таа во лето можи да биде и до 1л на час. Надворешната единица се поставува на носачи (држачи) кои со типли и штрафови се фиксираат на надворешниот ѕид. За тие да не рѓосаат потребно е да се монтираат држачи од не рѓосувачки материја или поцинковани.
Со цел да добиете најквалитетен клима уред за Вашите потреби по најповолна цена, професионална монтажа и гаранција на Вашиот клима уред Ве молиме да не контактирате за бесплатно доаѓање и разгледување на просторијата која сакате да ја климатизирате и ние ќе Ви предложиме клима уред кој се надеваме ќе ги задоволи сите Ваши очекувања.