Како да се подеси климата за греење
Кога ќе помине летото и сезоната на ладење , за климата да може да грее треба на далечинскиот управувач да се прилагоди во мод на греење.
Тоа се прави на тој начин што на далечинскиот управувач ќе го притисните копчето: MODE додека на екранот на далечинското не се појави знакот: HEAT или знак сонце.
Така клима уредот сега е спремен за греење и потребно е само да го вклучите со далечинскиот управувач.
Потоа поставете ја температурета вообичаено од 22 до 28 С.
Температурата обично означена со буквите TEMP и со помош на копчињата + или – може да се подесува горе -долу.
Новите клима уреди имаат различни сензори како што се I Feel,3D, или TURBO кои се наоѓаат на далечинскиот управувач и со помоѓ на кои само за неколку минути вопросторијата која ја климатизирате ќе ја имате посакуваната температура.
Нешто постарите клима уреди температурата ја мерат преку внатрешната едница каде што се наоѓа сензор за температурата. Со оглед на фактот што внатрешната единица се наоѓа оддалечена од просторот кој што сакаме да го климатизираме и е најчесто веднаш под таванот каде што температурата е обично неколку степени повисока од температурата во која престојуваме, на далечинскиот управувач температурата треба да се подеси 1-2 степени повисока од онаа која ја посакуваме. Ова е со цел да се елиминираат несаканите ефекти и разликата во температурата.
Брзината на вентилаторот-турбина на внатрешната единица FAN SPEED треба да биде автоматско освен во случаи кога сакате топлиот/ладниот воздух да продре подлабоко во просторијата или пак во друга просторија која се наоѓа пред клима уредот. На поголема брзина на вентилаторот и струење на воздухот побрзо ќе го почуствувате ефектот на греење или ладење во поодалечените делови на просторијата.
Важно е да се напомене дека при промената на режимот на работа со копчето MODE на далечинскиот управувач а посебно ако повеќе пати се менува греење ладење додека клима уредот е вклучен, тој ќе влезе во заштитен мод и во тој случај ќе треба да причеката десетина минути додека да се изедначат притисоците на фреонот во системот после што клима уредот ќе почне со работа.
Кога ќе го вклучите клима уредот за греењетој не грее веднаш, туку е потребно 1-2 минути, поради тоа што најнапред треба да се вклучи компресорот на надворешната единица а дуро откако фреонот ќе се загрее и сензорот на внатрешната единица ќе регистрира загреан работен медиум се вклучува вентилаторот на внатрешната единица кој почнува да издувува топол воздух.
Кај инвертер клима уредите потребно е 5 до 1о минути за клима уредот да го постигне полниот капацитет.
Квалитетните инвертер клима уреди даваат попостојана и попрецизна температура и се речиси бесчујни кога работат. Евтините клима уреди не можат да осигураат прецизна и постојана температура па треба многу често да се посегнува по далечинскиот управувач и да се регулира температурата.
Најефикасна работа на клима уредот со најмала потрошувачка на електрична енергија ќе постигнете доколку сите прилагодувања ги поставите на автоматски.