Клима уреди – како купувачите купуваат клима уреди
Се што сакате да знаете пред изборот на клима уред – погледајте ги коментарите на експертите
Клима уредите им се достапни на сите…
Сепак треба да се избере вистинскиот клима уред кој ќе одговара на Вашиот буџет, добро да ладе и грее, да е тивок, малку да троши, да има добри филтри…
Ми треба клима уред, не се разбирам многу во тоа, обично приказната започнува вака:
Купувачот ги разгледува клима уредите по најразлични физички продавници, по интернет, по брошури, каталози, коментира со пријатели, во недоумица е дали инвертер или обична клима, до колку пари. А обично приказната е ми треба клима за ладење и греење. Тука треба да се постават следниве прашања:
- Колку квадрати е просторијата?
- За која намена е?
- Дали е потребно квалитетно греење или пак за греење кога температурата не е под 0 степени?
- Ориентација и изолација на просторијата
- Дали има некои посебни барања?
- Колку пари можете да издвоите за клима уред
Кога ќе се добијат одговори на овие поставени прашања може да се пристапи кон анализа на желбите и потребите на купувачот. Во зависност од големината на просторијата и навиките за користење се одредува моќноста на клима уредот. Потоа според планираните средства се предлага производител и серија на клима уред. Се предлагаат неколку производители и неколку серии на клима уреди и кај сите нив се споредува:
- надворешен изглед и дизајн
- опсег на моќност при ладење и греење
- енергетска класа
- квалитет на греење при екстремно ниски температури
- кои филтри за воздух ги поседуваат
- можност за управување од оддалечена локација
- гарантен рок
- сервисна поддршка
Кога купувачот ќе ги добие сите наведени информации обично се задржува на два слични модели кои дополнително ги анализираме и се коментираат предностите и маните а се со цел на крајот да донесеме најдобра одлука.
Кога ќе се избере клима уредот купувачот потоа го интересира монтажата и тоа:
- Колку чини монтажата?
- Кога најбрзо може да се монтира?
- Каде е најдобро да се постави внатрешната и надворешната единица?
- Како ќе се постави инсталацијата меѓу внатрешната и надворешната единица
- Каде ќе се одведува кондензатот од внатрешната и надворешната единица
- Колку изнесува гаранцијата на монтажата
Кога купувачот од нас ќе ги добие сите потребни информации може да биде сигурен дека ќе ја добие најдобрата можна поддршка и дека избрал најдобар клима уред за своите потреби за планираната цена.
Потребна ми е клима уред пример Mitsubishi electric или DAIKINсо моќност од 3,5kW A++ енергетска класа и квалитетно да грее и до -15°C надворешна температура
Овој тип на купувачи се добро информиранио и знаат претежно што сакаат, знаат каков избор имаат на пазарот и отприлика ги знаат и цените но и можностите на климатизерите. Тие бараат соодветен модел во таа класа и во одреден ценовен ранг но и квалитетна услуга, монтажа и сервис како и поддршка за клима уредот.
Во принцип тие ќе издвојат повеќе средства за набавка на клима уред но бараат и повеќе технички информации и од самата климатизација очекуваат многу повеќе. Кон овие купувачи треба да се пристапи со повисок степен на технички објаснувања за клима уредот и објаснување на деталните разлики помеѓу неколкуте предложени модели. Овде се разбира се се сведува на детали бидејќи станува збор за квалитетни модели кај кои разликите се речиси незначителни и станува збор за уреди од средната и високата класа кои сигурно ќе ги задоволат потребите дури и на најпребирливите купувачи. Нашиот пристап кон купувачите е заснован на повеќе годишното искуство во продажба монтажа и сервис на клима уреди. Исто така наша обврска е да го предупредиме купувачот за евентуалните непријатности кои може да ги има при греењето со клима уред а посебно да не ги подгреваме очекувањата дека клима уредот нема некои одредени „недостатоци“ пред се при греење во особено влажни периоди , како и при магла, сињак и сл.
Потребен ми е клима уред од одреден производител и одреден модел
Овие се наједноставни ситуации кога купувачот точно знае кој клима уред му е потребен. Овие купувачи се претходно информирани, ги знаат сите предности на одредениот клима уред, ја знаат и цената и сл. Сепак некои од нив сакаат да добијат потврда од нас така да не ретко ги поминуваме сите претходни прашања и недоумици околу изборот на клима уредот секако со пократки појаснувања и се задржуваме претежно на оние аспекти за кои купувачот е помалку информиран. Затоа доколку Ви треба клима уред за Вашите простории, Вашиот стан, куќа или деловни простории слободно можете да се обратите на нашите контакт телефони или на нашата е-маил адреса и ние ќе Ви помогнеме околу изборот на најдобриот клима уред кој ќе ги задоволи сите Ваши потреби за греење и ладење на Вашиот дом или деловен простор.