Клима уреди – како купувачите купуваат клима уреди

Се што сакате да знаете пред изборот на клима уред – погледајте ги коментарите на експертите

Image result for монтажа на клима уред

Клима уредите им се достапни на сите…

Сепак треба да се избере вистинскиот клима уред кој ќе одговара на Вашиот буџет, добро да ладе и грее, да е тивок, малку да троши, да има добри филтри…

Ми треба клима уред, не се разбирам многу во тоа, обично приказната започнува вака:

Купувачот ги разгледува клима уредите по најразлични физички продавници, по интернет, по брошури, каталози, коментира со пријатели, во недоумица е дали инвертер или обична клима, до колку пари. А обично приказната е ми треба клима за ладење и греење. Тука треба да се постават следниве прашања:

  1. Колку квадрати е просторијата?
  2. За која намена е?
  3. Дали е потребно квалитетно греење или пак за греење кога температурата не е под 0 степени?
  4. Ориентација и изолација на просторијата
  5. Дали има некои посебни барања?
  6. Колку пари можете да издвоите за клима уред

Кога ќе се добијат одговори на овие поставени прашања може да се пристапи кон анализа на желбите и потребите на купувачот. Во зависност од големината на просторијата и навиките за користење се одредува моќноста на клима уредот. Потоа според планираните средства се предлага производител и серија на клима уред. Се предлагаат неколку производители и неколку серии на клима уреди и кај сите нив се споредува:

Кога купувачот ќе ги добие сите наведени информации обично се задржува на два слични модели кои дополнително ги анализираме и се коментираат предностите и маните а се со цел на крајот да донесеме најдобра одлука.

Кога ќе се избере клима уредот купувачот потоа го интересира монтажата и тоа:

  1. Колку чини монтажата?
  2. Кога најбрзо може да се монтира?
  3. Каде е најдобро да се постави внатрешната и надворешната единица?
  4. Како ќе се постави инсталацијата меѓу внатрешната и надворешната единица
  5. Каде ќе се одведува кондензатот од внатрешната и надворешната единица
  6. Колку изнесува гаранцијата на монтажата

 Кога купувачот од нас ќе ги добие сите потребни информации може да биде сигурен дека ќе ја добие најдобрата можна поддршка и дека избрал најдобар клима уред за своите потреби за планираната цена.

Потребна ми е клима уред пример Mitsubishi electric или DAIKINсо моќност од 3,5kW  A++ енергетска класа и квалитетно да грее и до -15°C надворешна температура

 Овој тип на купувачи се добро информиранио и знаат претежно што сакаат, знаат каков избор имаат на пазарот и отприлика ги знаат и цените но и можностите на климатизерите. Тие бараат соодветен модел во таа класа и во одреден ценовен ранг но и квалитетна услуга, монтажа и сервис како и поддршка за клима уредот.
Во принцип тие ќе издвојат повеќе средства за набавка на клима уред но бараат и повеќе технички информации и од самата климатизација очекуваат многу повеќе. Кон овие купувачи треба да се пристапи со повисок степен на технички објаснувања за клима уредот и објаснување на деталните разлики помеѓу неколкуте предложени модели. Овде се разбира се се сведува на детали бидејќи станува збор за квалитетни модели кај кои разликите се речиси незначителни и станува збор за уреди од средната и високата класа кои сигурно ќе ги задоволат потребите дури и на најпребирливите купувачи. Нашиот пристап кон купувачите е заснован на повеќе годишното искуство во продажба монтажа и сервис на клима уреди. Исто така наша обврска е да го предупредиме купувачот за евентуалните непријатности кои може да ги има при греењето со клима уред а посебно да не ги подгреваме очекувањата дека клима уредот нема некои одредени „недостатоци“ пред се при греење во особено влажни периоди , како и при магла, сињак и сл.

Потребен ми е клима уред од одреден производител и одреден модел

 Овие се наједноставни ситуации кога купувачот точно знае кој клима уред му е потребен. Овие купувачи се претходно информирани, ги знаат сите предности на одредениот клима уред, ја знаат и цената и сл. Сепак некои од нив сакаат да добијат потврда од нас така да не ретко ги поминуваме сите претходни прашања и недоумици околу изборот на клима уредот секако со пократки појаснувања и се задржуваме претежно на оние аспекти за кои купувачот е помалку информиран. Затоа доколку Ви треба клима уред за Вашите простории, Вашиот стан, куќа или деловни простории слободно можете да се обратите на нашите контакт телефони или на нашата е-маил адреса и ние ќе Ви помогнеме околу изборот на најдобриот клима уред кој ќе ги задоволи сите Ваши потреби за греење и ладење на Вашиот дом или деловен простор.