Како правилно да демонтирате клима уред
Демнотажата на клима уредот е постапка при која клима уредот најчесто се преместува од едно на друго место било причината да е реновирање на станот или пак поставување на топлотна или звучна изолација. Чест е случајот за демонтирање на клима уредите и при купување на нови високо ефикасни клима уреди од поновата генерација (инвертери) при што неминовно треба да се заменат старите класични клима уреди кои не обезбедуваат висок степен на ефикаснсот посебно во режим на греење.
Во секој случај демонтажата на клима уредот треба да се направи правилно и професионално со цел таа да може повторно да се користи во иднина. Дури и клима уредот да е потполно расипан и е неупотреблив (најчесто поради дефект на компресор) повторно треба внимателно да се отстрани клима уредот за да не се нанесе штета на ѕидовите, фасадата, намештајот и сл.
Фреонот при демонтажата мора да се собере во надворешната единица поради фактот што таа во режим на ладење претставува кондензатор. За таа цел климата треба да се пушти во режим на ладење. Се отстрануваат заштитните капачиња на вентилите и се пушта климата да работи (да лади). Кога ќе се вклучи компресорот на надворешната единица најнапред со имбус клуч се затвора малиот вентил (на помалата цевка) се чека 20-30 секунди климата да го набие фреонот во надворешната единица. Потоа се затвора и поголемиот вентил на дебелата цевка, се исклучува климата со далечинското а потоа и од струјата. Со оваа постапка целокупниот фреон се наоѓа во надворешната единица и истата е спремна да биде демонтирана (да се отстранат бакарните цевки, изолација, кабли и и сл.)
Холендрите за цевките треба да се извадат со сечење на бакарната цефка а цевките да се затворат со изолир за да не дојде до влегување на нечистотии.
Внатрешната единица се демонтира на следниот начин. Најпрво таа се откачува прво од долната а потоа од горната страна и внимателно се спушта надолу со се цевки. Никогаш не ја сечете цевката непосредно до внатрешната единица бидејќи на тој начин истата може да стане неупотреблива. Изолацијата треба да се оголи на местото на спојот на бакарните цевки ( на околу 30цм ) се отштрафуваат холендрите и се ослободува цевната инсталација од внатрешната единица, додека останатите споеви на електричните кабли и одводното црево можат но и не мора да се разделат во зависност од ситуацијата каде повторно треба да се монтира клима уредот.
Потоа се отстранува носечкиот лим на внатрешната единица, како и држачите на надворешната единица се враќаат сите делови од каде што се извадени и внамателно се пакува за да се избегнат оштетувања и да се подготви за наредната монтажа.