КАСЕТНИ КЛИМА УРЕДИ

KAZETNI KLIMA UREĐAJI

Касетните климауреди се користат најчесто за квалитетно ладење/греење на деловни простории, канцеларии, сали, угостителски објекти и друго во главно поголеми простории.

Касетните клима уреди се вградуваат во спуштени тавани со минимална висина од 3 метра. Речиси се невидливи (се гледа само декоративниот панел) а врвната дистрибуција на воздухот кај овие клими е речиси оптимална бидејќи дуваат на две или 4 страни, зависно од моделот а контролата се врши со помош на далечински управувач. Сите производители нудат најразлични касетни клима уреди кои се разликуваат по моќноста, дизајнот, бојата, намената, и други технички можности.  

Изборот на капацитет на касетните клима уреди како и кај сите останати, зависи пред се од големината на просторијата, намената, локацијата, висина на таванот како и од личните навики и потреби а постојат од 2,5 до 14kW.