Кој клима уред да се избере. Препораки и совети
Совети и препораки на стручњаците
Прашање над сите прашања: кој клима уред да се избере?
Иако идеално време за купување на клима уред е пролетта и есента когa се зачестени акциските продажби на клима уредите, најголем број на луѓето се одлучуваат за монтажа на клима уред во екот на летните горештини. Во морето на различни производи понекогаш е тешко да се одбери онај „вистинскиот“ клима уред. Не помага ни тоа што веќе во стартот постојат безброј опции и термини: мобилна, сплит, инвертер, БТУ, киловати, јонизација… Во овој водич Ви ги претставуваме најважните совети за избор, макар што секоја клима треба да се прилагоди кон специфичностите на просторот за кој е наменета, па затоа секогаш е препорачливо да се повика стручно лице кое на лице место ќе процени каков уред е најоптимален за просторот кој се грее/лади. Иако услугата за бесплатен увид ја направивме достапна за сите наши корисници на подрачјето на Битола, во овој текст сакаме да Ви ги презентираме сите фактори кои влијаат при изборот на најоптимален клима уред за Вашиот дом/уред/дуќан и поради што е мудро да им се допушти на нашиот стручен тим околу изборот на клима уред.
Приоритет при изборот на соодветен клима уред за вашиот простор е соодносот снага – ефективност. Значи колку тој однос е подобар односно колку што е уредот подобро избран толку Вашиот простор ќе биде подобро разладен или загреан со минимални трошоци. При изборот на клима уред и за греење треба да се води сметка дека за греење уредот треба да биде појак за околу 30% отколку ако тој се користи само за ладење. Неквалитетните клима уреди иако номинално ги исполнуваат овие зададени критериуми не можат квалитетно да го загреат просторот кога надворешната температура е под 0 С (притоа постојано работејќи и трошејќи поголема количина на ел. енергија). Затоа при изборот на клима уред, а особено ако тој се користи за греење треба да се размислува за набавка на клима уред – инвертер кој може да грее и до -15 С надворешна температура а притоа потрошувачката на ел. енергија да е помала и до 40% во однос на стандардните клима уреди со обичен компресор. Исто така потребно е да се обрати внимание и на т.н. енергетска класа на уредот односно категоризација според енергетска ефикасност SEER и SCOP:
Видови на клима уреди
Мобилни клима уреди се практични поради фактот што не е потребна монтажа и според тоа можат да се преместуваат од просторија во просторија. По правило не се скапи и се со ниска енергетска класа, а ефектот на ладење најчесто им е од 2,5 до 3,5 KW што е доволно за околу 25-35 м2. Недостаток им е што мора да се обезбеди одвод на топлиот воздух што нужно значи дупење на ѕидот. Опцијата за ставање на црево низ прозорецот не е особено ефикасна. Покрај тоа мошне се бучни, а доколку цревото за износ на отпадната топлина е подолго од 1 м тогаш значително губат од својот капцитет и доаѓа до незадоволство кај корисникот. Примена на овие системи е оправдана само во случаи каде што на ниту еден начин не може да се монтира надворешна единица или пак доколку има многу чести промени на живеалишта и сл.
Сплит клима уреди се најчесто користен тип на уреди а така се викаат split (одвоено) бидејќи се состојат од две одвени единици: внатрешна и надворешна единица. Меѓусебно се поврзани со фреонска и ел. инсталација. Покрај ладење имаа и опција за греење на просторот и се со висока енергетска ефикасност. Кај сплит системите постои уште една поделба моно сплит и мулти сплит системи.
Моно сплит клима уредот се состои од една внатрешна и една надворешна единица и е далеку најпродаван тип на клима уред. Достапни се уреди во опсег од 2-12 KW а најбараната верзија од 3,5 KW доволна е за ладење/греење на простории до 35 м2. Постојат две изведби на овој систем – fix speed, со константна работа на компресорот и инвертер кој има променлива работа на компресорот. Сите кај нас достапни клима уреди се инвертер изведба т.е се со инвертер технологија.
Мулти сплит системи се состојат од две или повеќе внатрешни а една надворешна единица. Идеална комбинација за ладење на 2 или повеќе простории одеднаш. Опсегорт на снага им е од 4-20 kW и сите се инвертери.
Климите се разликуваат по типот на внатрешната единица. Најчесто се користат ѕидни клима уреди но постојат и подни, канални, касетни . Сите типови наоѓаат различна примена, некои се подобри за куќна употреба, некои пак за во деловни објекти, банки, бензиски пумпи и сл.
Намена и облик на просторот
Не е сеедно дали климатизирате куќа,стан, деловен простор, канцеларија, кафе бар, ресторан или голема изложбена хала. Прво е неопходно да се разгледа обликот на просторот кој што сакаме да го климатизираме. На пр. во стан со многу соби не е возможно да се климатизира целиот стан со еден клима уред туку само една или евентуално две соби, додека во мало студио кое нема преградни ѕидови еден клима уред ќе биде и повеќе од доволен.
Исто така многу битна е и површината покриена со стакла(прозори) и висината на просторијата.Пониски простории со помалку прозори можат да се климатизираат со послаби уреди за разлика од високи простории со многу прозори (како на пример продажно-изложбените простории).
Доколку фрекфенцијата на отворање на вратите е поголема ќе биде потребен појак уред за да се намали времето на постигнување на температурата по затворањетона вратата.
Секој човек во просторијата зрачи одредена топлина па така во прсторија во која престојуваат повеќе луѓе ќе биде потребен појак клима уред .
На крајот се земаат предвид и сите други уреди кои на некој начин ослободуваат топлина како што се компјутери, машини, телевизори, витрини а кои се наоѓаат во просторијата која сакаме да ја климатизираме.
Големина/моќност на клима уредот
После изборот на видот и типот на единицата, најважната фаза во донесувањето на одлуката е нејзината големина односно снага/моќност. Преслабите уреди нема да можат ефективно да ја климатизираат просторијата додека пак прејаките ќе имаат зачестени интервали на вклучување и исклучување и нема да можат ефикасно да ја искористат ел. енергија. При изборот на клима уред за домашна употреба опсегот на моќноста се движи од 2,5 до 5 KW при најчеста снага е 3,5 KW. Почетно правило е следново: Квадратурата која треба да се климатизира треба да се подели со 10. Но ова не треба да се земи здраво за готово туку треба да се земе само како некој основен показател за големината на инсталираната моќност на уредот. Тука постојат огромен број на други фактори кои влијаат врз димензионирањето на големината на инсталирана моќност на клима уредот(пример дали станува збор за кујна, број на ел. уреди кои зрачат топлина, на која страна се наоѓа просторијата северна или јужна, дали е постојано на сонце или е под сенка и сл.Особено денес како одлучувачки фактор при климатизацијата на објекти е дали истите се ефикасно изолирани и со каков квалитет на изолацијата. Исто така како фактор може да се земе и бројот и квалитетот на прозорите и сл.
Моќноста на уредот може да биде изразена и во старата единица BTU/h (British Thermal Unit), која ја означува енергијата потребна една фунта вода да се загрее за еден степен Фаренхајт. Така еден KW е еднаков на 3412.1416 BTU/hr. BTU/hr може да се види во шифрите со кои производителите ги означуваат клима уредите. Така оние од 3,5 kW негде во својот назив го имаат бројот 12 оние од 4,2 kW 15 и така натаму. Секогаш е препорачливо да се избере уред со поголема енергетска класа, минимално А но по можност и А+++.
Климатска зона
Македонија се наоѓа во климатска зона каде температурите во текот на зимата се доста ниски и затоа ќе ви биде потребен климатизер кој што работи на многу ниски температури (инвертер или поквалитетен класичен клима уред.) За ладење не би требало да има никаков проблем. Додека ако живеете во подрачје со повисока влажност треба да се земе предвид и зголемената влажност на воздухот која влијае врз димензионирањето на капацитетот на клима уредот. Што се однесува до монтажата треба да се знаат неколку важни работи. Со оглед на тоа што монтажата ни е една од главните активности ќе се обидеме да Ве запознаеме со неколку важни правила кои треба да се почитуваат:
Позицијата на внатрешната единица мора да биде таква што таа да не дува директно во оној дел на просторот во кој луѓето најдолго се задржуваат.
Ниту внатрешната ниту надворешната единица не смеат да бидат поставени во ограничен и затворен простор што би им пречел во издувувањето на воздухот. За внатрешната единица не е добро да е поставена во некој тесен ходник наспроти другиот ѕид така да издувниот воздух се одбива до амбиенталниот сензор на единицата што резултира со неправилна работа на клима уредот. Надворешната единица едноставно мора да биде надвор – значи ниту во ходник, ниту во гаража или нешто слично.
Оддалеченоста помеѓу двете единици треба да е што помала поради потенцијалните губитоци и оптеретување на компресорот.
Особено треба да се размисли за одводот на кондензираната вода која ја произведува внатрешната единица во лето а надворешната единица во зима. Треба да се знае дека клима уредите немаат пумпа за одвод на водата туку таа треба по природен пат да се одведува од уредот со помош на црево кое што мора да има константен пад и без ниту еден дел кој би претставувал сифон во кој би се задржувала водата.
Инвертер или Fix speed клима уреди
Следна значајна двојба е дали инвертерска или фиксна брзина на компресор. Инвертерската технологија е технологија од новата генерација, кај која брзината на компресорот се прилагодува според потребите, односно на почетокот додека ја достигне температурата работи дури и со 140% снага и како што се приближува до зададената температура ја намалува снагата. Со тоа може да се заштеди дури до 40% во однос на неинвертерските системи. Освен тоа се многу потивки и поудобни во просторт бидејќи даваат изедначени температури без поголеми амплитуди. Fix speed климите, од друга страна имаат само еден начин на рбота на компресорот – со полна снага или никако, што од своја страна значи многу поголеми температурни амплитуди. Се разбира инвертерите се поскапи но на долг рок се исплаќаат особено ако климатизерот работи поголемиот дел од денот.
Дополнителна предност на инвертерот е таа што со него може да се грее и кога надворешните температури се многу ниски. Некои инвертери поднесуваат и до -20 С.
Функции
Покрај ладењето односно греењето многу климатизери имаат и додатни функции. Постојат филтри кои го прочистуваат воздухот од прашина и честици, потоа електростатски филтри кои го чистат воздухот од ситни честици и чад, филтери за освежување на просториите и сл.
Некои клими имаат и јонизатори кои ги неутрализираат негативните влијанија на магнетните и елекростатските зрачења, а истовремено го прочистуваат воздухот. Голем број на клима уреди имаат и функција за одвлажнување додека речиси сите имаат можност за временско програмирање на вклучување и исклучување. Денес се поголем е бројот и со Wi-Fi управување од оддалечена локација со помош на телефон или компјутер како и со т.н see сензор кој пак прати дали во просторија има луѓе и доколку нема ја намалува снагата и обратно кога ќе влезе човекот повторно се враќа во претходно програмираниот режим. Исто така постојат и такви системи кои со помош на ласер ја мерат температурата во 1000 различни точки во просторот и автоматски ги изедначува температурите, за време на ладење ги избегнува луќето а за греење пак ги прати и на тој начин штеди енергија бидејќи не мора да се загрева целиот простор на зададената температура.
Монтажа и користење
Монтажата на клима уредот во просек се движи од 3500 до 5000 денари за клима до 4 KW но често може да биде и повисока ако оддалеченоста меѓу надворешната и внатрешната единица поголема од 3 метри или пак ако надворешната единица треба да се монтира на голема височина и сл.
Местото за монтажа би требало да се избере со помош на стручни лица а со цел да се постигне максимална ефикасност на клима уредот. Треба да стои во неутрален дел на просторијата од каде струењето на воздухот во сите правци ќе биде најдобар , но нема да дува директно на местата каде најмногу се задржуваат луѓето. Разликата помеѓу надворешната и внатрешната температура не би смеела да биде превисока . Максимална препорачана разлика е 6 С. Поголеми разлики можат да доведат до здравствени проблеми а секој степен значи разлика од 10% во погтрошувачката на ел. енергија
Особено е важно клима уредот редовно да се сервисира пред секоја сезона за ладење, а филтрите треба да се чистат еднаш месечно.
Брендови -При изборот на марка на клима уред постои едно правило т.е јасна хиерархија во која на врвот стојат Јапонците. Значи најквалитетни клима уреди денес на пазарот се: Mitsubishi electric,Daikin,Toshiba i Fujitsu. Веднаш после нив се корејските и кинеските GREE, Hyundai Samsung , Midea, Haier i LG, а на дното се кинеските производители на евтини клима уреди Vivax, Quadro ST, NEO и слични. Се разбира тие се и неколку кратно поевтини во однос на јапонските и корејските браќа, но и тука како речиси секаде важи правилото колку пари толку музика.