MITSUBISHI ELECTRIC VS. DAIKIN – споредба

Ги споредуваме двата најпознати произведувачи на клима уреди

Ги споредуваме Mitsubishi Electric i Daikin, двата најдобри светски производители на клима уреди.

Mitsubishi Electric i Daikin се најбараните јапонски производители на клима уреди. Воедно тоа се и најквалитетни клима уреди на светот и затоа е тешко да се прави споредба со нив бидејќи тие се врвна класа.

Сепак секој производител ги групира своите клима уреди во неколку серии па така Mitsubishi electric ги има следните серии:

STANDARD INVERTER
STANDARD+ INVERTER
ACCEPT INVERTER
SUPER INVERTER
SUPER+ INVERTER
KIRIGAMINE ZEN INVERTER
KIRIGAMINE LUXE INVERTER
KIRIGAMINE STYLE INVERTER

Сите клима уреди од наведените серии се инвертери и со висока енергетска ефикасносто од А до А+++  и ги задоволуваат најголемите стандарди кога е во прашање  нивото на бучава.

Daikin  серија на клима уреди моно сплит:

BOP
COMFORT
SENSIRA
COMFORA
COMFORA – оптимизирана за греење
PERFERA
PERFERA – оптимизирана за греење
STYLISH
EMURA
URURU SARARA
PODNA/PARAPETNA JEDINICA
NEXURA – PODNA JEDINICA подна единица
KANALNA JEDINICA

Да се споредуваат одредени уреди од серијата Mitsubishi electric i Daikin е неблагодарно, од причина што секоја серија има своја специфичност и тешко се споредува со серија од друг производител. Тука купувачите често грешат бидејќи ги споредуваат клима уредите од различни производители, а не може да се споредува бидејќи се многу различни во своите перформанси.
На таков начин може да се донеси погрешен заклучок и да се направи погрешен избор. Најдобро и најточно е да се споредува по цената. Цената најточно го покажува квалитетот и опременоста на клима уредот.
На пример Daikin Comfort можеме да ја споредуваме со Mitsubishi Electric Standard инвертер. 

Image result for mitsubishi electric
Image result for DAIKIN

 Сликите се информативни и не ја прикажуваат вистинската цена,цените погледнете ги на web shop.

Генерално гледано Mitsubishi Electric и Daikin се два најдобри производители на клима уреди во светот од кој секој има своја серија на клима уреди со различни функции и техничи можности. Купувачите често грешат бидејќи ги споредуваат клима уредите на различни производители кои не припаѓаат на иста класа бидејќи имаат различни спецификации, технички можности и на тој начин можат да донесат погешна одлука. Ви предлагаме клима уредите првенствено да ги споредувате по следните податоци:
– номинална сила при ладење
– распон на сила при ладење
– номинална сила при греење
– распон на сила при греење
– надворешна температура до која можи да работи при греење
– енергетска класа
– ниво на бучава на внатрешната единица
– ниво на бучава на надворешната единица
– Расположивост на Wi-Fi адаптерот за управување на оддлеченост по пат на мобилен телефон или компјутер. Ова е вечна тема на разговор и секој производител има свои фанови.
Сепак едно е заедничко за сите: кој ќе купи уред  Mitsubishi electric или Daikin останува верен на тој производител до крај, а причината е едноставна: тоа се врвни уреди кои во повеќето случаи ги надминуваат очекувањата .

А сега преглед и споредба од нашето долгогодишно искуство.

Ќе ги споредиме влезните, серии кои најмногу се бараат и продаваат.
Најмногу се бараат најекономчните и поевтини серии на клима уреди како што се Mitsubishi Stadard i Standard+ Inverteri  и Daikun Comfort и Sensira. Daikin Bop серијата не е популарна ниту барана, увозниците не ја држат на лагер и затоа за испорака се чека. Накратко слабо се бара и продава и затоа нема да ја коментираме.
Mitsubishi Standard серија со ознаки HJ постои на пазарот од 2013 и најчесто е избор на купувачите за ладење во туристички објекти. Нема можност за вградување на Wi Fi адаптер за управување на одалечени локации. Новиот и напреден Mitsubishi модел Standard+ Inverter со ознаки DM има можност за вградување на Wi Fi адаптер за упревување од оддалечена локација преку мобилен или преку компјутер. Овие два модели, секако со различна сила прават половина од продажбата поради прифатливата цена, три годишната гаранција, компактниот дизајн, посебно малите дизајни на надворешната единица која добро се вклопува во мали и ограничени простори. Од друга страна ја имаме Daikin Comfort серијата која на пазарот егзистира 10 години и е омилен избор на просечниот купувач за сите намени па дури и за греење на ниски надворешни температури. Подобрата енергетска ефикасност и подоброто греење на овој модел му дава предност во однос на Mitsubishi Electric Standard i Standard+ Inverter. Comfort моделите имаат можност за вградување на Wi Fi адаптер со тоа што  Daikin Wi Fi адаптер е значително поповолен од  Mitsubishi Wi Fi адаптер.
Во оваа класа победува Daikin благодарение на подоброто греење, поголемата енергетска ефикасност и поповолниот Wi FI адаптер. Кај поскапите серии не е толкава разликата во ефикасноста и можностите бидејќи Mitsubishi Electric и Daikin се врвни клима уреди во секоја смисла. Ако одберате некој од скапите клима уреди на Mitsubishi или Daikin, не можите да згреште бидејќи тие се најдобрите клима уреди во светот ! 

 Заклучок:
Со оглед на тоа дека тука нема победник бидејќи Mitsubishi Electric и Daikin се врвни јапонски производители ви предлагаме да одберите дизајн, поголема моќност и понапредни технички можности и функции без разлика дали се работи за клима уред на Mitsubishi electric или Daikin . Значи препораката е, да не се одбира производител, веќе да се насочите кон спецификациите и можностите и моделите да се споредуваат во иста класа и цена.