Монтажа на клима уред на постоечка инсталација

Image result for монтазер на клима уреди

Монтажата на клима уредот на поставена инсталација, подразбира дека инсталацијата е правилно поставена и одговара на клима уредот кој се монтира. Исто така е важно должината и пречникот на бакарните цевки да бидат соодветни а исто така и растојанието меѓу држачите на надворешната единица.

Инсталацијата за внатрешната единица треба да биде на околу 40 сантиметри од таванот додека цревото за одвод на кондензатот мора да биде поставено така да овозможува одвод на водата по природен пад. Исто така помеѓу внатрешната и надворешната единица треба да биде поставен електричен кабел 5×1,5mm2. Бакарните цевки треба да бидат затворени или заварени на краевите. Напојувањето односно напонскиот кабел може да биде 3х1,5 или 3х2,5см2 во зависност од моќноста на клима уредот. Цената на монтажата на клима уредот при поставена инсталација е пониска од стандардната монтажа, а зависи и од тоа дали е целосно одговара на клима уредот кој се монтира или се потребни некои прилагодувања и модификации на инсталацијата . Стандардна цена за монтажа на клима уред со поставена инсталација без дополнителни значителни модификации и прилагодувања изнесува 2500 ден.

 Исклучително е важно монтажата на клима уредот да ја изврши фирма која е овластена и специјализирана за монтажа на клима уреди бидејќи единствено во тој случај се обезбедува фабричка гаранција на уредот и на монтажата. Доколку монтажата ја врши лице кое не е овластено од Битмонт Клима Битола тогаш одговорноста за неисправноста или недостатоци ги презема тоа лице и продавачот не е одговорен за било какви дефекти при користењето на клима уредот и за настанатата штета. Овластениот застапник сите работи ги извршува според правилата на струката со обучени и школовани монтери кои секоја работа ќе ја извршат беспрекорно.