МОНТАЖА НА КЛИМА УРЕД

Image result for клими монтаза

Стандардна монтажа на клима уред подразбира монтажа на внатрешна и надворешна единица до 3 метри висина, без употреба на скеле и авто дигалка.

Во стандардна монтажа на клима уредот е вклучено:

Доколку монтажата е позахтевна од стандардната монтажа, цената на додатните работи се наплаќа по ценовник за додатни работи.

Важна напомена – употреба на скеле или авто дигалка се наплаќа посебно и се договара однапред.

Цените се однесуваат на подрачјето на Битола во круг до 15 километри. За поодалечени колации се наплаќаат патни трошоци според ценовник. Доколку услугата за монтажа ја направи некој од нашите овластени партнери во тој случај не се пресметуваат патни трошоци

Нашите партнери – овластена компанија на територијата на цела Македонија, услугите за монтажа ги работат според сопствен ценовник и затоа Ве молиме пред да се монтира климата да ги консултирате и да ги договорите сите услови на монтажата.

 

Исклучително е важно монтажата на клима уредот да ја изврши овластен сервис бидејќи единствено во тој случај е обезбедена техничка гаранција на клима уредот и на монтажата.

Доколку монтажата на клима уредот ја изврши лице кое не е овластено од Битмонт клима ДООЕЛ Битола, истото ја презема одговорноста за евентуални дефекти или неисправности на уредот и на монтажата и во тој случај продавачот не е одговорен за настанатата штета.

И понатаму, овластениот застапник сите работи ги обавува по правилата на струката со школовани и обучени инсталатери кои секоја работа ќе ја извршат беспрекорно.

На сите извршени работи : монтажа, годишен сервис и поправки даваме гаранција и техничка поддршка.


Додатни информации:

Совети околу монтирањето на клима уредот.
Разгледување на просторот.
Ако не сте сигурни каде и како може да се монтира вашиот клима уред можете пред монтажата да побарате разгледување на просторот и ситуацијата на објектот заради утврдување на најдобрата позиција за внатрешната и надворешната единица што би резултирал со подобра работа и ефикасност.После извршениот преглед ќе Ви предложиме најдобра позиција на надворешната и внатршната единица, начинот на изведба на поставување на фреонската и елктричната инсталација како и цревото за одвод на кондензатот од надворешната и внатрешната единица. Местоположбата на внатрешната единица зависи од типот, конструкцијата и намената на просторот, а најдобра позиција е онаа која овоаможува издув по што е можно поголема должина во просторот и каде луѓето не престојуваат на пример измеѓу дневната и кујната.

Ако сакате со една внатрешна единица која е поставена во дневната соба да го климатизирате целиот стан (што е многу тешко изводливо) потребно е истата да се постави на место од каде таа ќе дува во ходникот односно во останатиот дел од станот. На овој начин можете да очекувате добри резултати кога станува збор за ладење бидејќи ладниот воздух е потежок и паѓа на подот т.е. полесно преминува во останатиот дел на станот или собата. Кога станува збора пак за греење немојте да очекувате декаќе добиете дури ни приближно исти ефекти. Ова е поради фактотшто топлиот воздух како полесен се крева под плафонот и поради циркулацијата многу брзо доаѓа до сензорот за температурата кој се наоѓа на внатрешната единица која ја регистрира температурата и ја намлува снагата на компресорот иако останатите соби сеуште се ладни т.е незагреани!

Решението е монтажа на клима уреди во секоја соба. Вградувањето на една клима за повеќе соби е половично решение и не ги дава очекуваните резултати подобри при ладење а полоши при греење.
Надворешната единица избегнувајте да ја поставите во затворени тераси или корисни балкони поради тоа што ќе ви смета, а покрај тоа може да дојде и до намалување на ефикасноста поради намаленото проветрување на надворешната единица.

За подобра ефикасност надворешната единица таа треба да се постави на поладна позиција (под сенка или на северна страна -доколку приоритет ви е ладењето) или на потопла позиција (на јужна страна доколку приоритет ви е греењето.) На објекти во употреба вообичаено инсталациите се поставуваат надворешно на ѕидот во каналици, додека на објекти кои се градат пожелно е тие да се вградат во фасадата или во гипс картонот и на тој начин да не се гледаат.