Мулти сплит клима уреди

MULTI SPLIT KLIMA UREĐAJ

МУЛТИ СПЛИТ КЛИМА УРЕДИ

Мулти сплит клима уредите се всушност сетови кои се состојат од две или повеќе внатрешни единици кои пак со електрична и фреонска инсталација се споени со една надворешна единица.Се користат за греење и ладење на фамилијарни куќи, апартмани, деловни простории, ресторани и сл. Секоја внатрешна единица си има свој далечински управувач и е целосно независна од останатите внатрешни единици. Моќноста на надворешната единица автоматски се распределува кон сите внатрешни единици во зависност од зададените температури на секоја од нив. Мулти сплит клима уредите наоѓаат одлична примена за климатизација на повеќе простории во еден ист објект кои се меѓусебно релативно блиску и каде што не е возможно поставување на одделни клима уреди (моно сплит).

Видови на мулти сплит клима уреди:
 

ДУАЛ: Две внатрешни единици и една надворешна единица

Овие клима уреди се состојат од две одвоени внатрешни единици и една надворешна единица која ги опслужува двете внатрешни единици. Двете внатрешни единици со надворешната единица се поврзани со фреонска и електрична инсталација, додека одведувањето на водата во лето се врши од секоја единица посебно. Секоја внатрешна единица има свој далечински управувач и можат целосно независно да се контролираат и независно да бидат вклучени или исклучени. Вкупниот капацитет на внатрешните единици ја одредува и моќноста на надворешната единица.

ТРИАЛ: Три внатрешни единици и една надворешна единица

Триал клима уредите, како што кажува и нивното име се состојат од три внатрешни и една надворешан единица. Исто како и кај дуалот сите единици се поврзани со надворешната единица со електрична и фреонска инсталација, додека капацитетот на сите внатрешни единици го одредува вкупниот капацитет на надворешната единица. Исто и тука секоја внатрешна единица е посебно контролирана и може независно да се вклучува и и исклучува.

КВАДРАЛ: Четири внатрешни единици и една надворешна единица.

Станува збор за истатата ситуација како кај триал изведбата само што тука имаме четири внатрешни единици и една надворешна единица. Поради поголемиот број на внатрешни единици надворешната единица треба да има поголема моќност најчесто меѓу 12-24KW.

 За домашна употреба најчесто се користат погоре споменатите мулти сплит клима уреди, додека за комерцијална употреба можно е да се комбинираат неограничен број на внатрешни единици на една надворешна единица било да се работи за фреонски или воден систем.