Најчести прашања за клима уредите

NAJČEŠĆA PITANJA O KLIMA UREĐAJIMA

Долги години искуство на едно место,се што е потребно да знаете за одржување и користење на клима уредите.

1.Зошто преку лето течи вода од внатрешната, а преку зима од надворешната единица?

Водата е всушност кондензат кој се создава на ладните делови од климата. Во лето климата ја користиме за ладење и внатрешната единица е ладна и на неа се кондензира влага од воздухот, а во зима, кога користиме греење, надворешната единица е ладна, и во влажните денови од неа почнува да течи вода. Количината на вода која течи зависи од влагата на воздухот и моќноста на уредот. Во лето можи да течи и по два литри на час.

2. Зошто клима уредот за време на греење понекогаш престанува со работа и испушта чуден звук?

 Тоа е моментот кога климата прави одмрзнување или така наречено defrost. Тоа е нормален циклус, до кој доаѓа кога надворешните температури се ниски и служи надворешната единица да се ослободи од евентуално насобраниот мраз насобран на неа. Обично трае околу 3-4 минути и се појавува еднаш во еден час, но и тоа зависи од квалитетот на клима уредот. Кај новите клима уреди функцијата defrost автоматски ја намалува силата на компресорот,така да кај квалитетните инверер клима уреди нема прекин во греењето.Сепак препорачуваме за греење да се избери клима уред со поголем капацитет, кој ќе ја компензира потребната сила во време на греење поради намалување на ефикасноста на компресорот.

3.Зошто климата слабо грее кога е ниска надворешната или внатрешната температура?

Климата не електрична греалица, таа е топлинска пумпа. Ниските температури предизвикуваат низок притисок на гасот, и тогаш климата послабо грее. Поради тоа во зима,во најладните денови, клима уредот треба да се остави да работи и преку ноќ за да се одржува минимална собна температура(16-17 C ), за наутро да можи температурата да се покачува. На тој начин просторот ќе биди подобро загреан, ќе платите помалку струја одколку да го вклучувате само повремено.

4. Која е разликата помеѓу класичната клима и инвертер?

Тоа е клима уред кој има електронско управување на компресорот,со што ги менува вртежите а со тоа и притисокот на кој работи. За разлика од класичните клими, на кои со далечински управувач се регулира температурата, инвертер уредите има карактеристика со намалување на притисокот на фреонот односно работниот гас да се регулира неговата температура и на тој начин да се регулира и температурата на воздухот во просторијата која се климатизира.Со инвертер технологијата се постигнува и до 30% поекономична работа, помало оптеретување на електричната инсталација и подобра работа во зимски услови при греење.

a.

5. Зошто од внатрешната единица повремено се слуша крцкање?


Кога климата ќе ја постигне крајната температура, надворешната единица престанува со работа, додека внатрешната продолжува да го рециркулира воздухот. Со менување на температурата на куќиштето доаѓа до ширење или стеснување на пластиката, и затоа тоа се слуша како пуцкетање.

6. Што е годишен сервис и зошто се наплатува?

Годишен сервис е поим кој често го поврзуваат со гаранција на клима уредот.За да се даде повеќе годишна гаранција, потребно е клима уредот периодично да биди прегледуван за да се отстранат потенцијалните проблеми.

Потребно е да се исчисти одводот, да се дезинфицира испарувачот, да се провери притисокот на гасот и температурата на издувните гасови, да се исчисти кондензаторот на надворешната единица.

Како и кај автомобилите, овие сервиси не се вклучени во цената на самиот уред, туку се наплаќаат дополнително.Сервисот најчесто се извршува еднаш во годината или повеќе пати во зависност од тоа во какви услови работи клима уредот.

7. Зошто климата понекогаш има непријатен мирис?

Причината се бактериите кои се насобрале преку летото на испарувачот. Во тој случај треба да се дезинфицира испарувачот.

8.Како да се користи клима уредот?

Сите нови модели се управуваат со далечински управувач. Со него се менуваат основните функции: ладење, греење,вентилација, брзината на вентилаторот и правецот на дување, а во последно време и тајмер за вклучување и исклучување. Со далечинскиот управувач не можи ништо да се расипи.

Најважно за корисникот е филтрите за прашина да бидат редовно исчистени. Ако филтрите не се чистат редовно можи да дојди до висок притисок на греење,кој можи да доведи до уништување на компресорот, или кај ладењето до замрзнување на испарувачот, кое одмрзнување ќе предизвика преливање на вода на работ на внатрешната единица. Луѓето често се прашуваат колку степени се земаат за дозволена разлика на температурата надвор или во просторот. За тоа не постои формула. Ако во просторот се задржувате повеќе, таа разлика можи да биди поголема, а ако често излегувате помала. Зависи и кој колку е осетлив. Сепак постои едно универзално правило:

Температурата на ладење на просторијата не смее да биди толку ниска, така да кога ќе влезете во просторијата нема да се чувствувате непријатно. Ако на самото влегување се „стресите“ од ладно, подигнете ја температурата за некој степен.

9. Зошто моно системи, а не дуални,триални и останати мултисплит системи?

Често луѓето се заинтересирани за можноста да вградат две или повеќе внатрешни единици на една надворешна. Дуална клима содржи две внатрешни и една надворешна единица. Најчесто кај сите производители цената е или иста или многу малку се разликува од две поединечни единици со иста сила.

Всушност тоа се две надворешни единици во едно куќиште. Најдобар пример за тоа е Panasonic кој буквално можи да се подели на два дела. Значи на цената не добиваме ништо, а поединечните клими можиме да ги купиме една по една. Надворешните единици се тешки и често се проблематични за монтажа. Кај единечните системи, надворешната единица ја поставуваме да ни биди блиску до внатрешната единица, додека кај дуалните клими најчесто инсталацијата на другата единица се простира преку пола куќа, што естетски не изгледа добро а и монтажата е поскапа. Ако кај дуалните уреди се случи дефект на заедничкиот дел од системот тогаш истовремено останувате без двата уреди. Ако се селите во друг простор многу полесно ќе се најди место за две мали единици. Ако од било која причина треба да го продадете дуалниот уред, ќе треба да имате мaлку повеќе трпение. Мислам дека ова се доволно аргументи за да се одлучите за единечна клима , освен во случаите каде нема место за две надворешни единици.

10. Предности и недостатоцина клима уредите

Недостатоци:-на ниски температури,посебно кога влагата е поголема, уредот почнува да губи од силата..Тоа се однесува посебно на класичните клима уреди, додека кај инвертер уредите тоа е поправено .Доколку сакаме целиот стан да ни биди добро затоплен за тоа ќе ни бидат потребни повеќе клима уреди. Размената на топлината е динамична, што значи дека воздухот постојано се движи и затоа се остава впечаток дека е поладно одколку што е.

Предности:-Комфор. Идеална температура во просторот преку цела година.

11. Што е топлинска пумпа?

Топлинска пумпа е име за уред кој има својство да го грее гасот кога притисокот е зголемен. Ако некој ви кажи дека вашиот клима уред троши 1 kw енергија,а дава 3 kw, сигурно ќе помислите дека тоа не е возможно. Но сепак е возможно доколку тој уред не користи електрични греачи него користи гас.Тој така практично ,,кради ‘‘ од надворешната температура и дополнително ја спушта за неколку степени. На тој начин ја надополнува разликата помеѓу испорачаната и потрошената електрична енергија. Тој однос за сплит системите се движи околу 1:3, за надворешна температура поголема од +5 степени. Проблем се јавува кога надворешната температура е ниска а влагата висока и доаѓа до создавање на мраз на надворешната единица.Со тоа се намалува преносот на топлина и дополнително се намалува капацитетот на уредот. Тој проблем се решава со функцијата defrost (одмрзнување), но кај поефтините клими и таа функција не помага многу, каде поради постојано уклучување на defrost клима уредот речиси престанува да работи.