Нови модели на Јапонски клима уреди 2019/2020

Секоја година реномирани јапонски производители на клима уреди ”лансираат ” нови подобри модели на клима уреди кои ги заменуваат старите серии.Така во 2018 и 2019 година се случи промена поради новта Европска регулатива за заштита на озонот,па новите модели користат еколошки плин R-32. Поради новиот ефикасен плин R32 и благодарение на напредната технологија сите нови модели се енергетски уште поефикасни.

Преглед на новите модели на врвните јапонски клима уреди

Mitsubishi Electric

HR INVERTER


Ви го представуваме новиот модел во нашиот асортиман од Mitsubishi Electric MSZ-HR. Моделот од 2019 година ни носи многу функции кои денес се во тренд и се пристапни за сечиј буџет.Новиот модел на врвниот јапонски производител користи еколошки и поефикасен гас R-32.Можи да вградите Wi-Fi адаптер за управување од оддалечена локација преку мобилниот телефон или компјутер.

SUPER INVERTER +

Уште еден модел на врвниот јапонски производител Mitsubishi Electric Super Inverter+  модерен бел дизајн Ви обезбедува многу висока енергетска ефикасност и според законската регулатива го сместуваме во А+++ класа. Модел кој има многу голема моќ, сигурност, компактност, и со минимална работа на вентилаторот ќе го направи вашиот простор комфорен и удобен за престојување. Во ситуација на мирување( stand-by функција)потрошувачката на електрична енергија успеа да се намали за 90%. Од додатните функции имате можност да вградите Wi-fi адаптер па може да го управувате со своите паметни телефони,таблети,компјутери кога сте на одалечена локација. Систем за контрола на модулацијата на пулсот на амплитудата, како и инвертерскиот начин на работа ја регулира работата на компресорот. Со вклучен клима уред спиењето ќе биди поудобно и тоа ќе ви биде овозможено благодарение на тивката работа и ниско ниво на бучава.

KIRIGAMINE STYLE INVERTER

Mitsubishi Electric Kirigamine Style Inverter е уште еден нов модел на врвен јапонски производител, технолошки лидер и нов рекордер во енергетска ефикасност во светот. Благодарение на иновативниот модерен дизајн, контролата, насочување и филтрирање на воздухот, 3D “I-SEE” сензори, вграден Wi-Fi адаптер за управување од одалечени локации Mitsubishi Electric Kirigamine Style Inverter клима уредите стануваат вистинскиот избор за сите кои го ценат врвниот јапонски квалитет.

Daikin

SENSIRA

Daikin Sensira Inverter е нов модел на врвниот јапонски производител, наследник на најпродаваната серија Comfort. Sensira ја применува најновата напредна технологија и обезбедува висока енергетска ефикасност и одличен комфор. Модерниот дизајн на внатрешната единица одлично се вклопува во секој интериер. Sensira користи нов високо ефикасен еколошки гас R-32. Програмирањето на уклучување и исклучување на далечинскиот управувач и можноста за вградување на Wi-fi адаптер за управување од одалечена локација го зголемува комфорот на климатизација. Енергетската класа А++ во ладење и А+ во греење за цела серија односно сите расположиви сили 10% поголема ефикасност во ладење за моделите 50 и 60 од моделите 50GV i 60GV од Comfort серијата.Тивката работа,ниското ниво на бучава ја прави оваа палета на уреди незабележлива при работа. Ладат беспрекорно и греат до -15 степени надворешна температура.

STYLISH

    Daikin Stylish Inverter е спектакуларен спој на стилот и ефикасноста достапен во бела,сребрена и црна боја. Stylish користи нов високо еколошко прифатлив гас R-32. Овој нов модел на врвен јапонски производител има вграден повеќе зонски сензори и ги детектира луѓето присутни во просторот и ги штити од директно струење на воздухот. Stylish употребува топлински сензор за одредување на температурата на делови во просторот и постигнување на изедначување на температурата. Топлотниот сензор ја мери температурата во просторијата на таков начин што ја дели мерната површина на 64 различни квадрати и според тоа врши прилагодена дистрибуција на воздухот за најдобар комфор. Програмирањето за палење и гасење на далечинскиот управувач ,вграденото Wi-Fi ја зголемува удобноста на климатизацијата. Stylish употребува ново дизајниран вентилатор за оптимизирање на проток на воздух и поголема енергетска ефикасност со пониско ниво на бучава, правејќи го вашиот дом совршено место за опуштање и одмор. Клима уредот Stylish ви овозможува најдобар квалитет на внатрешниот воздух со помош на три различни системи за филтрирање на воздухот. Тивка работа, многу ниско ниво на бучава го прават незабележителен при работа овој уред. Ладат беспрекорно и греат до -15 степени надворешна температура.

EMURA

   Daikin Emura Inverter е нов модел на врвен јапонски производител со врвна ефикасност и комфор во комбинација со супериорен дизајн достапни во бела и сребрена боја. Ефикасноста и луксузот се соединети и едноставно ќе се заљубите во неа. Дизајнирана е во Европа за да го задоволи единствениот европски осет за стил. Emura користи нов високо еколошки гас R-32. Има вграден повеќе зонски сензор за детектирање на присутните во просторот и да ги штити од директно влијание на воздухот. Програмирање на вклучувањетои исклучувањето на далечинскиот управувач и вградениот Wi-Fi адаптер за управување од одалечени локации го зголемува комфорот. Тивка работа, ниско ниво на бучава ја прават оваа палета на клима уреди незабелезителна при работа. Ладат беспрекорно и греат до -15 степени надворешна температура.

Toshiba

SEIYA

 Toshiba Seiya Inverter клима уредот е многу тивок, мирен уред кој е незабележителен при работа, ќе ве освои со својот елегантен и модерен изглед. Овој нов модел содржи пластични филтри со чија помош уште при самиот влез на воздухот го чистат од крупните нечистотии.
Со многу тивкото работење клима уредот го прави истиот да биде речиси незабележителен. Wi-Fi адаптерот за управување од подалечна локација можи да се купи како додатна опрема.

SHORAI PREMIUM 

Toshiba Shorai premium е нов модел кој со својот модерен и елегантен дизајн овозможува врвен квалитет кој ќе ги задоволи вашите потреби и ќе овозможи удобност и комфор. Плазма филтер за воздух, ефикасен електричен прочистувач на воздухот ќе се погрижат за отстранување на бактериите, вирусите и останатите штетни нечистотии, а воздухот ќе остане чист и свеж.
Со вграден супер јонизатор кој со пренесување на негативните јони влијае позитивно на подобрување на квалитетот на воздухот. Тивката работа овој клима уред го прави речиси незабележителен.

Fujitsu

STANDARD ECO INVERTER 

 Standard Eco Inverter е нов клима уред се карактеризира со добра и стабилна работа во ладење при високи температури. Со оглед на тоа дека работи многу тивко можи да се монтира и во спална соба. Клима уредите Standard Eco Inverter серијата се опремени со функционална штедлива работа, уредот ја намалува температурата за 1 степен за да ја зголеми ефиксноста и би ја намалила потрошувачката на електрична енергија. За  Wi-Fi управување потребно е да се купи и вгради адаптер.  

SUPER INVERTER

 Fujitsu Super Inverter се врвни клима уреди со модерен дизајн кои имаат широк распон од 2 kW до 9,4 kW. Работат сосема нечујно и поради тоа и најпребирливите купувачи ќе бидат задоволни. Погодна е и за во спална соба. Новиот модел благодарејќи на напредниот DC Inverter компресор постигнува одлични резултати и при многу ниски надворешни температури до – 15 степени. Во уредот е вградена опција за греење на 10 степени за да се спречат непријатности со пукање на цевките на ниски температури во зима. Оваа серија на клима уреди е идеална за соби кои се на север благодарение на можноста за ладење на температура до -15 стпени. За Wi-Fi управување потребно е да се купи Wi-Fi адаптер. Опсег на работа во ладење:од -10 степени до +43 стпени, опсег на работа во греење од -15 до +24 степени. Максимална дозволена разлика помеѓу внатрешната и надворешната единица е 20 метри и максимална висинска разлика помеѓу внатрешната и надворешната единица е до 15 метри што ја прави оваа клима одличен избор за специфични објекти и комплицирани ситуации.

ADVANCE INVERTER

 Fujitsu Advance Inverter  високо ефикасен нов модел со многу функции и ненаметлив модерен дизајн се одликува со квалитетно греење на ниски надворешни температури до -15 степени и со рамен и елегантен преден панел кој одговара на сите модерни интериери и декори. Компресорот кој управува со новиот модел на Fujitsu обезбедува енергетска ефикасност и има ненаметлив дизајн и скромни димензии. Спротивно на тоа техничките карактеристики и функции се многу раскошни. Fujitsu со новиот модел испука тешка артилерија. А+++ енергетската класа во ладење и греење обично е енергетска класа резервиран исклучиво за топ модели која цена е двојно повеќе.Новиот модел користи R32 гас , а достапен е во 4 јачини -2,0/2,5/3,4/4,2 kW. Освен многу високата енергетска ефикасност, посебно го нагласуваме многу привлечниот и истовремено ненаметливиот дизајн на овој уред. Богат е со функции и технолошки решенија, Advance inverter е опремен со Eco режим, High-Power, можност за одржување на температурата во просторот на ниво од 8-10 степени. Уредот можи да го управувате со wi-fi но треба да се купи и вгради Wi-Fi адаптер.

Panasonic

Standard INVERTER

Новиот модел STANDARD INVERTER од моделот FZ е моќен и ефикасен, со извонредна енергетска класа А ++ / А +, единствена на пазарот! FZ  работи до надворешна темпераура од -15 степени во време на греење и до -10 степени во време на ладење со многу мало ниво на бучава .
Panasonic KIT-FZ уредите се нови уреди од среден ранг на Panasonic палетата домашни ѕидни инвертер клима уреди, и како таков поседува голем број на врвни карактеристики.

COMPACT INVERTER

 Panasonic нова серија клима уреди  KOMPAKTNI INVERTER типот TZ ги има сите функции кое очекуваат од модерните клима уреди. Новата серија TZ клима уреди користи еколошки прифатлив гас R-32 . Целата серија има подобри перформанси од било кога, а цената е пониска од минатогодишниот основен модел со фреон R410A. Кога користите клима уред сакате тој да работи тивко, да биди моќен а во исто време и економичен. Panasonic TZ-TKE ги исполнува сите тие барања и уште повеќе од тоа. Внатрешната единица, во текот на работата произведува само 20 dB (A) тивок звук ,така да и во најголемата тишина нема да се слуша работењето. Овој клима уред е доста моќен и ефикасен. За ладење постигнува енергетска ефикасност клас А+++, што е без преседан за оваа класа на клима уреди. 

ETHEREA INVERTER+

 ETHEREA INVERTER TIPA Z/XZ редизајнирана Etherea. Новиот модел на јапонски врвен производител однадвор е совршен, а одвнатре има неверојатен танок дизајн. Револуционен дизајн кој совршено се вклопува во најмодерните амбиенти. Сега се достапни во елегантна сребрена мат или бела мат боја.Откријте како да постигните заштеда на енергијата со новиот Ethereom A+++. Технологијата на сензори Econavi ја намалува загубата на енергијата со прилагодување на работата на уредот во согласност со условите во просторот. Само со еден допир на копчето можете да заштедите енергијаи да ја зголемите удобноста. Набавете го најдоброто за своето здравје со клима уредот Etherea . Со помош на нано технологијата електростатичните атомизирани честички на вода со нано големина го прочистуваат воздухот во просторијата. Делува ефикасно на микроорганизмите во воздухот и ги придружува микроорганизмите како што се бактериите, вирусите и така осигурува чиста животна околина.  IF награда за дизајн е едно од најпрестижните награди за совршеност во дизајнот.Освојувањето на награди благодарение на паметната функционалност го прави Panasonic Ethereu идеален за климатизација за домаќинствата но и за комерцијални намени.