ОДВЛАЖНУВАЧИ НА ВОЗДУХОТ

ODVLAŽIVAČI ZRAKA

Одвлажнувачите на воздух се се чини единствено ефикасно „оружје“ за борба против влагата, мувлата, непријатниот морис и црните флеки на ѕидовите прдизвикани од преголема влажност. Било да се работи поради замена на дрвената дограма со ПВЦ дограма, или пак едноствано влагата навлегува во вашата просторија  поради било кои причини, овие уреди овозможуваат во потполност да се регулира влажноста во просторијата. Бројни се корисниците кои се имаат уверено во нивната супериорна моќ на дејствување во простории со преголема влага. Одвлажнувачите за воздух можат да се користат и за сушење на алишта и тоа за речиси 80% помалку трошоци во однос на класичната сушара за алишта и тоа без воопшто да се грижите за оштетувањаили гужвање на вашата облека.

Исто така одвлажнувачите за воздух можат во многу да ви заштедат време и пари особено кога станува збор за простории во кои се чуваат скапоцени предмети, архиви, колекции, предмети во магацини и сл. Со помош на овие уреди сите овие добра ќе бидат заштитени од корозија, распаѓање и други несакани појави кои се последица од преголемата влажност на воздухот.     

     Сите модели се речиси идеални за употреба во домаќинствата, деловни простори, канцеларии и сл. Вградените тркалца речиси кај сите типови и од сите производители ги прават многу практични за употреба во незагреани гаражи, вински подруми, архиви, работни простории, тавани итн. Одвлажнувачите за воздух се исто така идеални за долготрајна употреба без надгледување (за викендици, дуќани) поради вградениот двоен систем за одведување на кондензатот (водата). Во случај на прекин на електрична енергија имаат опција за ауто рестарт. Водата може да се собира во вградените резервоари или пак константно да се одведува со одводно црево. Доколку кондензираната вода се собира во резервоар, уредот автоматски се исклучува кога тој ќе се наполни. Овие уреди се наменети за кондензирање на водата и намалување, како и одржување на процентот на влага во просторијата. Може да се користи во дневни престои, магацини, подруми, гардероби, купатила и сл. Исто така, овие уреди во многу помагаат при решавање на проблемите настанати при навлажнување на ѕидовите предизвикани од поплави. Одвлажнувачите на воздухот како што и погоре напоменавме се речиси идеални уреди за сушење на алиштата но, во исто време можат да влијаат мошне ефикасно во заштитата на вашиот ентериер или кујнските апарати во услови на превисока влажност на воздухот.