ПОДНИ – ПАРАПЕТНИ КЛИМА УРЕДИ

PODNI - PARAPETNI KLIMA UREĐAJI

Подните клима уреди се многу барани клима уреди секаде каде што имаме посебни потреби за греење, а најчесто се користат за климатизирање на станови, куќи, деловни простории и објекти со специфични потреби за климатизација

 Овие клима уреди можат да се најдат од сите поголеми реномирани производители на клима уреди. Тие се одликуваат со ексклузивен дизајн и со поквалитетно греење поради пониското издувувањето на воздухот во однос на подот и на тој начин во потполност ги заменуваат класичните радијатори, обезбедувајќи уште поголем комфор. Ова особено доаѓа до израз во сезоната на греење каде што знаеме за карактеристиките на топлиот воздух дека се движи од долу кон горе. Внатрешната единица на овој клима уред се поставува на ѕидот непосредно над подот или пак на самиот под а со надворешната единица е поврзана како и останатите клима уреди со фреонска и електрична инсталација. Овие типови на клима уреди овозможуваат многу ефикасна климатизација, особено во делот на греењето на просторот. Овие типови на клима уреди се разликуваат најнапред по моќноста, дизајнот, бојата, видови на филтри, системи за прочистување иобогатување на воздухот и сл. Врз основа на сите овие карактеристики зависи пред се и нивната цена. 

Подните – парапетните клима уреди одлично се вклопуваат во модерните ентериери а со своите високи технички можности обезбедуваат комфорно ладење а посебно греење. Изборот на моќност зависи како и за сите клима уреди од површината/волуменот на просторот, намената, локацијата, цената, навиките и потребите на луѓето и сл.