Поправка на клима уредот
Почитувани купувачи, ако имате било каков проблем со Вашиот клима уред слободно јавете ни се и ние ќе ја оправдаме Вашата доверба поради тоа што зад нас се повеќе од 15 години работа и огромен број на поправени клима уреди. На Вашиот повик доаѓаме и вршиме дијагностицирање заради утврдување на дефектот како и даваме проценка и понуда за поправка на клима уредот.
Дијагностичкиот преглед опфаќа:
- доаѓање на објектот
- расклопување на клима уредот
- пронаоѓање на дефектот со дијагностички методи и професионални иинструменти
- по потреба, пробна замена на неисправниот елемнт и пуштање на клима уредот во пробна работа
- давање понуда за поправка
Доколку дефектот е помал и ако го решиме едноставно без потреба од резервни делови или пак дополнително доаѓање таа поправка е вклучена во цената на дијагностичкиот преглед а останатот се договора на лице место со сопственикот на клима уредот.
Цената на поправката варира во зависност од типот на дефектот, моќноста на клима уредот и од цената на резервните делови кои треба да се променат. Дијагностичкиот преглед се наплаќа 1200 денари. Доколку се одлучите ние да го поправиме клима уредот дијагностичкиот преглед влегува во цената на поправката.
Доколку станува збор за непостоечки недостаток (слаби батерии на далечинско, несоодветен мод ладење, греење на далечинското, очекувања кои се нереално високи и не соодветствуваат со реалните параметри на клима уредот, ситуации кои не се предвидени во гарантниот лист(проблеми во ел. мрежа, паднат осигурач, и слични) цената за таква интервенција изнесува 500 ден.