ПОСТАВУВАЊЕ ПРВА ФАЗА ВО МОНТАЖАТА НА КЛИМА УРЕДОТ
Секој моно сплит клима уред кој се состои од внатрешна и надворешна единица мора да има инсталација со која се поврзуваат овие две единици. Таа инсталација се состои од две бакарни изолирани цевки, електричен кабел помеѓу внатрешната и надворешната единица и црево за одведување на кондензатот од внатрешната единица. Исто така потребно е да се поврзи кабелот за напојување на клима уредот и црево за одвод на водата од надворешната единица.
Инсталациите најчесто се поставуваат наѕидно во ПВЦ канали или изолирано со украсна изолациона трака. Во случаи кога тоа е можно инсталацијата може да се постави и вградена во ѕидот и во тој случај таа не се гледа. Доколку се поставува во ѕидот треба потоа да се повика мајстор да ги санира ѕидовите.За ваква ситуација по правило треба да се изврши преглед на објектот после што ќе ви доставиме комплетна понуда.