ПРЕНОСНИ НАСПРЕМА СПЛИТ СИСТЕМИ
Не знаете кој тип на клима уред да го изберете?
Сплит системи или преносни клима уреди? Целта и на двата типа им е иста, но помеѓу овие два типа постојат и значителни разлики. Преносните клима уреди се пофункционални и нив можете да ставате во било која просторија. Во овој случај ако сте во потрага по ваков тип на клима уред а не знаете кој да го изберете тогаш продолжето со читање за да видите кои се предности и недостатоци на истите. За преносните клима уреди постои голема заинтересираност пред се поради нивната мобилност и многу едноставната монтажа. Меѓутоа постојат и некои други согледувања кои треба да се имаат предвид при купувањето на клима уред. Пред се прва работа која треба да се знае дека преносните клима уреди користат компресор и разладен медиум и според тоа се многу ефикасни, ја одржуваат влагата на ниско ниво и овозможуваат правилно ладење. Меѓутоа и покрај тоа што се ефикасни, распонот на ладење неефикасното управување со влагата како и некои проблеми со поставувањето се некои од недостатоците кои треба да се земат предвид при донесувањето на одлука.
Предности на мобилните клима уреди
Мобилност
- За разлика од класичните клима уреди, овие урди можат многу лесно да се пренесуваат од една во друга просторија со помош на тркалца кои се монтирани на самиот уред. Тоа е најголемата предност на овие клими. Со оглед на тоа што се мобилни можете во текот на денот да ги користите пример во дневната соба, а во текот на ноќта во спалната соба.
Едноставно монтирање(инсталација)
- Ништо не е поедноставно од тоа уредот да може да го користите веднаш штом го извадите од кутијата. Токму тоа се случува при набавка на преностен клима уред. Монтирањето е исклучително едноставна и бесплатна. Не Ви се потребни мајстори, штрафови, бушење и сл. Единствена работа е да обезбедите издувен отвор низ кој топлиот воздух ќе излегува од просторијата.
Цена
- Преносните клима уреди се помали па и цените се пониски во однос на сплит системите.
Погодни за во станови и останати простории кои се изнајмуваат
- Кога станува збор за живеалишта кои ги изнајмуваме, постојат големи ограничувања во однос на опремата која сакаме да ја користиме во истите. Поради тоа што не се знае до кога ќе биде нивното изнајмување, погодно е опремата, мебелот и сл. да бидат погодни за транспорт и да можат да се адаптираат во различни типови на простор а исто така и да бидат едноставни за инсталација во новата куќа. Во една ваква ситуација преносниот клима уред е најдобро решениа баш поради неговата мобилност и едноставна и брза инсталација и тоа што лесно се адаптира во секоја просторија. Каде и да одите до ставате во кутија и го носите во новот живеалиште. Едноставно зар не?
Недостатоци на преносните клима уреди
побучни од останатите клима уреди
- Знаејќи дека се во потполност не може да биде совршено, така и овие уреди имаат свои недостатоци. Како прво создаваат поголема бучава од останатите клима уреди. Како резултат на тоа некои се откажуваат од нивното купување поради фактот што таа бучава воопшто не е пријатан а може да смета и во работата. Во определени случаи кога се монтирани на прозор оној дел на единицата кој е побучен се наоѓа од надворешната страна и со тоа автоматски се намалува бучавата која доаѓа од единицата.
Ограничен простор
- Клима уредот има можност да ја апсорбира влажноста од воздухот во просторијата и со тоа се создава пријатна атмосфера. Но влагата која е апсорбирана мора да биде исфрлена. Во самата клима има помал сад за собирање на кондензатот кој се полни мошне брзо и треба често да се празни. Овај проблем се решава со поставување на црево со кое се спроведува кондензираната вода надвор но за тоа е потребна интервенција од овластен мајстор.
Помала ефикасност
- Преносните системи со еден канал за одведување на отпадната топлине дефинитивно се помалку ефикасни од класичните сплит системи. Тука доаѓа до непотребно губење на енергија. Како алтернатива постојат клима уреди кои имаат два канали (цевки) и така се насочува топлиот и ладниот воздух во соодветна просторија што е многу поефикасно решение. Иако овие уреди се преносни, постојат и многу други проблеми поврзани со нивната мобилност. Имено тие се многу тешки, па отежнато е нивното разместување низ просторијата, посебно со оглед на фактот што на подот од просторијата најчесто се поставени тепици, лајсни и сл. кои го отежнуваат движењето односно преместувањето.