Превентивен сервис на клима уредот

PREVENTIVNI SERVIS KLIMA UREĐAJA

Доколку сакате Вашиот клима уред да работи беспрекорно и да биде целосно исправен потребно е да извршува превентивен сервис.

Превентивниот сервис вклучува:

  • Визуелен преглед на внатрешната и надворешната единица
  • Проверка на состојбата на филтрите во внатрешната единица
  • Вадење на капакот на внатрешната единица
  • Контрола на состојбата, чистота на изменувачот, турбината и кадичката за кондензат на внатрешната единица
  • Чистење на куќиштето и филтрите на внатрешната единица
  • Одмастување и дезинфекција на испарувачот
  • Проверка на работата во режим на ладење односно греење
  • Мерење на температурата на усис и издув на внатрешната единица
  • Проверка на работата на вентилаторот на надворешната единица
  • Проверка на работата на турбината на внатрешната единица
  • Мерење на притсокот на фреонот (се врши доколку измерената температура на усисување и издувување на внатрешната единица одстапува од фабричките параметри)
  • Проверка на спојките на инсталациите(фреонските, електро и одвод на кондензот)
  • Проверка на механичките зацврстувања(држач на внатрешна и надворешна единица)
  • Проверка на одливот на вода од надворешната и внатрешната единица
  • Одзатнување на цревото за одвод на кондензатот
  • Проверка на состојбата на изолацијата на бакарните цевки
  • Контрола на работата на далечинскиот управувач
  • Санација на помали оштетувања или неисправности

 Ако при извршување на превентивниот сервис се воочи некоја неправилност или намалена ефикасност на клима уредот даваме бесплатна проценка и понуда за поправка

Сервисирајте го Вашиот клима уред во специјализирана фирма за климатизација

  • бидејќи даваме гаранција за квалитет 6 месеци.
  • бидејќи договараме паушално одржување на исправни клима уреди
  • бидејќи превземаме гаранција на исправни клима уреди
  • бидејќи користиме професионални средства за чистење и дезинфекција
  • не користиме детергенти кои се користат во домаќинството кои се штетни за здравјето а истовремено со своите кисели својства го нагризуваат бакарот, алуминиумот, железото и предизвикуваат рѓа и најпосле предизвикуваат истекување на фреонот односно расипување на клима уредот. 

 
ПРЕДНОСТИ НА РЕДОВНОТО ОДРЖУВАЊЕ НА КЛИМА УРЕДОТ

  1. ГАРАНЦИЈА – можност за продолжување и до 7 години
  2. ЗДРАВЈЕ– намален ризик за чести прелади, алергии, астма
  3. ХИГИЕНА– нема непријатни мириси и капење на вода – кондензат
  4. ЕКОНОМИЧНОСТ– дури и до 30% помала потрошувачка на електрична енергија
  5. ФУНКЦИОНАЛНОСТ–многу поголем учинок и подолг век на траење на клима уредот