Превентивен сервис на клима уредот
Доколку сакате Вашиот клима уред да работи беспрекорно и да биде целосно исправен потребно е да извршува превентивен сервис.
Превентивниот сервис вклучува:
- Визуелен преглед на внатрешната и надворешната единица
- Проверка на состојбата на филтрите во внатрешната единица
- Вадење на капакот на внатрешната единица
- Контрола на состојбата, чистота на изменувачот, турбината и кадичката за кондензат на внатрешната единица
- Чистење на куќиштето и филтрите на внатрешната единица
- Одмастување и дезинфекција на испарувачот
- Проверка на работата во режим на ладење односно греење
- Мерење на температурата на усис и издув на внатрешната единица
- Проверка на работата на вентилаторот на надворешната единица
- Проверка на работата на турбината на внатрешната единица
- Мерење на притсокот на фреонот (се врши доколку измерената температура на усисување и издувување на внатрешната единица одстапува од фабричките параметри)
- Проверка на спојките на инсталациите(фреонските, електро и одвод на кондензот)
- Проверка на механичките зацврстувања(држач на внатрешна и надворешна единица)
- Проверка на одливот на вода од надворешната и внатрешната единица
- Одзатнување на цревото за одвод на кондензатот
- Проверка на состојбата на изолацијата на бакарните цевки
- Контрола на работата на далечинскиот управувач
- Санација на помали оштетувања или неисправности
Ако при извршување на превентивниот сервис се воочи некоја неправилност или намалена ефикасност на клима уредот даваме бесплатна проценка и понуда за поправка
Сервисирајте го Вашиот клима уред во специјализирана фирма за климатизација
- бидејќи даваме гаранција за квалитет 6 месеци.
- бидејќи договараме паушално одржување на исправни клима уреди
- бидејќи превземаме гаранција на исправни клима уреди
- бидејќи користиме професионални средства за чистење и дезинфекција
- не користиме детергенти кои се користат во домаќинството кои се штетни за здравјето а истовремено со своите кисели својства го нагризуваат бакарот, алуминиумот, железото и предизвикуваат рѓа и најпосле предизвикуваат истекување на фреонот односно расипување на клима уредот.
ПРЕДНОСТИ НА РЕДОВНОТО ОДРЖУВАЊЕ НА КЛИМА УРЕДОТ
- ГАРАНЦИЈА – можност за продолжување и до 7 години
- ЗДРАВЈЕ– намален ризик за чести прелади, алергии, астма
- ХИГИЕНА– нема непријатни мириси и капење на вода – кондензат
- ЕКОНОМИЧНОСТ– дури и до 30% помала потрошувачка на електрична енергија
- ФУНКЦИОНАЛНОСТ–многу поголем учинок и подолг век на траење на клима уредот