Принцип на работа на клима уредот

Ефектот на ладење на клима уредот се постигнува со циркулација на работниот гас-фреон во т.н кружен процес. Фреонот во форма на капки влегува во испарувачот кој се наоѓа во внатрешната единица па со проаѓањето низ цевките испарува. За процесот на испраување е потребна топлина а таа топлина фреонот ја превзема од воздухот од просторијата. На тој начин воздухот со поминување низ испарувачот се лади. Откако фреонот испарил, тој во гасовита состојба низ цевките се враќа во компресорот на надворешната единица. Компресорот го компресира фреонот а со тоа му ја зголемува и температурата и тој таков влегува во кондензаторот кој исто така се наоѓа во надворешната единица каде повторно поминува во течна состојаба.При процесот на кондензација се ствара топлина која ја превзена надворешниот воздух кој што пак поминува низ кондензаторот и на тој начин тој воздух се загрева.Од кондензаторот втечнатиот работен гас доаѓа до термоекспанзиониот вентил во кој му се смалува притисокот и температурата и како таков влегува во испарувачот и процесот почнува повторно. Затоа велиме дека станува збор за кружен процес. Испарувачот и кондензаторот се всушност изменувачи на топлина во кои струи работниот гас – фреон. Тие се составени од бакарни цевки, поврзани со алуминиумски ламели кои ја зголемуваат изменувачката површина а со тоа и обемот на разменетата топлина (енергија). Струењето на воздухот во испарувачот и кондензаторот во многу е потпомогнато од вентилаторите кои се наоѓаат во нив. Заедно со испарувачот во внатрешната единица се наоѓа тангецијален вентилатор, додека заедно со кондензаторот во надворешната единица се наоѓа аксијален вентилатор.

Клима уредот може и да го загрева воздухот во просторијата, а ефектот на греење се постигнува со т.н деснонасочен кружен процес кој во суштина е ист со погоре објаснетиот само се одвива во спротивна насока. Во овој случај испарувачот во внатрешната единица игра улога на кондензатор, додека кондензаторот во надворешната станува изпарувач. Воздухот со поминување низ внатрешната единица се грее искористувајќи ја топлината на кондензацијата додека пак надворешниот воздух се лади. Насоката на процесот може да се менува со помош на т.н. четворокрак вентил кој овозможува фреонот да циркулира во двете насоки.   

Инвертер

Инвертер е посебен клима систем кој ја постигнува бараната температура за пократко време. Има варијабилен компресор кој постојано ја прилагодува својата моќност во зависност од постигнатата температура во просторијата и зададената со далечинскиот управувач. Овај тип на клима уреди имаа повеќе степени на моќност за ладење/греење во однос на обичните клима уреди. За да ја постигне зададената температура потребна е голема снага за ладење/греење. Кога ќе се постигни зададената температура потребна е мала сила за нејзино оддржување. Ваквиот начин на функционирање штеди време и енергија која е потребна за климатизирање. Инвертер клима уредите  се најефикасни уреди за климатизација благодарение на софистицирани компресори и електроника но и карактеристиките на фреонот со кои се постигнуваат енергетска ефикасност од речиси 4:1 во однос на потрошувачката на ел. енергија.

Одржување на клима уредот

Воглавно одржувањето на клима уредот треба да им се препушти на стручни лица. Се што е поврзано со испарувачот и останатите делови во внатрешната единица најдобро е да не се ѓибаат. Она што можете сами да го направите е повремено чистење на филтрите во внатрешната единица, контрола на изолацијата на цевките за одвод на топлината и одводното црево.

Филтри

Филтрите служат за прочистување на воздухот и подобрување на неговиот квалитет. Во текот на употребата филтрите се валкаат и го оневозможуваат слободниот проток на воздух, па затоа треба редовно да се проверуваат и чистат а се со цел да се обезбеди најголема ефикасност и корисност на клима уредот. Филтрите треба да се проверуваат секој месец -два во сезоната на ладење. Почеста проверка е нужна ако климата се користи поинтензивно во прашинаста околина, ако чувате куќни миленици и сл.

Го прочистуваат воздухот од ситни честички на прашина или чад. Тие работат на електростатски принцип, а можат да бидат обновливи или необновливи. Филтрите за освежување на просторот пак служат за елиминирање на непријатните мириси во воздухот предизвикани со пушење, готвење, домашни миленици и сл.

Јонизатори

Тие служат за создавање на поздрава и поугодна животна средина. Научно е докажано дека воздухот надвор од населените места, на повисоките места, околу реките е многу побогат со негативни јони.Негативните јони во воздухот можат да го намалат крвниот притисок, го намалуваат нивото на стрес на кој сме секојдневно изложени, го помагаат метаболизмот, ја намалуваат исцрпеноста, го намалуваат процентот на влага и отстрануваат мириси.