Севис на клима уредот за продолжена гаранција
Сите купувачи кои имаат купено или клими од Битмонт клима ДООЕЛ или пак ние имаме сизвршено монтажа на истите, имаат можност да го продолжат гарнтниот рок на нивниот клима уред на период од 7 години
Единствен услов е секоја година да се врши годишен сервис за продолжена гаранција.
Цената на овој годишен сервис изнесува 1200 денари и опфаќа:
РАБОТИ НА ВНАТРЕШНАТА ЕДИНИЦА
- чистење и дезинфекција на маската и куќиштето со филтрите за воздух
- отстранување на капакот на внатрешната единица
- чистење на испарувачот со хемиски средства
- чистење на кадичката за кондензат
- чистење на каналиците на испарувачот
- чистење на одводното црево со продувување и со вода
- чистење на турбината
- исплакнување со вода – наносување на заштитно средсво за дезинфекција
- мерење на температурите на усисување и издувување (на ладење меѓу 8 и 12 С)
- контрола на елекромеханичките склопки
- контрола на фреонската и електричната инсталација
РАБОТИ НА НАДВОРЕШНАТА ЕДИНИЦА
- мерење на работните параметри, работниот притисок и притисоците на фреонот
- контрола на работата на вентилаторот
- проверка на механичките прицврстувања
- пополнување и заверка на работниот налог
ПРЕДНОСТИ НА РЕДОВНОТО ОДРЖУВАЊЕ НА КЛИМА УРЕДОТ:
- ГАРАНЦИЈА– можност за продолжување на гаранцијата до 7 години
- ЗДРАВЈЕ– се намалува ризикот од често преладување, алергии, астма и слично
- ХИГИЕНА – нема непријатни мириси и капење на вода – кондензат
- ЕКОНОМИЧНОСТ– дури и до 30 % помала потрошувачка на електрична енергија
- ФУНКЦИОНАЛНОСТ– многу поголема ефикасност и подолг век на траење на клима уредот