Што е добро да се знае при купување на клима

Најчести прашања поврзани со клима уредите

  1. Зошто во лето течи вода од внатрешната единица, а во зима од надворешната?
  2. Зошто климата кога е во мод на греење понекогаш престанува со работа и испушта чуден звук?
  3. Зошто климата слабо грее кога е ниска надворешната или внатрешната температура?
  4. Која е разликата помеѓу класичен клима уред и инвертер?
  5. Зошто од внатрешната единица повремено се слуша крцкање или пуцкетање?
  6. Што е годишен сервис, што содржи и колку се наплаќа?
  7. Зошто понекогаш климата има непријатен мирис?
  8. Како се користи клима уредот?
  9. Зошто моно системи а не дуал триал и останати мултисплит системи?
  10. Кои се предности и мани на клима уредите?
  11. Што е топлинска пумпа?
  12. Кај комшијата / роднините климата многу повеќе грее/лади ?!
  13. Порано климата многу повеќе грееше/ладеше?!
  14. Надворешната единица е многу бучна
  15. Каде да најдам упатство за работа со клима уредот?

1. Зошто во лето течи вода од внатрешната единица, а во зима од надворешната?
Водата е всушност кондензат кој настанува на ладните делови на климата. Летото се користи за ладење и внатрешната единица е ладна, па на неа се кондензира влагата од воздухот во просторијата, додека во зима кога се користи за греење, надворешната единица е ладна и во неа се кондензира влага од надворешниот воздух. Количината на вода зависи од влажноста на воздухот како и од моќноста на клима уредот. Во лето количината на кондензирана вода може да биде и до 2 л/час.

 2. Зошто климата кога е во мод на греење понекогаш престанува со работа и испушта чуден звук?
Тоа е моментот кога климата оди во мод на одмрзнување или т.н defrost. Тоа е всушност нормален циклус до кој доаѓа кога надворешните температури се ниски и најчесто служи за тоа надворешната единица да се ослободи од мразот кој на неа се создал. Обично трае 3-4 минути и се повторува отприлика на секој час по еднаш, но тоа зависи од квалитетот на клима уредот.

  3. Зошто климата слабо грее кога е ниска надворешната или внатрешната температура?
Треба да се знае дека климата не е електричен греач туку топлинска пумпа. Ова значи дека ниските температури предизвикуваат низок притисок на работниот гас, а тогаш климата послабо грее. Поради тоа треба во зима во најладните денови, да се остави уредот да грее и ноќе и да одржува некоја минимална собна температуре (16-17 степени), така што наутро може да се отпочне со подигнување на температурата. На овој начин просторот ќе се загрее подобро а и ќе потрошите помалку струја , отколку да ја приклучувате климата само повремено.

4. Која е разликата помеѓу класичен клима уред и инвертер?
Ова е можеби и најпоставуваното прашање при изборот на клима уредот. И за волја на вистината дури и долгогодишни трговци и монтажери не го знаат вистионскиот одговор. Значи инвертер е клима уред кој има електронски (автоматски) управуван компресор кој ги менува вртежите а со тоа и притисоците на кои работи. Додека кај обичните клима уреди само се подесува температурата со далечинскиот управувач и таа служи само како термостат – кога ќе се постигни, компресорот престанува да работи. Значи тука тој или работи или не работи. Кај инвертерот имаме неколку степени на моќност така што како што се приближува температурата до зададената, така се намалуваат и притисоците на работниот гас, односно моќноста на греење. Со тоа се добива околу 30% поекономична работа, помало оптеретување на електричната инсталација бидејќи нема постојано вклучување и исклучување, се зголемува работниот век на компресорот а една од најголемите придобивки е далеку подобра работа во зимски услови.

5. Зошто од внатрешната единица повремено се слуша крцкање или пуцкетање?
Тоа е дилатација на пластиката и тоа е сосема нормално кај сите видови на клима уреди. Кога климата ќа ја постигни зададената температура, со работа престанува само надворешната единица, додека внатрешната продолжува да го рециркулира воздухот. Со промена на температурата на куќиштето доаѓа до ширење или стискање на пластиката , па тоа се слуша како некое крцкање или пуцкетање.

 6. Што е годишен сервис, што содржи и колку се наплаќа?
Годишниот сервис е поим што често луѓето го поврзуваат со гаранцијата на клима уредот. За да се даде повеќегодишна гаранција потребно е тој уред периодично да се прегледа со цел да се отсранат некои потенцијални проблеми кои можат да се јават при работата на клима уредот. Потребно е да се дезинфицира и исчисти испарувачот, да се провери одводот од внатрешната единица, да се издува кондезнзаторот на надворешната единица, да се преконтролирана притисокот на работниот гас и сл. Како и кај автомобилите овие трошоци не се вклучени во цената на самиот уред, туку дополнително се наплаќаат. Цените на овие услуги варираат и се извршуваат најчесто еднаш годишно но и почесто во зависност од тоа за кој тип на уред се работи.

 7. Зошто понекогаш климата има непријатен мирис?
Причината е во бактериите кои преку летото се насобираат на испарувачот. Во тој случај е потребно да се направи сервис со кој ќе се дезифицира испарувачот(внатрешната единица).

8. Како се користи клима уредот?
Кај речиси сите модели, управувањето се извршува со далечински управувач. Со него се менуваат сите функции (ладење, греење, одвлажнување, вентилација ) брзина на вентилаторот, насока на дување, се задава температура и сл. Во последно време речиси сите модели имаат и различни тајмери за автоматско вклучување и исклучување во определено време. Исто така а во последно време се е почеста и опцијата за контролирање на клима уредот од оддалечени локации преку WI FI. Со далечинскиот управувач не може ништо да се расипи. Поради тоа од далечинското не треба да се плашите. Но тоа не значи дека со него треба да си играте и да ги менувате режимите наизменично со копчето MODE. Во тој случај ќе го “збуните“ клима уредот и треба да почекате 5-6 минути за да продолжи со нормална работа. Единствено што е значајно е редовно чистење на филтерот за прашина. Ако тој не се чисти редовно може да дојде до многу висок притисок при мод на греење кој може да го оштети компресорот, или пак при ладење да дојде до замрзнување на внатрешната единица, и при нејзино одмрзнување може да дојде до преливање на вода од внатрешната единица и да предизвика несакани последици. Често се поставува прашањето колкава треба да биде температурната разлика помеѓу надворешниот воздух и дома. За тоа не постои универзална формула но се смета дека доколку во просторијата се задржувате подолго разликата може да биде поголема и обратно. Исто така зависи и од тоа колку е некој осетлив на промената на температурата. Се чини дека едно е универзално: доколку при влезот во просторијата се чувствувате неудобно тогаш треба да се зголеми или намали темпаратурата за некој степен. 

9. Зошто моно системи а не дуал триал и останати мултисплит системи?
Честопати клиентите ги интересира можноста за вградување на две, три или повеќе внатрешни единици на една надворешна (дуал триал и.т.н.) Речиси кај сите производители цената на една се разликува многу малку или пак воопшто не се разликува од две надворешни единици со иста моќност. Ние всушност тука имаме две надворешни единици во едно куќиште. Најдобар пример се дуал системите на Panasonic кој буквално може да се раздели на два дела. Значи во однос на цената не добиваме ништо, додека поединечните клими можеме да ги купиме една по една. Мулти надвирешните единици се многу тешки и проблематични за монтажа. Кај поединечните системи надворешните единици се поставуваат во непосредна близина на внатрешните додека кај дуал единиците најчесто инсталацијата на втората единица ќе ја развлекувам преку половина куќа. Тоа не е воопшто естетско решение но и трошоците за монтажа се многу повисоки. Исто така ако се случи некој дефект кај дуал -от на заедничкиот дел од системот ќе останите истовремено без двата уреди. Ако се преселувате многу побрзо ќе се најди место за две помали отколку за една надворешна единица. Ако пак од било која причина се одлучите да ја продавате оваа дуал клима ќе ви биде потребно големо големо трпение. Мислам дека овие се доволно аргументи да се одлучите на купување на поединечни системи, освен во случаи кои се многу ретки каде нема место за вградување на две или повеќе клима уреди. 

10. Кои се недостатоци и предности на клима уредите?
Недостатоци:
– На ниски температури, а посебно ако влагата е голема губат на својата моќност. Тоа особено се однесува на класичните клима уреди додека кај инвертерите тој опсег на работа е значително подобрен.
– Ако сакате да го покриете цел стан во голем број на случаи би ви требало две или повеќе клима уреди или пак мулти сплит систем што во суштина е исто.
– Измената на топлината е динамичка, што ќе рече дека воздухот во просторијата постојано струи, па се стекнува впечаток дека е всушност поладно отколку што навистина е.
Предности:
– Комфор. Идеална температура на животниот и работниот простор во текот на целата година.
– Здравје. Приказните за здравјето и тоа дека климатизерите влијаат негативно врз здравјето на луѓето паѓаат во вода кога се знае колку срцеви болни вградиле клима уреди првенствено поради тоа да ги преживеат летните горештини. Ако уредот се користи правилно и не се претерува со разлика во температурите во просторијата и надвор, никој не може да каже дека е поздраво да се превртувате цела ноќ од жештина отколку да спете мирно покриени со нежна покривка.
– Економичност. Стан о д педесетина квадрати може да се загрева цела зима за некои 12-13000денари. Во однос на термо печка тоа е 2-3 пати поевтино.
– Чистота. Нема чад нема пепел како кај дрвата ниту пак азбестна прашина како кај термо печката. Наместо тоа има филетри кои ја собираат прашината, обично и електростатски филтри кои уништуваат разни бактерии, додека некои уреди имаат и јонизатори кои го прочистуваат воздухот од непријатни мириси и произведуваат озон.
– Брзина. После само неколку минути од вклучувањето, ако уредот е правилно димензиониран во просторијата се чувствува промена на температурата. Покрај тоа со помош на тајмерите кои ги има во сите модели можно е подесување на вклучувањето и исклучувањето на уредот.  

11. Што е топлинска пумпа?
Топлинска пумпа е назив на уред со кој се користи својството на гасот да се загрева при зголемување на неговиот притисок. Ако некој Ви каже дека климата троши 1 KW електрична енергија а дава 3KW енергија, најверојатно ќе помислите дека тоа не е можно. Но можно е ако тој исти клима уред за медиум на греење не користи електрични греачи туку гас. Тој практично „кради“ дел од надворешната топлина така што дополнително ја спушта за неколку степени. На тој начин се остварува таа разлика меѓу предадената и потрошената енергија. Тој сооднос обично се движи 1:3 за сплит системите за надворешна температура поголема од +5 С. Проблем се јавува кога надворешната температура е многу ниска а влагата мошне висока, тогаш се создава мраз на надворешната единица, што ја намалува таа размена на топлината и со тоа доплнително се намалува капацитетот на клима уредот. Тоа додуша е до некаде решено со системорт за одмрзнување – defrost, но кај ефтините клима уреди ни тоа многу не помага бидејќи климата едноставно поради постојаното вклучување на defrost-от престанува да работи.