Што е клима уред

Сплит систем

   Најчесто во пракса сретнуваме клима уреди т.н. сплит систем. Тоа е таква изведба на клима уред која се состои од два основни дела: надворешна и внатрешна единица. Надворешната единица се состои од компресор и кондензатор додека во внатрешната единица се наоѓа испарувачот. Надворешната и внатрешната единица се поврзани со изолирани бакарни цевки во кои циркулира работниот гас – фреон.

ДЕЛОВИ НА КЛИМА УРЕДОТ

Надворешна единица: компресор, кондензатор, аксијален вентилатор, термоекспанзионен вентил, куќиште.

Внатрешна единица: испарувач, тангенцијален вентилатор, филтер, куќиште и контролер (електроника).

ПОДЕЛБА НА КЛИМА УРЕДИТЕ

По намена:

По број на внатрешни единици:

Една внатрешна и една надворешна единица. Овие клима уреди се најзастапени и се состојат од две одделни единици: внатрешната (која се става на ѕидот на просторијата која сакаме да ја климатизираме) и надворешна (која се поставува надвор во близина на внатрешната единица и која служи за ослободување на топлината надвор од просторијата). Меѓусебно се поврзани со гасна и електрична инсталација.

Дуал: две внатрешни и една надворешна единица. Внатрешните и надворешната единица исто така се споени со гасна и електрична инсталација. Секоја внатрешна единица има посебен далечински управувач и може посебно да се контролира – вклучува/ исклучува и сл. Вкупната моќност на двете единици ја одредува моќноста на надворешната единица.

Овие клима уреди се состојат од три внатрешни и една надворешна единица. Исто како и кај дуал-от сите три внатрешни единици се засебни и можат да се контролираат секоја со свој далечински управувач.

Кога станува збор за повеќе од три внатрешни единици, а една надворешна, постојат и такви производители кои нудат одделно внатрешни модули и надворешни единици. Останува на клиентот во консултација со стручно лице да избере која опција најповеќе му одговара. Значи најпрво се проектира вкупната топлинска енергија која што е потребна за греење или ладење а потоа се пристапува кон одбирање кој систем да се вгради. Можно е на една надворешна единица да се поврзат 4, 5 па и повеќе внатрешни единици. Треба да се знае дека кај ваквите системи надворешната единица е многу голема и за вакви системи е потребно посебна проверка на електричните инсталации, можноста за спроведување на инсталациите низ објектот и сл.

По тип на внатрешна единица:

Најпрактичен и најбаран тип на клима уреди според местото на поставување на внатрешната единица се ѕидните клима уреди. Овие се најповеќе користени уреди во сите области: куќи, станови, дуќани, локали, канцеларии и сл. Се карактеризираат со релативно едноставна монтажа и одржување.

Се монтираат најчесто во деловни простории, хотели, банки и сл. Главна разлика е таа што кај овие клима уреди се врши рамномерно распространување на топлиот /ладниот воздух. Овие уреди можат да се вградат во ѕид или на таван. Тука воздухот не се испушта само од едно место (низ внатрешната единица) туку преку систем кој го опфаќа целиот простор. На овој начин се осигурува рамномерна дистрибуција на топлината во просториите.

Се употребува главно во деловни простории, хотели, конференциски сали и други простории со спуштен таван каде што е потрбен поголем капацитет на греење/ладење. Воглавно имаат 4- насочен издув кој овозможува рамномерно распределување на разладениот или загреаниот воздух.

Парапетни клима уреди можат да се монтираат на таван или пак на ѕид веднаш над подот. Се користат во поголеми простории каде што е потребен поголем испуст на загреан/ изладен воздух.

КАПАЦИТЕТ

Ефект на ладење – се изразува во KW но често пати и во BTU/h (1 BTU/h = 0.293W). Ефектот на ладење е базиран на температурата во просторијата 27/19C на надворешна температура 35 С.

Ефект на греење – овој капацитет е заснован на температура на просторијата од 21 С и надворешна температура 7/6С. Најчести модели се по ефект на ладење: 2,1 2,6 3,5 3,7 или 7000 9000 12000 18000 24000. По ефект на греење 2,5 3,2 3,8 5,6 7,9BTU/h 8500 11000 13000 19000 29000
ВЛЕЗНА МОЌНОСТ НА КЛИМА УРЕДОТ ја прикажува реалната потрошувачка на електрична енергија при ладење/греење- се прикажува во KW/h.

ЕНЕРГЕТСКА КЛАСА – Тоа е класификација на клима уредите во однос на енергетската ефикасност. Постојат 7 класи на енергетска ефикасност од А (најдобра) до G класа (најлоша). Всушност енергетската ефикасност е сооднос на потрошената енергија и добиениот резултат (ефект).

EER претставува сооднос меѓу потрошената електрична енергија и добиениот ефект на ладење .

COP – однос помеѓу потрошената електрична енергија и добиениот ефект на греење. Што поголем EER/COP тоа значи дека се добива поголема енергија на ладење/греење за 1 KW потрошена електрична енергија.

Energetske klase


Проток на воздух – Протокот на воздух на клима уредот се изразува во m3. Може да биде означен како просечен – среден или минимален/максимален во зависност од брзината на вентилаторот.
Степен на бучава – е изразува во dB(A), и е назначена за надворешната и внатрешната единица пооделно.
Напојување – Ознаки за напојување – напон, фрекфенција и број на фази. Пример: 230V-50Hz-1 (или 3), во зависност дали уредот е монофазен или трофазен.
Димензии и тежина- Димензиите се изразуваат за надворешната и внатрешната единица и тоа: должина, ширина и висина во mm додека тежината се изразува во kg.
Работен медиум – ГАС – или Фреон: R410A, R407C, R32 како разладно средство – фреон во комерцијалната климатизација се користат еколошки гасови флуоро-јаглеводороди HFC кои не содржат хлор и не ја оштетуваат озонската обвивка, не се запалливи и не се отровни. Најчести гасови кај клима уредите се: R407C, R410A и R32. Фреоните се гасови кои се користат како разладни медиуми во техниката на ладење, а тие се органски хлорови деривати од метан и етан. Се користат од 1930 год. а тогаш најпознати биле R12 и R22. Својствата на фреонот поради кои што почнала неговата примена се незапалливост, не е отровен и е без мирис и вкус. Дотогаш најзастапени медиуми биле амоњакот и метил – хлорид кои се отровни. Со Монтреалскиот протокол тие работни гасови се забранети бидејќи е утврдено дека испуштањето на овие гасови во атмосферата резултира со оштетување на озонската обвивка и влијае на глобалното затоплување. До почетокот на 2006 год. кога стапува во сила уредбата за гасови кои го оштетуваат озонскиот слој можеа да се увезуваат и монтираат клима уреди кои користат хидро-флуоро-јаглеводороди HCFC (R22) за кои е докажано дека го оштетуваат озонскиот слој. При нестручна монтажа може да дојде до испуштање на фреонот во атмосферата што не е дозволено. Ова може да се спречи со стручна и професионална монтажа како и со редовно сервисирање и одржување на клима уредите како и со собирање и складирање на искористениот фреон. Во нашата земја за жал не постојат центри за одлагање и собирање на фреонот и постои одреден хаос при монтажата и одржувањето на овие уреди. Во земјите на Европската Унија се води многу голема грижа и има многу ригорозни мерки и санкции за непочитување на правилниците со кои се регулира оваа област.
Регулација на клима уредот – Ефектот на клима уредот може да се регулира on/off или инвертерски. Кај оn/off регулација компресорот или работи или не, во зависност од тоа дали е постигната зададената температура на клима уредот. Тоа предизвикува чести вклучувања и исклучувања на компресорот а со тоа се зголемува и потрошувачката не електрична енергија. Кај инвертерската регулација компресорот на клима уредот има фрекфенциска регулација на бројот на вртежи на моторот што овозможува регулација на добиениот ефект. Со ова се овозможува прецизна регулација на температурата во просторијата и саканата температура се постигнува многу побрзо така што заштедата на електрична енергија може да биде и до 30%.