ШТО СЕ ЈОНИЗАТОРИ НА ВОЗДУХ?

ŠTO JE IONIZATOR ZRAKA?

Зошто Јонизатор на воздухот?

Јонизаторите на воздухот создаваат негативни јони и ги неутрализираат негативните влијанија на магнетните и електричните зрачења кои настануваат со употребата на различни електрични уреди(ТВ компјутери, мобилни телефони, електрични инсталации, рутери и сл).
Јонизаторот истовремено го прочистува воздухот и го активира кислородот на тој начин го подобрува квалитетот на воздухот и престојот во такви простории го прави мошне удобен. Научно е докажано дека јонизацијата на воздухот ја намалува негативната енергија настаната како последица на стрес правејќи го просторот околку нас попријатен било да се работи во деловен или стамбен простор.

Важност на негативните јони

Одамна е познато влијанието на промената на јонизацијата на воздухот врз природата на човекот. Електрицитетот во воздухот најчесто се забележува при промена на времето. Брзиот пораст на позитивните јони делува мошне непријатно на луѓето, додека обратно зголемувањето на негативните јони дејствува релаксирачки и смирувачки. Загадениот воздух во поголемите градиви предисзвикува исто така зголемена концентрација на позитивни, а намалена концентрација на негативни.
 Во затворени канцеларии, работни места и модерни живеалишта(станови или куќи) негативни јони има уште помалку. Ова е поради тоа што тие најчесто се градени од армиран бетон при што се создава фарадеев кафез но исто така и поради употребата на се поголемиот број на елекрично-електронски уреди монитори, системи за обезбедување , камер и сл. Во ваквите простории концентрацијата на позитивни јони е значително поголема од онаа на негативните. Исто така доплнително се намалува нивната количина поради ниската релативна влажност на воздухот и сл.

 Разни мерење покажуваат слични резултати во различни индустриски подрачја. едно такво мерење го покажува количеството на негативни јони во 1 см3 воздух:
● на село: 800 – 1800
● по улица на голем град: 200 – 450
● во затворен простор на голема канцелариска зграда (бизнис центар): 30 – 50 
Сите овие непријатни состојби влијаат на човекот и се манифестираат со појава на бројни симптоми кои некои ги нарекуваат болести на цивилизацијата или пак симптоми на болни згради. Ќе напоменеме некои од нив:
● малаксаност (физичка и ментална)
● губење концентрација
● депресија и песимизам
● неуроза и зголемена осетливост
● мигрена и главоболка
● несоница
● потешкотии со дишење
● чувство на гушење – како да нема доволно кислород во воздухот
● хипертензија и срцеви потешкотии и сл.

Кај поосетливите луѓе на овие симптоми овие услови се речиси неиздржливи и значително ги намалуваат нивните раборни способности и предизвикуваат значително чувство на непријатност. Ова се објаснува со фактот дека кислородот продира преку алвеолите во нашите бели дробови благодарение на неговиот негативен набој. Во спротивно настанува чувство на гушење – ние дишеме но без никаков учинок. Ова најчесто се случува пред големи дождови или ветрови кога времето се осеќа дека е „тешко и спарно“. Сето тоа се должи на недостаток на негативни јони.

Истражувањата покажуваат дека еден негативен јон со својот електрицитет овозможува делотворно врзување од 10 до дури 80 молекули на кислород па затоа се смета дека негативните јони ги урамнотежуваат сите биолошко значајни процеси во човековиот организам , ја зголемуваат физичката подготвеност на мускулите како и хормоналната и интелектуалната активност.
Тука ќе наведеме едно занимливо набљудување на еден театар во Њу Јорк. Мерењата извршени пред изведбата на претставата во паузите и после претставата покажуваат зачудувачко зголемување на позитивните а намалување на негативните јони споредиени на почетокот кон крајот на претставата, додека едно забележително задоволство на публиката која излегува од театарот и освежувачки вдишува уличен воздух кој и покрај тоа што не содржи премногу негативни јони сепак е со повеќе негативни јони од оној во театарот.
 Последиците на смалување на негативните јони во просториите им се познати на сите оние кои присуствуваат на состаноци и семинари. Во почетокот сите се расположени, но постепено тонот расте , разговорите стануваат дури и агресивни иако температурата на воздухот не е воопшто зголемена. Тоа се симптоми на намалување на негативниоте јони во воздухот како и вдишување на чад од цигарите. Истиот феномен се појавува и во автомобилот со што може да се објасни тенденцијата на зголемена агресивност кај возачите. Јоните во природата постојано се создаваат, но исто так и брзо исчезнуваат, додека бројот им варира во зависност од метереолошките услови, влажноста на воздухот, космичките влијанија, сончевите зрачења. Негативните јони најчесто се создаваат како резултат на сончевото зрачење, радиоактивноста на земјата, дождот и прскање на водата, оган (свеќата е мошне јак јонизатор).  

Важност на негативните јони

Најновите истражувања (prof. J.G. Metadier) покажуваат дека хлорофилот во растенијата не создава неутрален кислород , туку атоми на кислород со вишок на еден или обично два електрони (O 2- или O 1-), кои се соединуваат во двоатомни молекули со два неспарени електрони. Таквите негативни јони на кислородот можеме да ги наречеме кислориони (на англиски – oxions). Треба да истакнеме дека игличките од бор создаваат повеќе кислориони (оксиони) за разлика од другите дрвја бидејќи заедно со хлорофилот во листот кој е во форма на иглица создаваат и негативни јони врз основа на „ефект на дифузор“ ( избивање на повеќе електрони на површините со помала закривеност). Од поодамна се знае дека воздухот во боровите шуми е лековит а сега знаеме и на што се должи неговата лековитост. Исто така и водопадите и прскањето на водата го јонизираат воздухот врз основа на т.н. “Леонардов ефект”.
   Негативните јони не се само неопходни за живот, туку тие им даваат живот и животна ефикасност на сите живи организми, било да се болни или здрави. Ги стимулираат сите функции што впрочем ги докажуваат и мерењата на:
● Физичката сила на мускулите (мерено на ергограф)
●интелектуална активност(мерена на енцефалограф)
● хормонална активност (мерана спрема лачењето на жлездите)
   Важно е да се напомене дека кога телесните функции се норамални тогаш негативните јони се неделотворни но сепак тие воопшто не се штетни во никој случај. Исто така вреди да се знае дека тие понекогаш делуваат во една или во друга насока. Пример ако крвниот притисок е висок тие го намалуваат, додека ако е низок тие го зголемуваат. Исто така негативните јони многу добро го прочистуваат и воздухот, а посебно во комбинација со ниска концентрација на озон. Имено негативните јони се врзуваат за загадувачите и алергените кои се позитивно наелектризирани. Новонастанатите честички како поголеми и потешки паѓаат на тлото и се отсрануваат од воздухот кој го дишеме и не претставуваат никаква опасност.
Поголемиот број од лебдечките загадувачи и алергени се позитивно наелектризирани. Во подрачја каде постои висока концентрација на негативни јони доаѓа до менување на нивниот електрицитет од позитивен во негативен и на тој начин тие стануваат безопасни.

Ова резултира до меѓусебно магнетно привлекување на спротивно наелектризираните загадувачи или алергени при што тие меѓусебно се спојуваат и се натрупуваат. Тогаш стануваат претешки за да лебдат во воздухот и паѓаат на површината и на тој начин не можат да доспеат во Вашиот респираторен систем. Дури и ако се вдишат во респираторниот систем пред да паднат на површината, тие се толку големи што ќе застанат на природните „филтри“ на горните дишни патишта. Се разбира, без постојано генерирање на негативни јони овие зголемени загадувачи можат повторно да се разложат и да се вратат во воздухот.
Некои истражувања сугерираат дека негативните јони имаат и биолошки ефект на бактериите и вирусите при што ги уништуваат при нивниот меѓусебен контакт во многу случаи.
Како најефикасен извор на негативни јони во денешните урбани средини препорачливо е ако не и неопходно да се користи јонизатор на воздухот. Имајќи предвид дека негативните јони се „мали“ а се многу значајни за живите организми тие се многу нестабилни и во загаден воздух исчезнуваат многу брзо (од неколку секундо до 1 минута) јонизаторите треба да бидат поставени во близина каде престојуваат луѓето: на работната маса преку ден, во спалните соби преку ноќ и во автомобилот за време на возење.
Накратко негативните јони ги уништуваат бактериите, ги витализираат клеточните станици, го зголемуваат капацитетот на кислород во крвта, го подобруваат метаболизмот, ја зголемуваат концентрацијата, го отстрануваат заморот, ја зголемуваат отпорноста против болести, исклучително добро дејствуваат против главоболка , несоница и голем број на останати тешкотии и тегоби.