Choose university helper

Почитувани идни студенти – академски граѓани. Доколку се уште не сте се одлучиле на кој факултет сакате да студирате верувам дека овој текст може да Ви помогне за да ја донесете вистинската одлука. Не е некоја филозозофија, ќе Ви ги презентирам сите факултети и кратко објаснување за наставните програми на тие факултети.

На тој начин Вие сами ќе можете да одлучите врз основа на Вашите предзнаења, навики, секако и економски можности за кој од наведените факултети да се определите. Исто така ќе Ви напоменам дека и покрај тоа што има голема улога и репутацијата и квалитот на самиот универзитет/факултет, самото студирањето на кој било факултет, па дури тоа да се и супер престижни факултети како Оксфорд или Кембриџ не значи и автоматско стекнување на некои супер знаења или некои супер способности кои веднаш ќе резултираат со наоѓање на работа од соништата или пак пронаоѓање на работно место кое автоматски ќе Ви овозможи висока плата и сл.

Студирањето во денешни услови се чини дека ја изгуби смислата која што ја имаше во минатото кога што речиси и немаше од каде да се научи тоа што се учеше на факултетите, и кога да се има академски статус во општеството и беше некоја сатисфакција за знаењето кое го поседува младиот човек. Во денешни услови кога се ни е само на еден клик преку нашиот компјутер или мобилен телефон, се чини дека основното прашање е дали всушност сакате да учите или се запишувате на факултет само заради некоја лична сатисфакција или пак желба на Вашите родители?

Значи основната цел на секоја едукација па и на академското односно универзитетското образование каде што студентите се полнолетни и веќе речиси се оформени како личности не е ниту добивање на некое ливче хартија – свидетелство или диплома, нути пак некојси статус кој што ќе го имате по успешно завршените студии и сл.

Основната цел на секое образование Стекнување на знаење.

Знаењето, како што напоменавме и погоре можеме да го добиеме и без да студираме ако сме доволно упорни, посветени и фокусирани кон определена област која нам најмногу не интересира и тоа може да претставува изговор за оние кои не сакаат да се запишуваат на факултети или други високообразовни институции, катедри и сл. И тие не се далеку од вистината дека и без да се студира ако се сака може да се научи во определена област дури и повеќе од оние кои студираат на таа област. Само кај таквиот пристап се јавуваат по мене мошне сложени и тешки предизвици а особено денес при ова интелектуално ниво на развој на младите :

Покрај горните постојат и голем број на други предизвици меѓутоа најважен од сите е социјалниот момент и запознавање на нови луѓе, видици и хоризонти, како и доколку студирате во друг град или држава практикување на самостоен живот од Вашите родители кое само за себе претставува факултет.

Исто така на високообразовните институции постојат огромен број на професори и асистенти кои имаат огромно знаење и пред се искуство кое не можете да го научите ниту од една книга или од интернет.

Значи да резимирам, запишувањето на факултет не треба да биди дека се мора и само дека некој сака Вие да се запишете и да завршите факултет, туку факултетот сам по себе претставува важна придобивка во Вашиот живот.

Секако посетувањето на високообразовна институција во комбинација со целосен фокус на материјалот кој што се учи, но и со користење на алатките на модерните технологии, интернетот и сл. , практикување на тимска работа како и практична примена на она што го имате научено е вистинскиот пат кон остварување на Вашите соништа.

И затоа од ова што досега е образложено, не очајувајте, изборот на факултетот во ниту еден момент не треба да Ви биде главната преокупација, особено и поради фактот што голем број не млади дури и немаат ниту финансиска можност да се запишат на оној факултет кој си замислуваат дека им е потребен во овој момент. Тоа е како да одите во кафич, никогаш не знаете каде ќе се помините најубо (по битолски), ако Ви е добро друштвото, секаде ќе Ви биде добро, и обратно. Секој факултет било тоа да е во Битола Скопје, Бугарија Словенија или било каде во светот има свои предности и недостатоци и ниту еден од нив нема автоматски да Ве направи ниту гение, ниту пак ќе ве „затупи“.

Меѓутоа сепак еве Ви основни насоки за тоа кои факултети постојат како што напишав и на почетокот (сепак глупо е да се запишувате на факултет на пример за електроника и комуникации ФЕИТ, а ниту да имате основни познавање од електроника и програмирање. Не дека тоа значи дека нема да успеете туку дека ќе треба да вложите многу поголеми напори и жртва отколку оние што имаат познавања во таа област. Тоа би значело дека ќе треба да почнувате се од почеток што пак во некои случаи може да биде и предност и предизвик.

Листа на факултети и краток опис што се учи (некои факултети нема да ги објаснувам пр. Музичка академија, Факултет за физичка култура, Медицински и сл.)

Универзитет С. Кирил и Методиј Скопје Факултети:

студии економски факултет:

Департман е-бизнис

Департман економија

Департман маркетинг

Департман менаџмент и претприемништво

Департман меѓународна трговија

Департман сметководство и ревизија

Департман финансии

Сите предмети

Еквиваленција на наставни планови

Насоки:

Производно инженерство

Моторни возила, транспорт и механизација

Термичко и енергетско инженерство

Хидраулично енергетско инженерство

Материјали, процеси и иновации

Индустриско инженерство и менаџмент

Енергетика и екологија

Мехатроника

Автоматизација и управувачки системи

Индустриски дизајн

насоки:

Технолошко-металуршки факултет

Дизајн и инженеринг на облека

Металургија, дизајн и менаџмент

Неорганско инженерство и заштита на животна средина

Полимерни материјали

Прехрамбена технологија

Дизајн и менаџмент на технолошки процеси

Инженерство на материјали и нанотехнологии

Инжинерство на мебел и дрво

Дизајн на мебел и ентериер

Насоки:

 Електроенергетика, автоматизација и обновливи извори на енергија (ЕАОИЕ)

 Електроенергетика и проектен менаџмент (ЕЕПМ)

 Електроенергетски системи (ЕЕС)

 Компјутерско системско инженерство, автоматика и роботика (КСИАР)

 Компјутерски технологии и инженерство (КТИ)

 Компјутерско хардверско инженерство и електроника (КХИЕ)

 Телекомуникации и информациско инженерство (ТКИИ)

Интернет, мрежи и безбедност

Компјутерска едукација

Компјутерски науки

Компјутерско инженерство

Примена на информациски технологии

Софтверско инженерство и информациски системи

Software engineering and information systems

шумарство

пејсажно дизајнирање

екоинжинеринг и екоменаџмент

Факултети на универзитетот Св. Климент Охридски Битола:

Листата на факултети може да ја видите тука