ТАБЕЛА НА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ

TABLICA ENERGETSKE UČINKOVITOSTI

Енергатска ефикасност – ERP директива

Кои енергетски класи постојат?

Од јануари 2013 година класата А на енергетска ефикасност се прошири за класите А+,А++ и А+++. Дополнително кон одредувањето на класата земено е во предвид и нивото на емисија на бучава (на внатрешната и надворешната единица).
Новата лепенка со податоци за енергетска ефикасност

Што означуваат новите показатели SEER и SCOP? Досега беа наведувани само вредностите EER (оценка на ефикасноста во режим на ладење) и COP (оценка на ефикасноста во режим на греење). Овие вредности се ориентираат само на една единствена мерна точка. Кај новите показатели сеSEER и SCOP дефинирани се повеќе мерни точки кои влијаат на класификацијата. „S” значи сезонски.  Мерни точки во подрачје на ладење: Мерните точки се предвидени на надворешна температура од 20 °C, 25 °C, 30 °C i 35 °C. За режим на ладење климатските податоци за Стразбур се земени како веродостојни за цела Европа. Со оглед на движењето на температурата мерните точки се различно пондерирани.  Мерни точки во подрачјето на греење: За режимот на греење не е изграден температурен профил кој ќе биде веродостоен и единствен за цела Европа. Направена е поделба на три климатски зони: северна, средишна и јужна Европа со различни профили на оптеретување. Мерните точки се предвидени единствено за надворешни температури од 12 °C, 7 °C, 2 °C i –7°C.   Зошто три климатски зони за оценка на ефикасноста во режим на греење? Климатските услови имаат големо влијание врз перформансите на клима уредот во режим на работа на топлинската пумпа. Заради тоа во Европската унија се класифицирани три зони:  

 Според горе наведеното еден клима уред може да биде во различна енергетска класа во однос на тоа каде се испорачува. На пример во северна Европа во режим на ладење може да биде во енергетска класа A+++, додека истиот клима уред во Јужна Европа може да биде во енергетска класа  A++ или обратно во режим на греење.