Типови на внатрешни единици

TIPOVI UNUTARNJIH JEDINICA

најпрактичен и најбаран тип на клима уреди според местото на поставување на внатрешната единица се ѕидните клима уреди. Овие се најповеќе користени уреди во сите области: куќи, станови, дуќани, локали, канцеларии и сл. Се карактеризираат со релативно едноставна монтажа и одржување.

Се монтираа најчесто во деловни простории, хотели банки и сл. Главна разлика е таа што кај овие клима уреди се врши рамномерно распространување на топлиот /ладниот воздух. Овие уреди можат да се вградуваат во ѕид или на таван. Тука воздухот не се испушта само од едно место (низ внатрешната единица) туку преку систем кој го опфаќа целиот простор. На овој начин се осигурува рамномерна дистрибуцаија на топлината во просториите.

Се употребува главно во деловни простории, хотели, конференциски хали, и други простории со спуштен таван каде што е потрбен поголем капацитет на греење/ладење. Во главно имаат 4- насочен издув кој овозможува рамномерно распределување на разладениот или загреаниот воздух.

Парапетни клима уреди можат да се монтираат на таван или пак на ѕид веднаш над подот. Се користат во поголеми простории каде што е потребен поголем испуст на загреан/изладен воздух.

Се вградуваат на подот или на ѕидот веднаш до подот. Се употребуваат во стамбени и деловни простории. Расположливи капацитети од 2,5 kW до 7KW. Спаѓаат во премиум класа на клима уреди.