Топлински пумпи
Што е топлинска пумпа?
Топлинските пумпи се уреди кои ја користат топлината која е содржана во воздухот а со цел да се загрее водата која се користи за греење или пак потрошна топла вода. Благодарение на високата енергетска ефикасност тие спаѓаат во обновливи извори на енергија и по правило имаат COP поголем од 4. Поедноставно – топлинската пумпа за секој киловат потрошена електрична енергија може да „произведе“ 4 киловати топлинска енергија. Интересно е тоа што топлинските пумпи можат да ја искористат топлината од воздухот и при температури по 0С, додека пак модерните и софистицирани топлински пумпи со инвертер технологија таа температуре се движи и до -30 С. Со ова се овозможено непречено функционирање на системот без разлика на локацијата на објектот и надворешната температура.
Топлинските пумпи се состојат од надворешна и внатрешна единица. На горната слика е прикажана топлинска пумпа Ecodan со вграден резервоар за топла вода со волумен од 200 л.
1kW = 4 kW! Како точно функционира топлинската пумпа?
Сите топлински пумпи кои можете да ги пронајдете за комерцијална употреба функционираат речиси на идентичен начин: ја извлекуваат топлината од околниот воздух па со помош на изменувач на топлина ја предаваат на водата која потоа циркулира во поединечните потрошувачи во системот(подно греење, радијатори, вентилоконвектори, бојлер за топла вода и сл. и на тој начин ја предаваат топлината на просторот. Системот се состои од надворешна единица која е визуелно иста со надворешната единица на клима уредите кои ги користиме за домашна употреба и чија задача е да ја превземе топлината од околниот воздух и да ја подигни на температура која е доволна за загревање на ентериерот. Таа топлина преку работниот медиум (гас) најчесто (R410a) се пренесува внатрешната единица преку изолирани бакарни цевки од каде што преку изменувачи на топлината се предава на водата. Загреаната вода потоа со помош на пумпа циркулира преку потрошувачите и на тој начин го загрева просторот. Енергетската ефикасност е исклучително голема а особено при надворешни температури на пр. од 7 С COP (Coefficient of Performance) може да изнесува и повеќе од 4,5, односно за секој киловат ел. енергија овај систем дава 4.5 киловати топлинска енергија. Се разбира со падот на надворешните температури под 0 С овој коефициент значително се намалува, што ќе рече дека и ефикасноста на системот се намалува додека истовремено се зголемува со порастот на надворешните температури. Се разбира топлинската пумпа слично како и класичните клима уреди може и да го лади просторот доколку се вградени такви тела (вентилоконвектори).
За кои простории е наменета топлинската пумпа? Топлинските пумпи првенствено се наменети, односно постигнуваат најголема енергетска ефикасност во (нови) објекти каде има висок степен на термоизолација и каде губењето на топлина од просторот е многу мал. При тоа се препорачува користење на инертни системи (подно, ѕидно, таванско) греење кое не бара високи температури при протокот на водата. Ниските температури на водата во системот автоматски значат дека оптеретувањето на надворешната единица е помало а исто така и потрошувачката на електрична енергија.
При проектирање на системот пожелно е користење на цевно греење (било во под ѕид или таван) колку што е тоа возможно, а се со цел да може да се загрее што е можно поголема површина преку тие мошне инертни потрошувачи кои функционираат проточна температура на водата од само 30 – тина степени.
Како да се избере идеална топлинска пумпа? Првиот чекор при проектирањето на Вашиот нов систем за климатизација е израбитка на пресметка за физиката на објектот за да знаете колкава е енергетската потреба на Вашиот објект. Во зависност од овие параметри се врши избор на капацитет(моќност) на топлинската пумпа која се движи од 3,5 до 24 kW, што значи дека една топлинска пумпа може да покрие објект од 40 до 400 м2 во зависност од јачината на системот која ќе ја избере инвеститорот.
Кога веќе имате пресметка за енергетските потреби за Вашиот објект може да се отпочне со изработка на проект за инсталација. Во оваа фаза многу е важно да се нагласи која ќе биде функционалноста на самиот систем т.е кои се приоритети(дали ќе се користи за греење на просторот , за потрошна топла вода, или пак и за двете,ладење и сл. Наша препорака е топлинската пумпа да се проектира на начин кој ќе ги задоволи сите енергетски потреби на објектот поради тоа што на тој начин се намалува висината инвестицијата и се зголемува конфорот при користењето. Кај овие топлински пумпи е можно со користење на автоматски програми кои ја оптимизираат потрошувачката и го зголемуваат конфорот. Исто така можно е да се поврзат со интернет врска, па така тие можат да се контролираат и управуваат од било кое место .
Колку тоа чини? За колку време е повратот на инвестицијата? Бидејќи станува збор за обновливи извори на енергија опрема која е високо софистицирана, реално е почетната инвестиција да биде нешто поголема отколку класичните ситеми на греење. Од друга страна на инвеститорите за овој тип на климатизација потребно им е само електрична енергија т.е не е потребно правење на оџаци и сл. Покрај тоа државата веќе има изградено некаква стратегија од намалување на огревното дрво за греење и речиси секоја година континуирано ги субвенционира инвестициите во топлински пумпи и клима уреди.
Со оглед на намалената потрошувачка на елентрична енергија, повратот на инвестицијата во систем на климатизација со топлинска пумпа во просек изнесува 7 години. Во случај на државна субвенција овој рок значително се скратува.
Најпознати производители на топлински пумпи: