УПАТСТВО ЗА РАБОТА СО КЛИМА УРЕДИТЕ
МЕРКИ НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ
- Мора да избегнувата директно изложување на млазот на ладен воздух на подолг временски период. Тоа може да доведе до здравствени проблеми.
- Не смеете да ставате прсти нити пак било какви предмети во надворешната и внатрешната единица. Тоа би можело да предизвика повреди бидејќи вентилеторите работат со големи брзини.
- Не го поврзувајте клима уредот на продолжен кабел на кој има приклучено и некој друг уред(потрошувач). Ваквата ситуација може да предизвика струјни удари, загревање па дури и пожар.
- Не го оштетувајте електричниот кабел на било кој начин. Поставување на тешки предмети на електричниот кабел, греење или тргање на кабелот можат да предизвикаат оштетувања. Во случај на оштетување на кабелот може да дојде до појава на пожар.
- Немојте да го вклучувате или исклучувате клима уредот директно со вклучување или исклучување на утикачот директно во штекер. Тоа многу негативно влијае врз работата на клима уредот.
- Проверете дали утикачот е валкан, влажан или неправилно уштекан во штекерот. Може да дојде до непријатности ако се пристутни вакви неправилности(искрење, греење и сл).
- Не ракувајте со утикачот, продолжниот кабел или штекерот со водени раце. Тоа исто така може да предизвика струјни удари.
- Не смеете да врзувате нити да ставате било какви предмети или алишта на внатрешната единица. Тоа би можело да предизвика истекување на фреонот.
- Не прскајте со запалливи спрејови, лакови, инсектициди и сл. во близина на внатрешната единица. Тоа може да предизвика пожар.
- Не изложувајте ги директно на млаз на ладен воздух апаратите кои служат за печење или готвење. Тоа би го успорило процесот на нивната работа .
- Не перете го клима уредот со вода за да избегнете опасност од струен удар.
- Класичните клима уреди се наменети за климатизација за стандардни простории. Немојте да го користите за климатизација на комори за храна, соби каде се чуваат уметнички дела за да избегнете несакани последици.
- Немојте да ставате никакви садови на внатрешната единица, на пример вазна со цвеќиња и сл. Доколку водата дојде до електрониката во клима уредот може да дојде до трајни оштетувања на клима уредот и струјни удари.
- Не е препорачливо да се поставуваат растенија директно пред клима уредот на патот на ладниот или топлиот воздух. Тоа може да биде неповолно врз растот и развојот на растенијата.
- Забрането е да се врши било каков притисок или поставање на било какви предмети врз надворешната единица со што би се зголемил притисокот врз држачите. Држачите за клима уредот се предвидени и димензионирани само за тежината од надворешната единица. Во случај климата да падне може да нанесе значителни повреди врз луѓето како и трајни оштетувања на самиот клима уред.
- Собната температура треба да се одржува на максимално 7 степени разлика во однос на надворешната (во лето).Поголеми отстапувања предизвикуваат поголема потрошувачка на енергија и можат да предизивикаат здравствени проблеми.
- Додека клима уредот е во функција надворешната врата и прозори мора да бидат затворени. Доколку клима уредот работи кога има прилив на топол/ладен воздух нејзиниот ефект значително се намалува а тоа доведува и до слабеење и дефекти на клима уредот.
- Доколку клима уредот е вклучен во исто време кога работи и некое друго грејно тело кое работи со помош на согорување, просторијата задолжително треба да се проветрува. Во спротивно може да дојде до недостаток на кислород.
- Пред чистење задолжително да се исклучи клима уредот и да се отстрани кабелот од напојувањето со ел. енергија(штекерот). Чистењето никогаш не треба да се извршува додека вентилаторите сеуште вртат.
- Кога клима уредот планираме да не го користеме подолг временски период пожелно е истиот да се исклучи од струјната мрежа или пак да се исклучи осигурачот во таблата за осигурувачи поради сигурносни причини.
ПРАВИЛНИ ПОСТАПКИ
- Наместете погодна собна температура. Отстапувања од максималната разлика од 7С помеѓу надворешната и внатрешната температура можат да предизвикаат здравствени тегоби и зголемена потрошувачка на електрична енергија.
- Чистете ги филтрите на внатрешната единица со млаз млака или ладна вода на секои 2 недели. Ако филтрите се запушени или многу валкани функционалноста на климата се намалува и доаѓа до зголемена потрошувачка на ел. енергија.
- Овозможете внатрешната единица да не биде директно изложена на сончевите зраци или провев.
- Наместете соодветен правец за дување на ладниот воздух. Можете да подесувате вертикално и хоризонтално а се со цел да овозможите што порамномерно распределување на воздухот во просторијата.
- Пуштајте го клима уредот само кога е потребно и пожелно. Користете тајмер и sleep функција за што е можно поекономична работа на клима уредот.
- Додека клима уредот е во фаза на ладење не е пожелно да се користат апарати кои се извори топлина (шпорети, греалици, варење на вода и сл.) На овој начин се намалува ефикасноста на клима уредот.
Чистење и одржување
Околу чистењето:
- Исклучете го клима уредот и извадете го електричниот кабел од електричната мрежа
- Немојте да користите вода. Користите мека сува крпа благо навлажнета.
- При површинско чистење немојте да користите: врела вода (40°C и повеќе). Таквата температура може да ја избледи и да ја деформира единицата. Алкохол, бензин, разредувач и сл. можат да ја оштетат и да ја деформираат единицата.
Чистење за време на сезона
- Чистење на филтерите:
- Употребете лесен притисок на обете страни од решетката на внатрешната единици за да дојдете до филтрите. Нежно извлечете го филтерот од неговото лежиште.
- Исперете го филтерот под млаз од млака вода (приближно 30°C)и потоа оставете го добро да се исуши.
- Вратете го филтерот на почетната позиција. Не е препорачливо климата да работи без филтер.
- Чистење на внатрешната единица
- – Пребришете ја единицата со сува крпа или исчистете ја со правосмукалка.
- – Ако единицата е многу извалкана пребришете ја со навлажнета крпа.
Чистење на крајот на сезоната:
- Ставете на ладење и температура од 30°C отприлика 4-6 часа. Со оваа постапка настанува сушење на внатрешната единица.
- Исклучете го клима уредот со далечинското па потоа и од струјната мрежа.
- Извадете ги и исчистете ги филтрите.
- Исчистете ја надворешната и внатрешната единица
- Извадете ги батериите од далечинскиот управувач.
Чистење на почетокот на сезоната:
- Уверете се дека пред внатрешната или надворешната единица нема било каква препрека која би го блокирала издувот на воздух.
- Проверете дали држачите се корозирани или зарѓани
- Уверете се дали системот е правилно заземјен
- Проверете дали филтерот на внатрешната единица е чист
- Вклучете го штекерот во струјата
- Ставете ги батериите во далечинскиот управувач.
Ракување со далечинскиот управувач
- За далечинскиот управувач користете батерии од ист тип, не мешајте нови со стари батерии
- Извадете ги батериите од даличинскот кога планирате системот да не го користите подолго време
- Наместето го часовникот
- Избегнувајте далечинскиот управувач да го оставате крај топли уреди
- Не изложувајте го далечинскиот управувач на директна сончева светлина
- Бидете внимателни и чувајте го далечинскиот од падови бидејќи може да дојде до кршење и оштетувања
- Не поставувајте пречки помеѓу внатрешната единица и далечинското
- Пазете да не се изводени или навлажни
- Не ставајте тешки предмети над далечинскиот управувач
Задолжително повикајте сервисер
- Кога често паѓа осигурачот
- Ако електричниот кабел многу грее
- Кога е оштетена изолацијата на електричниот кабел
- Кога системот не се вклучува лесно и нормално
- Кога се слуша невообичаена бучава во текот на работата на клима уредот
- Ако свети диодата за вклучен уред иако тој е исклучен
- Кога работната сијаличка брзо трепери а во тек не се никакви операции
КОРИСНИ СОВЕТИ
Употреба:
(Чести недоумици на нашите корисници)
- Избегнувајте да отворате врати и прозори на подолг период за време на работата на уредот.
- Не пуштајте директна сончева светлина за време на работата на уредот
- Доколку се слушаат недефинирани звуци од внатрешната единица (крцкање и сл) причина за тоа се температурните разлики на пластиката на внатрешната единица
- Доколку далечинското не ги менува модовите прецизно речиси секогаш во прашање е проблем на дотраени батерии.
Здравје:
Разликата помеѓу внатрешната и надворешната температура не би требало да биде поголема од 4-5 степени целзиусови.
Со редовно чистење (перење)на филтерот се спречува да настанат бактерии.
Многу е важно е редовно да се сервисира клима уредот.
Последните години значително е зголемен бројот на климатизирани простории со цел на луѓето да му се даде што подобра заштита од неповолните надворешни и внатрешни влијанија,така да на тој начин имаат угоден живот и работни услови. Денес по медиумите се почесто се пишува и зборува за штетните влијанија на клима уредите по здравјето на луѓето.Иако е клима уредот по една дефиниција уред наменет за луѓето да се чувствуваат пријатно во затворен простор,предупредувањата кои доаѓаат од медиумите кај голем број луѓе предизвикуваат страв и негативен став кон клима уредите.
Дали предупредувањата и стравот од клима уредите е оправдан? Страв од клима уреди и предупредувањата кои доаѓаат од медиумите и здравствените кругови за нивното штетно влијание по здравјето на луѓето, делимично се оправдани и треба да се сватат сериозно, но само ако се работи за клима уреди кои не се одржуваат редовно. Во климатизирани простории, освен за температурата, струењето и влажноста на воздухот, потребно е да се води грижа и за микробиолошкиот квалитет на воздухот кој го дишеме. Воздухот од клима уредите кои не се одржуваат редовно, често е со лош квалитет, а понекогаш и со непријатен мирис.