Видови на филтри за воздух во внатрешната единица
Филтри во клима уредите
Филтрите се составен дел на секој клима уред. Нивната улога е да го одржуваат квалитетот на воздухот, да го прочистуваат, да отстрануваат мириси, да јонизираат и редица други активност.
Клима уредите со филтри имаат можност да ги отстрануваат механичките честици од прашина, бактерии и апсорпција на мириси
Во текот на работата на клима уредите преку неа поминува огромна количина на воздух кој со себе носи исто така голема количина на честички. Најголем дел од тие честици останува во филтрите и за таа цел од огромно значење е редовното одржување/чистење на филтрите.
Како да се чисти филтерот
Како што напоменавме во текот на работата на клима уредот низ него поминува голема количина на воздух кој во себе содржи честици и микроорганизми (бактерии, паразити ..) кои можат да се сретнат во воздухот. Воздухот при поминувањето низ клима уредот поминува и низ определени филтри кои имаат различни функции од отстранување на механичките честици па се до обогатување на воздухот со аниони (јонизатори).
Оваа голема количина на воздух предизвикува таложење на нечистотиите во филтрите. За овозможување на правилна работа на клима уредот како и од здравствени причини потребно е редовно одржување на филтрите.
Разни видови на филтри се чистат на различни начини. Одредени филтри каде имаме наталожување на механички честици можно е да се чистат/перат повеќекратно, додека други филтри мора да се менуваат после одреден период на користење.
Пред секое чистење уредот задолжително исклучете го од струјата.
За правилно одржување и чистење на филтрите консултирајте се со стручњаците во сервис за клима уреди
Нашите клима уреди се опремени со повеќе различни типови на филтри за клима уреди.
Сребрен ION Филтер
- Овој филтер ги уништува бактериите или го ублажува нивното влијание бидејќи продира во јадрото на станиците на бактериите.
Активен јаглен
- Ги елиминира непријатните мириси, ги лепи ситните честички од прашина и ги спречува алергиите.
Био филтер
- Овој филтер се состои од биолошки ензими и еко филтри. Еко филтерот ги задржува многу малите честички на прашина, бактерии и микроорганизми кои се наоѓаат во воздухот, додека биолошкиот ензим ги елиминира бактериите и на тој начин го решаваа проблемот на загадување на воздухот. Био филтерот ги убива 95% од честичките од прашина, 99% честички прашина остануваат во него така што е мошне ефикасен начин на стерилизација.
Плазма филтер
- Воздухот со себе носи голема количина на прашина. Тој, поминувајќи низ електростатското поле на плазма филтерот остава повеќе од 95% прашина, чад и останати честици.
Витамин С филтер
- Овој филтер го исполнува просторот со витамин С кој ја омекнува кожата и го намалува стресот. Животниот век на овој филтер е приближно две години.
Јонизатор
- Водопадите, шумите и останатите места каде има голема количина на анјони овозможуваат чувство на свежина. Предности на јонизаторот во вашиот клима уред се тие што создаваат природен и освежувачки воздух во вашиот дом. Анјоните во воздухот го намалуваат стресот, помагаат во метаболизмот, ја зголемуваат циркулацијата, ја подобруваат работата на плуќата, и ги спречуваат болестите на плуќата како што е астмата.