what is orgone energy

Оргонот е универзална животна сила, основна компонента на сите органски и неоргански материи на планетата земја. Оргонот исто така е познат како ПРАНА, животна сила, КИ, ЧИ, МАНА, Универзална енергија и.т.н. Како прв научник кој го пронаоѓа се смета др. Вилхелм Рајх кој исто така разви и технологоја со помош на која може да се создаваат уреди кои овозможуваат непрекинат проток на движечка животна енергија.

          Оргонската  енергија т.н. LIFE FORCE ENERGY ги исполнува сите активни форми на живот. Оргонските пирамиди природно ја привлекуваат позитивната енергија од етерот со помош на која ја претвораат негативната оргонска енергија во позитивна.

How orgonite works | Orgonite pyramids, Orgonite, Orgone energy

            Оргонитот всушност претставува мешавина од смола во случајот епоксидна, која всушност претставува органски дел на оргонитот и метални струготини кои се неорганскиот дел. Збогатен е со различни видови на кристали претежно од кварц кои имаат силен пиезоелектричен ефект, кои го засилуваат неговото дејство. Оргонитот има способност да прима, трансформира и емитува етерична енергија. Овој микс на состојки функционира како самоуправувана, постојано функционална и високо ефикасна фабрика за трансформација на негативниот оргон (DOR) во позитивен (POR). Кога оргонитот е во опсег на штетна негативна оргонска енергија, која ја емитираат голем број на извори, тој ефикасно и непрекинато ја претвора во позитивна.

            Оргонитот ќе Ви помогне да се намали Вашата стресна околина било тоа да е дома, на работа или во училиште. Тие не само што се прекрасни тие се исто така моќна алатка која ќе Ви помогне, физички, ментално и спиритуално да го подобрите Вашиот живот и значително да ја намалите негативната енергија.

          Оргонот  исто така ги неутрализира штените и опасни влијанија од електромагнетните зрачења од сите електрични уреди. Овие уреди емитираат позитивни јони кои се наоѓаат во воздухот околу нас и тие се мошне штетни за нашето здравје и расположение.        Работата на оргонитот е да ги неутрализира овие позитивни јони и да ги трансформира во негативни. Негативните јони имаат смирувачко дејство, се врзуваат со вирусите и бактериите и ги неутрализираат. Како најголем природен генератор во природата се густи борови шуми, водопади, реки и сл. Сте се запрашале зошто кога сте на такви места се чувствувате смирени, стресот се намалува и Вашиот нервен систем е хармонизиран. Сето тоа се должи на огромната концентрација на негативни јони. Сличен ефект врз Вашето здравје има и оргонитот, се разбира со намалено дејство.

Што е EMF и како тоа влијае врз луѓето?

             EMF  е всушност кратенка од англискиот јазик и всушност означува електромагнето поле. Се што Бог создал си има свое сопствено електромагнетно поле и фрекфенција. Исто така и човекот кој е составен од најосновни клетки кои пак се состојат од атоми имаат исто така свое електромагнетно поле. Тоа е всушност мерлив тип на енергија и кај човекот всушност ова електромагнетно поле е всушност живот на нашите клеточни ќелии.

              Но како што во нашето тело има на пример добри и лоши маснотии, добри и лоши шеќери, исто така постојат е корисни и штетни елекромагнетни полиња за нашато тело.

Зошто некои електромагнетни полиња се опасни за нашато здравје?

            Бог го создал човековото тело со многу специфични електромагнетни фрекфенции. Здравите клетки ги имаат тие фрекфенции дадени од Бог. Нездравите односно болните клетки имаат слаби или променети (различни ) фрекфенции. Штом фрекфенцијата на голем број на клетки се менува тогаш настапува болест.

            Нашите клетки стануваат слаби односно променети од најразлични фактори но најчесто тоа се случува со преголема изложеност на штетните електромагнетни зрачења и фрекфенции кои се значително различни од нашите телесни фрекфенции

Ова може да се случи после одреден период на време кое зависи од степенот на изложеноста на вакви зрачења.

Штом нашите „здрави“ фрекфенции се променат тогаш настануваат здравствени проблеми кои понатаму поминуваат во потешки форми и најразлични болести. 

Здравствени проблеми асоцирани со изложеност на електромагнетно зрачење.

            Следната листа содржи боелсти или пак заболувања кои се директно или индиректно предизвикани од преголема изложеност на електромагнетни зрачења . Имајте предвид дека сите здравствени проблеми зависат на некој начин од степенот на зрачењето како и од видовите на електромагметни зрачења: електрични, магнетни, безжични, 4G, 5G, јонизирачки и сл. Сите тие го ослабнуваат имуниот систем, предизвикуваат стрес на човековото тело и ги оштетуваат здравите клетки.

И други.

            Со поставување на оргонитот во Вашиот дом ќе забележите необично влијание кој ќе го има на Вас  и на околината. Во прилог на тоа овие оргонски уреди се прекрасни и функционални. Лесно се користат се вклопуваат во секој животен стил, идеални се како за младите така и за повозрасните но иста така не е потребно некое упатство или искуство за тоа како да се користат. Единствено што треба да направите е да му обезбедите совршено место каде ќе го поставите и тој е подготвен да ја извршува својата функција – непрекинато да го оргонизира просторот да го исполнува со позитивна животна енергија.

            Секој оргонит вибрира на мошне високо ниво и значително ја зголемува аурата, штити од стрес, негативна енергија и од штетното електромагнетно зрачење. Го забрзува протокот на енергија низ нашите тела и делува како превентивна медицина.

Многу луѓе го поставуваат на места каде тие се релаксираат со цел да ја зголемат позитивната енергија на тие места. Оргонитот емитира постајано позитивна енергија и може да Ви помогне да се одморите после напорниот ден.

            Оргонитот може да се постави и под Вашиот кревет и така ќе Ви помогне доколку имате несоница и ќе Ви помогне да спиете подобро. Ставете го во Вашата ташна или чанте и понесете позитивна енергија и додека сте надвор од Вашиот дом или канцеларија.

Енергиите околу нас

            Се е енергија. Дури и материјата може да се смета како енергија. Впрочем и Анштајн тоа го докажал во неговата позната формула     E = mc2.  Секоја материја и енергија има своја бранова должина и фрекфенција асоцирана со неа. Едната е инверзна од другата.

Не е изненадувачки места и објекти да емитираат вакви фрекфенции многу долг период на време дури и по стотици години. Постојат голем број на вакви случаи со болници, гробишта и сл.

            Тука доаѓаат на сцена уредите за генерирање на позитивна енергија. После некое време од поставувањето на овие оргонски уреди на местата со негативна енергија, таа се апсорбира и се трансформира во позитивна енергија. На крајот тие области кои имале „лоши “ и негативни енергии и вибрации ќе се трансформираат во топли, пријатни и позитивни вибрации.

Оргонски Генератори – ОРГОНИТИ………..

·         Работат непрекинато

·         Ја претвораат негативната енергија во позитивна енергија.

·         Ја прочистуваат атмосферата.

·         Помагаат на растенијата да растат побрзо и ги уништуваат штетниците

·         Инспирираат пријатно однесување, како и балансирано и среќно расположение

·        Често ја лекуваат нессоницата како и хронични кошмари  

·         Го намалува штетното зрачење од мобилните телефони, смарт уреди, како и од предавателите на мобилните оператори.

·         Ви помага да се разудат и да се поттикнат Вашите вродени психички сетила.

.        Претсавува незаменлив уред при медитација

.        Ви помага да се спознаете самите себе си

.        Го слабее Вашето его и Ве поттикнува да бидете повнимателни и потолерантни

orgoneaccumulationweb.jpg