WIFI управување на клима уреди од оддалечена локација

WIFI UPRAVLJANJE KLIMA UREĐAJIMA SA UDALJENE LOKACIJE

Благодарение на вискоите технологии во денешно време ни се овозможени неверојатни благодети, а една од нив е и климатизацијата на просторот во кој живееме и работиме, како и управување со клима уредите од оддалечени локации.

Развојот на дигиталните технологии како и апликациите за мобилните телфони и останатите паметни уреди, а како резултат на Wi-Fi технологијата создаваат неперчени услови за управување на клима уредите од оддалечени локации.

Да се вратите дома од работа во стан кој е климатизиран а притоа трошоците за тоа да се занемарливи, бидејќи пред половина час пред да си дојдите дома сте го уклучиле Вашиот клима уред на одредена температура не е веќе научна фантастика туку реалност.

Технологијата ни овозможува комплетно и планско управање со клима уредите од оддалечена локација, и благодарение на тоа конфорот е подигнат на неверојатен степен, но исто така контролата од оддалечена локација ни дава дополнително чувство на сигурност и конечно ги намалува трошоците бидејќи во секој момент можеме да го провериме статусот на клима уредот (дали е вклучен или исклучен) да провериме во кој режим е и сл.

Зима загреан, а лето разладен стан децата кога си идат од училиште не е никаков проблем, разладен апартман додека ние со часови се возиме низ летните горештини исто така не е никаков проблем!

Со оваа технологија се овозможува и паметно трошење на електричната енергија бидејќи имаме комплетна контрола врз клима уредот без разлика на тоа каде се наоѓаме, но за тоа нешто покасно.

Да објасниме како воопшто функционира  Wi-Fi на клима уредите.

Клима уредите со Wi-Fi адаптер се нови технолошки додатоци кои ја контролираат климатизацијата во Вашито дом или канцеларија полесно од кога и да било досега , и сето тоа само со помош на апликација на вашиот смарфон или таблет.

Клима уредите кои имаат можност за WI-FI управување одо оддалечена локација можат да имаат  Wi-Fi ready или интегриран Wi-Fi.

Wi-Fi ready значи дека за тие клими може посебно да се купи и вгради WiFi адаптер пример како кај  Mitsubishi Electric Super Inverter Plus или Daikin Comfora.

Вградувањето на адаптерот е многу едноставно и тој се поврзува со кабел или пак е во облик на usb и потребно е само да се вклучи.

Клима уредите со интегриран WiFi адаптер има фабрички вградено коло за WI-FI управување од оддалечена локација а пример за такви уреди се Mitsubishi Electric Kirigamine Style Inverter или Daikin Stylish.

Илустрацијата на едноставен начин го објаснуваат принципот на работа на Wi Fi на вашиот клима уред

Зошто да изберете паметен клима уред?

Да претпоставиме дека е зима и дека е многу студено, а си одите дома или пак во викендица каде што моментално нема никој, па и самата помисла дека одите во ладна просторија е непријатна, или пак во лето си идите дома се варите на сонцето и си помислувате како би било добро дома да ве пречека климатизирана (оладена) просторија.

Во таквите но и во многу други случаи добро би дошла можноста за управување со Вашиот клима уред од оддалечена локација.

Image result for температура на клима уред преку њи фи

Приказ на Wi Fi апликација за паметни телефони за клима уреди Mitsubishi Electric

Погоре наведените клима уреди спаѓаат во најквалитетните / најдобри клима уреди на пазарот но исто така се и значително поскапи . Исклучително се тивки , имаат најдобра енергетска класа A+++ па според тоа тие се најекономични на пазарот. Освен тоа имаат вграден сензор за присутност со помош на кој доколку нема никого во просторијата автоматски се исклучува, или пак доколку ги заборавите да ги исклучите по напуштањето на станот, мобилната апликација може се да реши со еден клик и Вашата клима е исклучена.

За врвен комфор, врвен квалитет и управливост купувачите се сложуваат дека едни од најдобрите клима уреди за куќна употреба се  Fujitsu Nocria X Inverter чудо од клима како и  Mitsubishi Electric Kirigamine Style Inverter.

Сите наведени клима уреди значително штедат електрична енергија. Тоа се клима уреди кои спаѓаат во повисоките енергетски класи имаат ознаки A++ и А+++ и со самото тоа тие се всушност и дизајнирани да штедат енергија. Кога на тоа ќе се додаде управувањето од оддалечена локација и смарт опции кои овие клими ги поседуваат , корисниците се сложни во тоа дека заштедата на електрична енергија е 2-3 пати помала од останатите класични клима уреди без овие функции.

Како штедиме ако имаме клима уред со Wi-Fi ready или со веќе интегриран приклучок?

Како што веќе кажавме Wi-FI адаптерот овозможува да се управува со климата и ако не сме дома значи со апликација на Вашиот мобилен телефон ја вклучуваме само половине час пред доаѓањето дома. Тоа значи дека клима уредот не мора да работи цел ден за да ја климатизира просторија туку само кога ние сакаме. После половина час климата ја постигнува саканата температура и самате се исклучува. Ваквите клима уреди најчесто имаат опција да препознаат присутност во просторијата. Во случај да во просторијата не престојуваат луѓе уредот се префрлува во режим на штедење на енергија. Доколку пак луѓето се вратат во просторијата клима уредот продолжува со нормална работа.

Споредба на системските функции за WiFi -климатизери подготвени. MelCloud е дизајниран за климатизери Mitsubishi Electric , додека AirPatrol може да се инсталира на климатизерите Fujitsu i Toshiba. Клима-уредите Daikin i Hyundai имаат свој систем .

Уште една предност на управувањето преку апликација е таа што можете да контролирате повеќе уреди истовремено. Значи на една апликација поврзани се повеќе клима уреди. Истовремено можете да ги контролирате куќата и станот или викендичката или пак деловниот простор. Понатаму преку апликацијата можете да ја контролирате и брзината на вентилаторот.

Технологијата евалуира во наша корист и затоа треба да ја искористиме од секој аспект.

Значи WI-FI управувањето со клима уредите дефинитивно ја зголеми управливоста со клима уредите , ги промени навиките на луѓето и дефинитивно стануваат се позанимливи и покорисни.

И да се вратиме на почетокот на приказната… Кога тргнувате од работа кон дома вклучете ја Вашата клима во Вашиот стан или куќа. Додека патувате кон дома Вашата клима работи на тоа Вашиот живот да ви биде попријатен и поубав.