Замрзнување на клима уредот

Ги известуваме(советуваме) сите клиенти кои и во овој период при екстремно ниски надворешни температури користат клима уред за загревање на просториите да обратат посебно внимание да не дојде до смрзнување на нивниот клима уред.

No photo description available.

При користење на клима уредот во режим на греење доаѓа до кондензација на вода во надворешната единица а водата се одведува преку цревото за кондензација. Затоа мора да се преземат сите мерки водата непречено да се одведува од коритото на надворешната единицаКлима уредот може да замрзне од неколку причини и тоа:- одводното црево од надворешната единица е затнато/запушено или во најчест случај замрзнато,- Над клима уредот капи вода од погорните клима уреди или од капавиците или олуците а климата не работи, така да водата навлегува внатре во решетката и замрзнува-ја исклучувате за време на defrost циклусот кога таа во суштина нормално сама се одмрзнува а на тој начин само придонесувате таа уште повеќе да замрзне.- Доколку користите клима уред кој не е предвиден да работи на многу ниски температури.

Доколку дојде до замрзнување на клима уредот треба најнапред да се види која е причината поради која дошло до замрзнување. доколку е замрзнато одводното црево тоа треба внимателно да се откачи од лулето кое се наоѓа на долниот дел од надворешната единица и да се одмрзни со топла вода. Исто така треба да се провери да не е дојдено и до замрзнување на долниот дел од коритото на надворешната единица. Доколку е тоа случај тогаш треба да се одмрзни со фен или пак доколку е можно климата да се пушти да работи на ладење (во овој случај надворешната единица се загрева и доаѓа до топење на мразот). Но ова може да се изведе само доколку нема насобрано поголема количина на мраз.

Ако количината на нафатен мраз е толку голема да таа зафаќа на перката на вентилаторот на надворешната единица тогаш задолжително се исклучува климата од употреба поради тоа што може да дојде до кршење на перката и нејзино трајно оштетување, но исто така и дефект на електрониката. Во овој случај задолжително побарајте совет и стручна помош од овластен сервисер.

Исто така не е дозволено греење на надворешната единица со плински боци бренери и сл. поради што може да дојде до оштетувања на запалливи пластични и алуминиумски делови и кабли на греачот на надворешната единица.

Затоа, посветете му барем малку внимание на уредот кој неприкосновено Ве грее или лади во текот на целата година со минимални трошоци. Тој тоа го заслужува.